Атина-Нова година 2027
Listing Description
🏛️Атина – прослава под светлата на Акрополот и медитерански дух.
Новогодишните празници во Атина се совршена можност за кратко бегство, исполнето со култура, гастрономија, историја и незаборавни моменти. Започнете ја 2027 година со патување во еден од најубавите и највпечатливи градови во Европа.
Период: 30/12/2026 – 03/01/2027
1 ДЕН 30.12.2026 СКОПЈЕ-АТИНА
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 18:00 до 19:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето.Поаѓање кон Атина. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН 31.12.2026 АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Следува панорамски разглед на градот локален водич. За време на разгледот ќе се запознаете со најзначајните знаменитости на грчката престолнина, меѓу кои: Парламентот на Грција и плоштадот Синтагма, Гробот на незнајниот војник со Евзоните, Храмот на Олимпискиот Зевс, Националната библиотека, Универзитетот во Атина и Академијата на Атина, како и останатите значајни булевари и плоштади кои го претставуваат современиот и историскиот лик на градот. По завршувањето на панорамскиот разглед следува посета на Акропол – најзначајниот симбол на античка Грција и едно од најпознатите археолошки богатства во светот. Патниците кои нема да го посетат Акропол ќе имаат слободно време за индивидуална прошетка. По завршувањето на посетите следува сместување во хотел, односно после 15:00ч. Во вечерните часови можност за индивидуална прошетка низ празнично украсената Атина и дочек на Новата 2027 година на некој од централните плоштади или во некој од бројните ресторани и локали.Ноќевање.
3 ДЕН 01.01.2027 СУНИОН
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Сунион, едно од најживописните места во Грција. Патувањето се одвива покрај Атинската ривиера, минувајќи низ познатите крајбрежни населби и плажи. Посета на Храмот на Посејдон, величествен антички храм, изграден на карпест рид над Егејското Море. Од локалитетот се отвора спектакуларен панорамски поглед кон морето и околните острови, поради што Сунион претставува една од најпосетуваните знаменитости во областа Атика. По завршувањето на посетата, враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, прошетка низ старите квартови Плака и Монастираки, шопинг или уживање во локалната гастрономија по сопствен избор. Ноќевање.
4 ДЕН 02.01.2027 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ-СКОПЈЕ
Појадок и напуштање на хотелот. Следува факултативна посета на полуостровот Пелопонез. Коринтскиот Канал, едно од најзначајните инженерски достигнувања во Европа, кое ги поврзува Егејското и Јонското Море. Каналот е долг околу 6,3 километри, а неговите стрмни карпести ѕидови достигнуваат висина од речиси 80 метри. Кратка пауза за разгледување и фотографирање на овој импресивен спој на природата и инженерството. Разглед на археолошкиот локалитет, каде ќе имате можност да ги видите остатоците од античката Агора, Храмот на Аполон, римските градби, како и местата поврзани со престојот и проповедите на апостол Павле. По завршувањето на разгледот следува поаѓање кон Македонија. Патниците кои нема да учествуваат на факултативата ги напуштаат хотелските соби во истото време како и останатите патници и ќе бидат преземени од автобусот при враќањето од Пелопонез. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 03.01.2027.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со високо туристички автобус според програмата,
2 ноќевања во хотел со 3* со појадок,
Пратител и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса – 4 еур/лице (за двете ноќевања)
Задолжително патничко и здравствено осигурување – 6 еур/лице (може да се изготви и во агенцијата)
Индивидуални трошоци
– Факултативни излети
(Разглед на Атина со локален водич – задолжителен излет – 20 еур.)
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А ВИАЏО ТРАВЕЛ и СКТМ
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 149 | 2 € 149 | 3 € 149 | 4 € 149 |
|||
| 5 € 149 | 6 € 149 | 7 € 149 | 8 € 149 | 9 € 149 | 10 € 149 | 11 € 149 |
| 12 € 149 | 13 € 149 | 14 € 149 | 15 € 149 | 16 € 149 | 17 € 149 | 18 € 149 |
| 19 € 149 | 20 € 149 | 21 € 149 | 22 € 149 | 23 € 149 | 24 € 149 | 25 € 149 |
| 26 € 149 | 27 € 149 | 28 € 149 | 29 € 149 | 30 € 149 | 31 € 149 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 149 |
||||||
| 2 € 149 | 3 € 149 | 4 € 149 | 5 € 149 | 6 € 149 | 7 € 149 | 8 € 149 |
| 9 € 149 | 10 € 149 | 11 € 149 | 12 € 149 | 13 € 149 | 14 € 149 | 15 € 149 |
| 16 € 149 | 17 € 149 | 18 € 149 | 19 € 149 | 20 € 149 | 21 € 149 | 22 € 149 |
| 23 € 149 | 24 € 149 | 25 € 149 | 26 € 149 | 27 € 149 | 28 € 149 | 29 € 149 |
| 30 € 149 |
||||||



