КАВАЛА СО МАНАСТИР СВ ЛИДИЈА 2026
Listing Description
Еднодневна прошетка за Кавала
Термини:
11.07.2026
25.07.2026
02.08.2026
Кавала е град во североисточна Грција, на брегот на Егејското Море. Позната е по убавите плажи, стариот град со тврдината, аквадуктот од османлискиот период. Исто така е важна лука и туристичка дестинација со богата историја.
Цена: 1.400ден
Организиран автобуски превоз од: Виница,Кочани,Штип,Овче Поле,Велес,Неготино,Гевгелија.
Земаме патници и од Делчево и Каменица со доплата од 100 денари.
Тргнување во раните утрински часови. Патуваме преку граничен премин Богородица. Прво се упатуваме кон манастирот Св Лидија. Манастирот Света Лидија (Св. Лидија Филипска) се наоѓа во местото Филипои, близу до градот Кавала, и е еден од најзначајните христијански духовни центри во тој регион. Манастирот е изграден на местото каде, според преданието, апостол Павле ја крстил Света Лидија од Филипи, првата жена во Европа што примила христијанска вера (околу 49 година по Христа).
Затоа ова место се смета за „луљка на христијанството во Европа“.
Овде ќе имаат патници слободно време околу 1 час до 1ипол час. Потоа по разгледот на манастирот се упатуваме кон Кавала каде што патниците ќе имаат слободно индивидуално време за прошетка. Стариот град (Панагија) – со тесни улици, традиционални куќи и познатата тврдина на Кавала од каде има прекрасен поглед на морето. Слободно време за ручек и кафе покрај море и плажа. Во 17:00 локално време се враќаме за Македонија.
НАПОМЕНА:
За реализација на овој аранжман треба да има минимум 30 патника.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАШАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА Т.А ВИАЏО ТРАВЕЛ.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






