Кападокија 4 Ноќевања (29.04-03.05.2027) ВЕЛИГДЕН
Listing Description
КАПАДОКИЈА – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ Кападокија – Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија. Регионот во централна Турција е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa…
Програма на патување
1 ден (29.04) Скопје – Кападокија
Полетување од Скопје за Истанбул во 08.45 ч со лет ТК1004. Слетување во Истанбул во 11.20 ч. Патувањето продолжува со лет ТК2016 во 13.00 ч, слетување во Кајсери во 14.30 ч. Организиран превоз до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно попладне. Факултативно организирана вечера во национален ресторан. Ноќевање.
2 ден (30.04) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Северна тура) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз, ручек и влезници, времетраење на турата 09.00-17.00 часот. Откријте ги знаменитостите на Северна Кападокија преку целодневна тура со водич низ спектакуларните пејзажи, долини, карпести формации и историски локалитети во регионот.Разглед на: долината Деврент, Пашабаг (Долина на монасите), Аванос (посета на грнчарска работилница), Зелве музејот на отворено, тврдината Учисар. Уживајте во погледот на камените формации и несекојдневните пејзажи во долината Дервент и вилинските оџаци кај Зелве. Таму се најубавите остатоци од Византиската уметност, цркви исклесани во камен и фрески кои датираат од 10от век. Од највисоката карпа во Гореме, Учисар, ќе уживате во преубава панорама која се протега пред вас. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во национален ресторан. Ноќевање.
3 ден (01.05) Кападокија
Појадок. Факултативно организиран разглед (Зелена тура и посета на подземен град) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер, ручек и влезници, времетраење на турата 09.00-17.00 часот. Целодневно истражување на спектакуларните пејзажи и културните знаменитости на „Зелена Кападокија“. Турата нуди можност да се открие поинаква страна на регионот, комбинирајќи природни предели, историски локалитети и традиционалната култура на Кападокија. Разглед на: подземните градови Кајмакли или Деринкују, долината Ихлара, Белисирма, Селиме. Посета на најмистериозните подземни градови, и кањонот Ихлара. Посета на селото Белисирма, односно древната Перистреме каде што тече реката Мелендиз. Посета на Селима, позната по куќите кои се исклесани во камен и кои се наоѓаат на ивиците од самиот кањон, пејзаж како од Војна на ѕвездите. Враќање во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден (02.05) Кападокија
Факултативно организиран лет со балон во раните утрински часови. Поаѓање околу 4 часот на едно од најпрепознатливите доживувања во Кападокија: лет со балон над уникатните долини и карпестите формации познати како „самовилски оџаци“.Волшебно, незаборавно доживување. Враќање во хотел. Појадок. Факултативно организирано сафари со вклучен ручек. Уживајте во сафари-авантура низ извонредните пејзажи на Кападокија. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден (03.05) Кападокија
Појадок. Во 11.00 ч организиран превоз до аеродром во Кајсери. Полетување со ТК 2017 во 15.15 ч, слетување во Истанбул во 16.55 ч. Патувањето продолжува со ТК1005 во 18.50 ч од Истанбул, слетување во Скопје во 19.20 ч по локално време.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 689 ЕВРА (42.720 МКД)
Во цената се вклучени следниве услуги:
· Повратен авионски билет со Туркиш Ерлајнс од Скопје до Кајсери
· Вклучен 20 кг чекиран плус 8 кг рачен багаж · Аеродромски такси
· Организиран повратен трансфер (аеродром – хотел – аеродром)
· Придружник од агенцијата во текот на патувањето
· Сместување во Sakli Konak Cappadokia Hotel, www.saklikonakhotel.com 4 ноќевања, услуга ноќевање со појадок
Во цената не се вклучени следниве услуги:
· Факултативни екскурзии во Кападокија и летање со балон
· Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци во Кападокија
· Бакшиш за водич
· Патничко и здравствено осигурување
· Дополнителни трошоци во хотел
Цени за факултативни екскурзии
· Северна тура – од 70 €
· Зелена тура – од 85 €
· Летање со балон (цената зависи од локацијата и е променлива, информативно од 250 € па нагоре)
· Вечера во национален ресторан со вклучен трансфер – 50 €
· Сафари – 40 € по лице (едно возило за 4 лица)
Важна напомена:
· Цените се по лице, за сместување во двокреветна соба
· Цени за сместување во еднокреветна или трокреветна соба, или цена за деца е достапна на барање.
· Разгледите во Кападокија зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
· Плаќање исклучиво во денари по курс 1 € – 62 ден.
· При резервација се плаќаат мин. 30% од износот, а остатокот најкасно 15 дена пред патување.
· За реализација на патувањето и факултативите потребни се мин. 20 патника.
· Агенцијата има право да го откаже патувањето до 7 дена пред поаѓање.
· Важат општите услови на Фибула за продажба и специјални услови за групни аранжмани.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 689 | 2 € 689 | 3 € 689 | 4 € 689 |
|||
| 5 € 689 | 6 € 689 | 7 € 689 | 8 € 689 | 9 € 689 | 10 € 689 | 11 € 689 |
| 12 € 689 | 13 € 689 | 14 € 689 | 15 € 689 | 16 € 689 | 17 € 689 | 18 € 689 |
| 19 € 689 | 20 € 689 | 21 € 689 | 22 € 689 | 23 € 689 | 24 € 689 | 25 € 689 |
| 26 € 689 | 27 € 689 | 28 € 689 | 29 € 689 | 30 € 689 | 31 € 689 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 689 |
||||||
| 2 € 689 | 3 € 689 | 4 € 689 | 5 € 689 | 6 € 689 | 7 € 689 | 8 € 689 |
| 9 € 689 | 10 € 689 | 11 € 689 | 12 € 689 | 13 € 689 | 14 € 689 | 15 € 689 |
| 16 € 689 | 17 € 689 | 18 € 689 | 19 € 689 | 20 € 689 | 21 € 689 | 22 € 689 |
| 23 € 689 | 24 € 689 | 25 € 689 | 26 € 689 | 27 € 689 | 28 € 689 | 29 € 689 |
| 30 € 689 |
||||||



