Reset Password

НОВО
Your search results

Краков WAWEL – ВЕЛИЧКА- ВАРШАВА – Шиндлеровата фабрика 3НП

Со автобус, Хотел
| 0 Bedrooms|

Listing Description

Во јужниот дел на прекрасната Полска, на реката Вистула е сместена престолнината на музеите и величенствената архитектура која со секој поглед како да станува сè поубава и поубава…

04.12.2026 СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

05.12.2026 КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед на градот со автобус и пешачки дел. Разглед на Еврејскиот дел Казимерц…Стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Дворецот Wawel, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица, Сместување во хотел. Ноќевање.

06.12.2026 КРАКОВ – WAWEL – ВЕЛИЧКА

Појадок. По појадокот одиме на посета на Готскиот Дворец Вавел, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, и се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Потоа, факултативна посета на рудникот за сол Величка (најстар рудник во Европа) импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сол како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 135 метри под нивото на земјата.Враќање во Краков. Слободно време за посерта на Божиќен пазар… За време на Божиќните празници, Краков блеска во својот најубав сјај… Историскиот центар, калдрмисаните улици и величествените градби се украсени со илјадници светилки, новогодишни елки и празнични украси, создавајќи незаборавна атмосфера.

Во срцето на градот, на Главниот плоштад (Rynek Główny), се одржува еден од најубавите Божиќни маркети во Европа. Дрвените куќички нудат рачно изработени сувенири, традиционални полски украси, мирисни колачи, топло греено вино и познатите полски специјалитети. Празничната музика, уличните настапи и светлосните декорации го прават секој момент исполнет со вистинска божиќна магија.

Прошетајте покрај величествената Базилика Света Марија, посетете ја историската Сукенице (Cloth Hall) и уживајте во романтичната атмосфера на еден од најубавите средновековни градови во Европа.

Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.

07.12.2026 КРАКОВ –– ВАРШАВА

Појадок. Предлагаме целодневна посета на Варшава  – град каде историјатаи модерниот живот се спојуваатво едно.

Главниот град на Полска, е град со богата историја, величествена архитектура и динамичен современ дух. Иако речиси целосно разрушена за време на Втората светска војна, денес е обновена со неверојатна прецизност и гордо го носи статусот на еден од најубавите европски градови.При разгледот ќе прошетате низ шармантниот Стар град, кој е под заштита на УНЕСКО, ќе го видите Кралскиот замок, живописниот Плоштад на замокот, статуата на Сирената – симболот на Варшава, како и прекрасниот Пазарен плоштад со неговите колоритни фасади и бројни кафулиња.Панорамскиот разглед продолжува покрај модерните булевари, Палатата на културата и науката, елегантните паркови и значајните споменици кои ја раскажуваат богатата историја на градот. Варшава ќе ве воодушеви со својот спој на традиција, култура и современ урбан живот.

Град кој успеал повторно да се издигне, денес нуди незаборавно искуство, прекрасни глетки и автентична атмосфера што секој патник треба да ја доживее.Слободно попладне за индивидуални прошетки, шопинг и посета на Божичен пазар. Историскиот Стар град, украсен со илјадници светилки, новогодишни елки и празнични декорации, создава топла и незаборавна божиќна атмосфера.

На Божиќните маркети ќе уживате во шарени дрвени куќички исполнети со рачно изработени подароци, традиционални полски сувенири, мирис на печени колачиња, цимет, топло греено вино и познатите полски специјалитети. Празничната музика, уличните настапи и светлосните украси го прават секој чекор низ Варшава вистинско празнично доживување.

Прошетајте низ живописниот Стар град, плоштадот околу Кралскиот замок и прекрасните украсени улици, каде секој агол изгледа како разгледница. Вечерните часови се особено магични, кога целиот град блеска во празничен сјај.

Враќање во Краков. Ноќевање.

08.12.2026 КРАКОВ –– Шиндлеровата фабрика

Плоштадот Bohaterów Getta, Плоштадот Zgody место каде 1941 бил претворен во Краков Гето…место каде се заробети Евреите и пратени во Логори. Денес на тоа место се пставени 70 метални столици во знам на сеќавање на настраданите…Посета на Шиндлеротавата фабрика (факултативно)..Во музејот е претставен  животот на евреите во Краков, пред и за време на војната, може да се види зидот на Краковско Гето, продавници, фризерски салони, фотографии, трамвајот со ознака “Забрането за Евреи”, Шиндлеровата канцеларија со стаклена коцка во која се наѓаат садовите, списокот на спасените евреи и уште многу од тоа…По посета на Шиндлеровата Фабрика заминуваме за Македонија…

09.12.2026 КРАКОВОчекувано пристигнување во Македонија на паркингот сптоти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Август: 239 € (14.820  ден.)

Редовна цена на аранжманот:259€(16.060 ден.)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО

  1. Превоз со модерен туристички автобус
  2. Сместување во Хотел во Краков на база 3 ноќевања со појадок
  3. Организиран разглед на Краков
  4. Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување 250 ден.
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден
  • Факултативна посета на рудникот за сол Величка 45€
  • Факултативна посета на Готскиот дворец Вавел 20€
  • Посета на Шиндлеровата Фабрика 40€
  • Целодневна посета на Варшава – 60€
  • Вечера во национален ресторан – 50€

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 210€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ВИАЏО ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
Price Info
Price per night: € 239
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 47833
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 239
2
€ 239
3
€ 239
4
€ 239
5
€ 239
6
€ 239
7
€ 239
8
€ 239
9
€ 239
10
€ 239
11
€ 239
12
€ 239
13
€ 239
14
€ 239
15
€ 239
16
€ 239
17
€ 239
18
€ 239
19
€ 239
20
€ 239
21
€ 239
22
€ 239
23
€ 239
24
€ 239
25
€ 239
26
€ 239
27
€ 239
28
€ 239
29
€ 239
30
€ 239
31
€ 239
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 239
2
€ 239
3
€ 239
4
€ 239
5
€ 239
6
€ 239
7
€ 239
8
€ 239
9
€ 239
10
€ 239
11
€ 239
12
€ 239
13
€ 239
14
€ 239
15
€ 239
16
€ 239
17
€ 239
18
€ 239
19
€ 239
20
€ 239
21
€ 239
22
€ 239
23
€ 239
24
€ 239
25
€ 239
26
€ 239
27
€ 239
28
€ 239
29
€ 239
30
€ 239
 
past
today
booked
€ 239 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 239 per night