Нова Година во Белград 2027
Listing Description
Дочекајте ја Новата година во Белград – градот кој никогаш не спие и кој нуди совршена комбинација од празнична магија, богата историја, одлична гастрономија и незаборавен ноќен живот!
Прошетајте низ украсените улици и плоштади, почувствувајте ја празничната атмосфера на Кнез Михаилова, уживајте во шармот на Калемегдан и откријте го модерниот изглед на Белград на вода. Градот покрај реките Сава и Дунав ве очекува со светилки, музика, насмевки и вистинска новогодишна еуфорија. Белград е идеална дестинација за сите што сакаат да ја започнат Новата година со добро расположение, дружење, вкусна храна и незаборавни моменти.
Дозволете си новогодишна авантура исполнета со радост, забава и убави спомени!
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово
30.12.2026 (Среда)
Состанок со групата во договорено време ,тргнување од Прилеп на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
31.12.2026 (Четврток)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.(Напомена: Превоз од хотелот не е организиран. Хотелот се наоѓа на 3 автобуски станици од центарот. Градскиот превоз е бесплатен за сите.) Ноќевање.
01.01.2027 (Петок)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.
02.01.2027 (Сабота)
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме трговскиот центар Ушче. Слободно време за шопинг и ручек. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 159 ЕВРА (9.860 МКД)
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 ЕВРА (10.480 МКД)
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 159 | 2 € 159 | 3 € 159 | 4 € 159 |
|||
| 5 € 159 | 6 € 159 | 7 € 159 | 8 € 159 | 9 € 159 | 10 € 159 | 11 € 159 |
| 12 € 159 | 13 € 159 | 14 € 159 | 15 € 159 | 16 € 159 | 17 € 159 | 18 € 159 |
| 19 € 159 | 20 € 159 | 21 € 159 | 22 € 159 | 23 € 159 | 24 € 159 | 25 € 159 |
| 26 € 159 | 27 € 159 | 28 € 159 | 29 € 159 | 30 € 159 | 31 € 159 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 159 |
||||||
| 2 € 159 | 3 € 159 | 4 € 159 | 5 € 159 | 6 € 159 | 7 € 159 | 8 € 159 |
| 9 € 159 | 10 € 159 | 11 € 159 | 12 € 159 | 13 € 159 | 14 € 159 | 15 € 159 |
| 16 € 159 | 17 € 159 | 18 € 159 | 19 € 159 | 20 € 159 | 21 € 159 | 22 € 159 |
| 23 € 159 | 24 € 159 | 25 € 159 | 26 € 159 | 27 € 159 | 28 € 159 | 29 € 159 |
| 30 € 159 |
||||||



