Reset Password

Your search results

Нова Година во Истанбул 2027 (3ноќи)

Нова Година - Автобус, Со автобус, Хотел
Турција
| 0 Bedrooms|

Listing Description

Новата година е уште поубава кога се доживува со нас! ✨

Нашата туристичка агенција ви подготвува незаборавни новогодишни патувања во магичниот Истанбул – градот на Босфорот, богатата историја, ориенталниот шарм и неповторливата атмосфера.

За да ви овозможиме пријатно и безгрижно патување, организираме дочек на Новата година со внимателно подготвени програми, удобен превоз и можност да го доживеете Истанбул на најубав начин.

Патувајте со нас секое патување е нова приказна !

Задолжителна уплата од 15 евра депозит за Новогодишната прослава.

ПРВ ДЕН 30.12.2026 (среда)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.

ВТОР ДЕН 31.12.2026 (четврток)

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување (околу 10ч.)патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.

Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II.

Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во  оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.Во договорено време, се враќаме во хотел. Слободно време за одмор и  подготвување за Новогодишната прослава.

ТРЕТ ДЕН 01.01.2027 (петок)

Појадок. Слообдно време. Во 12 часот започнваме со факултативи.

Крстарење по Босфор
Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.

Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01.2026 (сабота)

Појадок. Слообдно време. Во 12 часот започнваме со факултативи.

Палатата Јилдиз

Палатата се наоѓа во населбата Бешикташ,на европската страна од Истанбул,во комплекс опкружен со зеленила,градини и историски павилјони.Оваа палата почнала да се развива за времето на султанот Селим III,но најмногу се проширила за време на султанот Абдулхамид II,тој ја користел Јилдиз како главна резиденција и од неа ја водел државата 33г.Палатата не било само место на живеење на султанот тука и голем комплекс со административни згради,приватни простории,работилници,библиотека,театар и прекрасни  градини.Интересно е што Јилдиз бил последниот голем палатски комплекс изграден од Отоманската Империја

Ортаќој (околу 16ч.)Претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.

ПЕТТИ ДЕН 03.01.2026 (недела)

По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.По шопингот, поаѓање кон Македонија.Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра (10.480 мкд)

Што е вклучено во цената

  • Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница „Коска“
  • Шопинг во 212 центарот
  • Туристичка такса

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци

Хотел 3*

Хотелите се со 3* и се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, во стариот дел на Истанбул односно на 20тина минути пеш од Капали Чаршија. Сместувањето е со вклучен појадок. Хотелските соби се сингл,двокреветни и трокреветни.

Хотелите ги објавуваме најдоцна на два дена пред поаѓање.

Факултативни излети

Палатата Јилдиз и Ортаќој – Цена за пакет: 30 евра

  •  Yıldız Sarayı -Палатата Јилдиз Едно од најубавите историски места во Истанбул, опкружено со прекрасни градини и зеленило.
    Во комплексот може да се видат раскошни палати, павилјони и простории украсени со впечатлива архитектура и детали од времето на Османлиската империја. Место каде што на секој чекор се чувствуваат историјата, традицијата и раскошот на едно минато време.
    Прекрасно место за прошетка, фотографии и уживање во магичната атмосфера на Истанбул.
  • Ортаќој
    Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
    Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад  –  Цена за пакет: 50 евра

Дочек на Нова Година на брод на Босфор  – Цена за пакет: 100 евра

  • Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
  • Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
  • Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
  • Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
  • Организирани и резервирани конопои за секој гостин
  • Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
  • Вклучена храна за време на забавата
  • Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
  • Професионално фотогафирање
    + Можност за купување на пијалоци по најниска цена

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ

При самата резервација, задолжително изјаснување на патникот за присуство на новогодишна забава.

Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.

Price Info
Price per night: € 169
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property ID: 49638
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 169
2
€ 169
3
€ 169
4
€ 169
5
€ 169
6
€ 169
7
€ 169
8
€ 169
9
€ 169
10
€ 169
11
€ 169
12
€ 169
13
€ 169
14
€ 169
15
€ 169
16
€ 169
17
€ 169
18
€ 169
19
€ 169
20
€ 169
21
€ 169
22
€ 169
23
€ 169
24
€ 169
25
€ 169
26
€ 169
27
€ 169
28
€ 169
29
€ 169
30
€ 169
31
€ 169
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 169
2
€ 169
3
€ 169
4
€ 169
5
€ 169
6
€ 169
7
€ 169
8
€ 169
9
€ 169
10
€ 169
11
€ 169
12
€ 169
13
€ 169
14
€ 169
15
€ 169
16
€ 169
17
€ 169
18
€ 169
19
€ 169
20
€ 169
21
€ 169
22
€ 169
23
€ 169
24
€ 169
25
€ 169
26
€ 169
27
€ 169
28
€ 169
29
€ 169
30
€ 169
 
past
today
booked
€ 169 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 169 per night