Св.Климент Охридски и Божиќен маркет Атина-Егина-Пелопонез (04.12-08.12.2026)
Listing Description
***Св.Климент Охридски ***
(Атина-Егина-Пелопонез-Сунион)
04-08 Декември 2026
Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!
Програма на патувањето:
04.12.2026 (Петок) Македонија-Атина Состанок на групата на Спортска сала Битола во 20,30 часот.Поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
05.12.2026 (Сабота) Атина разглед-Акроплис-Плака Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет… Посета на Акропол -Пропилеј, Партенон, Ерџтејон ( доплата за влезница 30 Еур). Заминување и сместување во хотел во Глифада – најелитната населба во Атина. Mожност за прошетка низ центарот на Глифада или органзирана посета на атинскиот Божиќен маркет Christmas factory https://www.thechristmasfactory.gr/en . Ноќевање1.
06.12.2026 (Недела) Атина-Коринт-Пелопонез Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида (факултативно 50 Еур): Коринтски канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус – најакустичниот антички амфитеатар (влезница гратис), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена -древниот град на митскиот крал Агамемнон (влезница гратис). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во хотелот. Слободна вечер. Ноќевање 2
07.12.2026 (Понеделник) Глифада-Пиреја-Егина Појадок.Слободен ден за прошетка и уживање во прекрасната Глифада или во Атина. Можност за факултативна еднодневна екскурзија на островот Егина (50 Еур). Овој остров е дел од Саронските острови и се наоѓа на околу 30 километри од Атина. Егина е дом на антички урнатини (вклучувајќи го и познатиот храм Афаја), неверојатни плажи, шармантни селца и пристаништа. Плус, во минатото градот Егина кратко бил престолнина на Грција. Ќе ја посетиме црквата посветена на Свети Нектариј Егински, подигната од старец Нектариј Виталис со помош на верното население, и каде што старецот за време на својот земен живот служел и живеел. Потоа одиме да се поклониме на гробот на скороупокоениот старец Нектариј Виталис. После посетата на Камариза тргнување кон пристаништето во Пиреја. Панорамски разглед на Пиреја. Враќање во Глифада. Слободна вечер со можност за индивудални активности. Ноќевање 3.
08.12.2026 (Вторник) Атина-Сунион- Македонија Појадок.Слободно претпладне со мoжност за факултативна прошетка (30 еур) и уживање во прекрасната Глифада или Атина, како и можност за екскурзија покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулјамени и р’тот Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон со можност за влез на локалитетот (8 Еур). Враќање во Глифада. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови. Организирани трансфери до градови.
Цена на аранжманот: 179 Eур/11.098,00 МКД
ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30/10/2026: 168 Еур/10.416 МКД
Деца: 2-12 години со двајца возрасни 129 Еур/ 7,998,00 Еднокреветна соба 229 Еур.
Во цената се вклучени следниве услуги:
-Превоз со високотуристички автобус
-3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Глифада
-Организиран разглед на Атина и Акропол (влезница 30 еур) со локален водич
-Организација и водство на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
-Факултативен излет Пиреа-Егина-Св.Нектариј Егински (бус+брод+водич 50 Еур)
-Екскурзија на Арголида – Пелопонез (50 Еур + бесплатни влезници Микена и Епидаурус)
– Екскурзија Сунион и Аполоновиот храм (30 Еур )
– ПАКЕТ 3 факултативи 110 еур
-Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
-Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол (12 еур); Микена (6 Еур); Епидаурус (6 Еур) Посојдоновиот храм (6 Еур)
-Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ВИАЏО ТРАВЕЛ.
Доживејте ја Божиќната фабрика
Божиќната фабрика го трансформира историскиот индустриски комплекс Технополис во Атина во Гази во најголемата и најволшебна празнична дестинација во градот. Прославувајќи повеќе од една деценија празнична магија, оваа пространа божиќна земја на чудата секоја година добредојдува стотици илјади посетители за да доживеат целосен „град во град“ инспириран од самата Атина. Местото располага со над 50 продавници кои нудат играчки, рачно изработени подароци, традиционални декорации и грчки слатки, заедно со 10 бесплатни интерактивни работилници, вклучувајќи сликање на лице, кино, правење колачи, градинарски активности, пишување писма до Дедо Мраз, музички и движечки игри, сликање и сесии за раскажување приказни. Забавата достигнува нови височини со 20-метарско панорамско тркало кое нуди панорамски поглед на осветлената Атина, класична вртелешка, лизгалиште на мраз и театарски претстави на омилени божиќни приказни. Атмосферата на Божиќниот забавен парк се протега низ целиот комплекс Технополис, со десетици џуџиња кои создаваат магични моменти, додека тезгите со храна ги задоволуваат сите желби со бургери, хот-догови, сувлаки, пица, вафли, чоколади, бонбони и традиционални грчки закуски. Специјалните церемонии на отворање вклучуваат концерти во живо со големи грчки уметници, прослави со палење елки и огномет. Без разлика дали купувате уникатни занаетчиски подароци, уживате во театарски претстави или едноставно уживате во празничната атмосфера со семејството, „Божиќната фабрика“ нуди незаборавно искуство во грчкиот Божиќ. Пристигнете рано за време на викендите за да избегнете гужви и да го максимизирате времето за истражување на сите работилници и атракции.
Чудата на Светителот Св.Нектариј Егински!
Духовен живот и спaсение – инспиративни патувања!
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 179 | 2 € 179 | 3 € 179 | 4 € 179 |
|||
| 5 € 179 | 6 € 179 | 7 € 179 | 8 € 179 | 9 € 179 | 10 € 179 | 11 € 179 |
| 12 € 179 | 13 € 179 | 14 € 179 | 15 € 179 | 16 € 179 | 17 € 179 | 18 € 179 |
| 19 € 179 | 20 € 179 | 21 € 179 | 22 € 179 | 23 € 179 | 24 € 179 | 25 € 179 |
| 26 € 179 | 27 € 179 | 28 € 179 | 29 € 179 | 30 € 179 | 31 € 179 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 179 |
||||||
| 2 € 179 | 3 € 179 | 4 € 179 | 5 € 179 | 6 € 179 | 7 € 179 | 8 € 179 |
| 9 € 179 | 10 € 179 | 11 € 179 | 12 € 179 | 13 € 179 | 14 € 179 | 15 € 179 |
| 16 € 179 | 17 € 179 | 18 € 179 | 19 € 179 | 20 € 179 | 21 € 179 | 22 € 179 |
| 23 € 179 | 24 € 179 | 25 € 179 | 26 € 179 | 27 € 179 | 28 € 179 | 29 € 179 |
| 30 € 179 |
||||||



