Reset Password

2027
НОВО
Your search results

Виетнам и Камбоџа (10.01.2027-21.01.2027)

Со авион, Хотел
| 0 Bedrooms|

Listing Description

Виетнам и Камбоџа

Ханој-Халонг-Хои Ан-Сием Реап-Хо Ши Мин

(10.01.2027-21.01.2027)

 

Две земји во едно патување – убавините на Југоисточна Азија! Потопете се во богатата историја, фасцинантната култура и природните убавини на овие земји...Посетете ги храмовите, уживајте во шарените улици, доживејте го уникатниот шармна ова возбудливо патување!

 

Прв ден: 10.01.2027 (недела)-Скопје-Истанбул-Ханој

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.30 часот. Полетување кон Истанбул во 20.45 часот.

Втор ден: 11.01.2027 (понеделник)- Скопје-Истанбул-Ханој

Слетување во Истанбул во 00.15 по локално време. Полетување кон Ханој во 02.15, слетување во Ханој во 15.25 часот по локално време. Организиран трансфер од аеродром до хотелот „Noa Binh Hotel” 3*, или во друг хотел од иста категорија. Одмор од патувањето, а потоа организирана вечера во локален ресторан. Ноќевање.

Трет ден: 12.01.2027 (вторник)- Ханој

Појадок, а потоа одиме на организиран целодневен разглед на главниот град на Виетнам. Со повеќе од 8 милиони жители, Ханој претставува мешавина од традиционална виетнамска и колонијалистичка француска архитектура. Како еден од најстарите постојани населени градови во Азија, Ханој бил главен град на повеќе виетнамски династии, а подоцна и на Француска Индокина, пред да стане престолнина на обединетиот Виетнам во 1976 година. Разгледот го започнуваме со посета на надворешноста на мавзолејот на Хо Ши Мин, последното почивалиште на виетнамскиот револуционерен водач. Издигнувајќи се над Плоштадот Ба Дин и со сив блок дизајн и камени колонади, тој е импресивен пример на бруталистичка архитектура. Продолжуваме во стилски спротивната Претседателска палата, белег на колонијалната архитектура од почетокот на 20-от век. Оттаму се упатуваме на север до Западното Езеро, едно од многу езера во и околу градот, каде што ќе ја посетиме пагодата Tran Quoc – најстариот будистички храм во Ханој изграден пред повеќе од 1500 години. Храмот на литературата е наредниот значаен историски споменик, изграден во 1070 година и посветен на Конфучие, каде што бил сместен првиот виетнамски универзитет, а и денес е место каде што студентите се молат за академски успех. Прошетката ја продолжуваме кон областа Cau Giay и Виетнамскиот Музеј за етнологија – огромен музејски комплекс кој го чува културното наследство на 54-те различни етнички групи во Виетнам. Турата ќе ја завршиме со прошетка низ стариот кварт на Ханој, исполнет со историски знаменитости и многу тезги каде што ќе можете да ја пробате прочуената виетнамска улична храна. За крај ќе посетиме претстава на куклен театар во вода – уникатна виетнамска уметност настаната пред повеќе од илјада години во оризовите полиња во северен Виетнам. Враќање во хотелот и ноќевање.

Четврти ден: 13.01.2027 (среда)- Ханој-Халонг

Појадок, а веднаш потоа се упатуваме кон заливот Халонг, место на светско наследство на УНЕСКО и едно од природните чуда на светот. По пат кон пристаништето ќе поминеме низ мирна природа типична за делтата на Црвената Река, со бескрајни оризови полиња и кривулести реки. Заливот Халонг е познат по неговите 2000 варовнички острови кои изникнуваат од смарагдната вода, по огромните сокриени пештери и по уникатниот екосистем со ретки видови на растенија и животни. Се качуваме на брод и започнуваме целодневно крстарење низ заливот, кое вклучува и организиран ручек на бродот. Попатно, ќе имаме можност да ги истражиме темната и светлата пештера – голем воден пештерски систем до кој може да се пристапи со кајак или чамец од бамбус. Попладнето ќе имаме можност да учествуваме на час по готвење, каде ќе научиме да ги подготвуваме познатите виетнамски ролнички. Крстарењето ќе го завршиме кон зајдисонце, со кафе, чај и свежо овошје на палубата на бродот. Враќање во Ханој во вечерните часови и ноќевање.

Петти ден: 14.01.2027 (четврток)- Ханој-Хои Ан

Појадок и слободно време за индивидуални активности, а потоа одјавување од хотелот и трансфер до меѓународниот аеродром за локалниот лет до Да Нанг во централен Виетнам. Организиран трансфер до античкиот град Хои Ан. Попладнето е резервирано за посета на овој важен пристаништен град од периодот од 15-ти до 19-ти век, чиј стар дел е под заштита на УНЕСКО од 1999 година. Ќе прошетаме низ тесните и кривулести улички во стариот кварт и ќе ги посетиме најзначајните градби: пагодата Chua Ong – будистички храм основан од кинеските имигранти во 18-от век; Кинеската сала за собири која истовремено служела како светилиште и центар за заедницата; Там Ки куќата на предците – 280-годишна куќа на трговско семејство и Јапонскиот мост – пешачки мост изграден од јапонски трговец во 16-от век. Слободно време за прошетка низ тесните улички и мали продавнички во една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Сместување во хотелот „Hoi An Rose Garden” 3*, или во друг хотел од иста категорија. Ноќевање.

Шести ден: 15.01.2027 (петок)- Хои Ан-Ба На-Мермерните Планини

 Појадок, а потоа одиме во истражување на ридовите Ба На, сместени на надморска висина од 1487 метри. До врвот ќе стигнеме со познатата жичарница која има четири Гинисови рекорди, меѓу кои и за најдолга непрекината жичарница во должина од 5801 метри. Од жичарницата ќе имаме можност да се восхитуваме на прекрасниот пејзаж, а по пристигањето на станицата Marseille ќе го прошетаме познатиот Златен Мост, кој е архитектонско чудо кое го држат две џиновски раце. Мостот не` води до пагодата Linh Ung, со 27-метарска статуа на Буда, како и до пространите градини Le Jardin d’Amour. На самиот врв на ридовите ќе го посетиме француското село – реплика на класична француска архитектура, со плоштад, катедрала и средновековни замоци. На враќање кон Хои Ан ќе ги посетиме Мермерните Планини – група од пет варовнички врвови, чии пештери во текот на Виетнамската војна служеле како храмови, боишта и болници. Ќе научиме како овие природни чуда станале дел од богатата историја на Виетнам и како продолжуваат да бидат една од главните знаменитости на Виетнам. Враќање во Хои Ан. Ноќевање.

Седми ден: 16.01.2027 (сабота)- Хои Ан-Да Нанг-Сием Реап (Камбоџа)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон пристаништето, од каде одиме во посета на Cam Thanh Water Coconut Village, познато по традиционалните округли чамци од бамбус. Ќе се возиме низ тесните канали во кои растат големи палми познати како воден кокос. Во селото ќе се придружиме на локални рибарите кои ќе ни покажат како фрлаат мрежи и ловат краби. Попладнето, трансфер до аеродромот во Да Нанг за регионалниот лет до Сием Рап, Камбоџа. По пристигнувањето, организиран трансфер од аеродромот и сместување во хотелот „Grand Yard La Residence” 4*, или друг хотел од иста категорија. Ноќевање.

Осми ден: 17.01.2027 (недела)- Сием Реап-Ангкор Том-Ангкор Ват

Појадок. Започнуваме со посета на античкиот главен град Ангкор Том – најголемиот, најзначајниот и последниот главен град на Кмерската Империја изграден од кралот Jayavarman во 12-от век. Ова античко архитектонско чудо некогаш било дом на над 100.000 жители и изобилува со многу импозантни градби. Ја посетуваме јужната порта – најдобро зачуваниот влез во градот со 108 џиновски статуи, а потоа одиме во храмот Bayon, сместен во самиот центар на градот и украсен со над 200 насмени лица. Ќе ги посетиме и Кралскиот ограден простор, Терасата на слоновите и Терасата на лепрозниот крал, а потоа и храмот Ta Prohm кој откако бил напуштен бил присвоен од џунглата, со огромни дрвја израснати од неговите урнатини. Храмот Ta Prohm стана прочуен и како храмот „Tomb Raider” или „Храмот на Анџелина Џоли”, откако во него беше снимен познатиот филм за Lara Croft. Попладнето го посетуваме најзначајниот од сите храмови – Angkor Wat, кој е најголемиот религиски споменик во светот и најзначајното ремек-дело на Кмерската архитектура, денес прикажан и на знамето на Камбоџа. Изграден како хиндуистички храм во 12тиот век, храмот подоцна бил пренаменет во будистичко светилиште, што останал и до денес. Вечерта враќање во хотелот и ноќевање.

Деветти ден: 18.01.2027 (понеделник)-Сием Реап-Хо Ши Мин

Појадок а потоа се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон местото од каде го започнуваме возењето со брод по езерото Tonle Sap – најголемото слатководно езеро во Југоисточна Азија, кое поддржува еден од најразновидните екосистеми во светот. Ќе го посетиме пловечкото езеро Kampong Phluk, во кое куќите се изградени на десетметарски столбови за да не бидат поплавени кога количината на вода во езерото енормно ќе се зголеми по монсунската сезона. По посетата на оваа уникатна населба и околните поплавени шуми, се упатуваме кон аеродромот во Сием Реап за регионалниот лет кон Хо Ши Мин. По пристигнувањето, организиран трансфер од аеродром и сместување во хотел “GK Central Hotel” 3* или друг хотел од иста категорија. Ноќевање.

Десетти ден: 19.01.2027 (вторник)- Хо Ши Мин

Појадок. Денот е испланиран за откривање на најголемиот град и економскиот центар на Виетнам, познат и под старото име Саигон. Хо Ши Мин се наоѓа по течението на реката Саигон, во делтата на Меконг во Јужен Виетнам. Градот има богата историја како Кмерска населба, значајно виетнамско пристаниште, а потоа и главен град на француска Кочинчина. Денот е посветен на системот на тунели Ку Чи, кои всушност биле цел подземен град со скривници, дневни простории, кујни, теренски болници, фабрики за оружје и магацини за храна. Во нив можеле да се сместат до 10.000 луѓе кои живееле под земја со години, таму се венчавале и ги одгледувале децата. Од 1988 година два од тунелите се отворени, па посетителите можат да прошетаат низ нив и подобро да ја разберат војната. До крајот на денот слободно време за индивидуални прошетки низ 9-милионскиот град. Ноќевање.

Единаесетти ден: 20.01.2027 (среда)- Хо Ши Мин-Истанбул

 Појадок, а потоа се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на уште неколку од главните знаменитости на Хо Ши Мин. Најпрво ја посетуваме Генералната Пошта, која е исклучителен пример на француската колонијална архитектура, изградена во 19-ти век со готски и ренесансни примеси. Веднаш до неа се наоѓа и базиликата Нотердам, со две камбанарии високи 58 метри. Потоа ќе ја посетиме Палатата на независноста, неформално позната како Палата на обединувањето, која порано служела како претседателска палата на претседателот на Јужен Виетнам. На ова место се случил и падот на Јужен Виетнам и дефинитивниот крај на виетнамската војна на 30 април 1975-та година. За крај, попладнето одиме на пазарот Ben Thanh, кој е еден од најстарите објекти во градот и кој со своите 1.500 тезги сè уште привлекува околу 10.000 посетители секој ден. Во вечерните часови организиран трансфер до меѓународниот аеродром во Хо Ши Мин. Летот за Истанбул е во 22.15 часот.

Дванаесетти ден: 21.01.2027 (четврток)-Истанбул-Скопје

Слетување во Истанбул во 05.20 часот по локално време. Летот за Скопје е во 08.25, пристигнување во Скопје во 07.55 по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 25.08.2026…....2499 евра (154.940 денари)ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………2599 евра (161.140 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Ханој со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Ханој-Да Нанг со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Да Нанг-Сием Реап со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Сием Реап-Хо Ши Мин со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Хо Ши Мин-Истанбул -Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 3 ноќевања со појадок во хотел Hong Ngoc Dynastie Boutique Hotel & Spa 4*во Ханој

• 2 ноќевања со појадок во хотел Hoi An Rose Garden во Хои Ан

• 2 ноќевања со појадок во хотел La Niche D’angkor Boutique Hotel во Сием Реап

• 2 ноќевања со појадок во хотел GK Central Hotel во Хо Ши Мин

• 1 вечера во локален ресторан во Ханој

• Крстарење со брод во заливот Халонг со вклучен ручек

• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 250 евра

• Влезна виза за Виетнам и услуга за визирање: 70 евра

• Влезна виза за Камбоџа и услуга за визирање: 50 евра

• Бакшиши за локални водичи и возачи: 45 евра

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.08.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)

 

 

Втора рата до 24.10.2026, трета рата до 25.11.2026. Целосна доплата на аранжманот до 10.12.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Price Info
Price per night: € 2,499
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: 2027,НОВО
Property ID: 49182
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 2,499
2
€ 2,499
3
€ 2,499
4
€ 2,499
5
€ 2,499
6
€ 2,499
7
€ 2,499
8
€ 2,499
9
€ 2,499
10
€ 2,499
11
€ 2,499
12
€ 2,499
13
€ 2,499
14
€ 2,499
15
€ 2,499
16
€ 2,499
17
€ 2,499
18
€ 2,499
19
€ 2,499
20
€ 2,499
21
€ 2,499
22
€ 2,499
23
€ 2,499
24
€ 2,499
25
€ 2,499
26
€ 2,499
27
€ 2,499
28
€ 2,499
29
€ 2,499
30
€ 2,499
31
€ 2,499
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 2,499
2
€ 2,499
3
€ 2,499
4
€ 2,499
5
€ 2,499
6
€ 2,499
7
€ 2,499
8
€ 2,499
9
€ 2,499
10
€ 2,499
11
€ 2,499
12
€ 2,499
13
€ 2,499
14
€ 2,499
15
€ 2,499
16
€ 2,499
17
€ 2,499
18
€ 2,499
19
€ 2,499
20
€ 2,499
21
€ 2,499
22
€ 2,499
23
€ 2,499
24
€ 2,499
25
€ 2,499
26
€ 2,499
27
€ 2,499
28
€ 2,499
29
€ 2,499
30
€ 2,499
 
past
today
booked
€ 2,499 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 2,499 per night