Aвионска програма – Истанбул 4НП НОВА ГОДИНА
Listing Description
Со едниот дел длабоко навлезен во Азија, а со другиот дел во Европа, Истанбул е единствен град во светот на два континенти. Босфор, водите на Црно Море, Мраморно Море и Златниот Рог ги носи низ срцето на градот. Повеќе од 1500 години бил главен град на Римската, Византиската и Отоманската Империја. Низ вековите е разубавуван со многу споменици од различни култури, нации, религии… .
Последните откритија докажуваат постоење на живеалишто од пред 400.000 год.. Но “Виолетовата” година почнува 330 год кога Императорот Константин го прогласува градот за главен град на Империјата. Кралската виолетова боја, е боја на Византиската императорска фамилија. Се до 1453 год кога е освоен од Османлиите, Истанбул, тогаш Константинопол, бил разубавуван и збогатуван со бројни грандиозни дела на кои и денеска им се воодушевуваме. Прошетката низ Истанбул е прошетка низ вековите… а магијата наречена Истанбул ќе Ви ја доловат нашите водичи
1 ден 29.12.2026 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 11:30ч. Пристигнување во Истанбул во 14:55ч. Трансфер на групата.
ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ ( за група мин. 15 лица):
Панорамско разгледување на градот со автобус: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, Египетскиот пазар…
ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува традиционални кондиторски производи.
Сместување во хотел и кратка пауза за одмор. Состанок со локалниот претставник на Нехар Травел. Ноќевање.
2 ден 30.12.2026 ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки…
Попладне започнува магијата на Истанбул.
СУЛЕЈМАНИЈА и ГАЛАТА ПОРТ
СУЛЕЈМАНИЈА џамија – Сулејмановата џамија заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.
Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на
Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како “вториот Соломон.” Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I, кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав”
ГАЛАТА ПОРТ Истанбул, живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул.
Враќање во хотел.
Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!Ноќевање.
Ноќевање.
3 ден 31.12.2026 ИСТАНБУЛ
Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата црква АЈА СОФИЈА , индивидуално- можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.
Дочек на Нова Година 2026 на плоштадот Таксим ( индивидуално).
4 ден 01.01.2027 ИСТАНБУЛ
Појадок. Ден предвиден за релаксиран излет.
АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.
Кадиќој – Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби, колоритни улички полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, , меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.
Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула.
Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.
Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.
Ноќевање.
5 ден 02.01.2027 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот , напуштање на хотелот. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.
БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА:
Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.
Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 17:15ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16:40ч.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 €/ 28.460 ден.
Аранжманот вклучува
- Авионски билет Скопје-Итсанбул-Скопје,
- Трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром,
- Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевања со појадок,
- Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим (за група мин.15 лица),
- Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.),
- Професионален локален туристички водич (за група мин.15 лица),
Не е вклучено
- Крстарење по Босфор + Византиски/Отомански Истанбул + Капали Чаршија– 60€
- Сулејманија + Галата Порт – 40€
- Азиски Истанбул – 50€
- Вечера на брод со шоу програма – 60€
- Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучена влезница) – 60€
- Пјер Лоти + Патријаршија + Балат – 45€
- Туристичка такса 8€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција
- Чекиран багаж до 12 кг – 30€ по лице ( доплатата за багаж се однесува за сите патници по пријавата)
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд.
- Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
Hotel Grand Halic 4*
Grand Halic 4* е сместен во живиот кварт Бејоглу, во близина на познатата улица Истиклал и на околу 15–20 минути пешачење од плоштадот Таксим. Хотелот располага со комфорни двокреветни, трокреветни и семејни соби, опремени со клима уред, бесплатен Wi-Fi, ТВ, мини бар и сопствена бања. На располагање на гостите им се затворен базен, спа центар со турска бања и сауна, како и панорамски ресторан со прекрасен поглед кон Златниот Рог.
Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат бројни можности за прошетка и уживање: познатата пешачка улица Истиклал со продавници, кафулиња и ресторани, историската Галата кула и плоштадот Таксим. Метро станицата Шишхане е на само неколку чекори од хотелот, овозможувајќи лесен пристап до останатите знаменитости на Истанбул. Од хотелот пеш може да се стигне до Галата кулата за околу 5 минути, до улицата Истиклал за 3–4 минути, а до плоштадот Таксим за околу 15–20 минути.
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Доколку багажот се додаде дополнително, цената може да биде повисока од првично понудената, бидејќи авиокомпанијата го задржува правото на промена на цените. За точната цена, ве молиме консултирајте се со агенцијата.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
- Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ВИАЏО ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 459 | 2 € 459 | 3 € 459 | 4 € 459 |
|||
| 5 € 459 | 6 € 459 | 7 € 459 | 8 € 459 | 9 € 459 | 10 € 459 | 11 € 459 |
| 12 € 459 | 13 € 459 | 14 € 459 | 15 € 459 | 16 € 459 | 17 € 459 | 18 € 459 |
| 19 € 459 | 20 € 459 | 21 € 459 | 22 € 459 | 23 € 459 | 24 € 459 | 25 € 459 |
| 26 € 459 | 27 € 459 | 28 € 459 | 29 € 459 | 30 € 459 | 31 € 459 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 459 |
||||||
| 2 € 459 | 3 € 459 | 4 € 459 | 5 € 459 | 6 € 459 | 7 € 459 | 8 € 459 |
| 9 € 459 | 10 € 459 | 11 € 459 | 12 € 459 | 13 € 459 | 14 € 459 | 15 € 459 |
| 16 € 459 | 17 € 459 | 18 € 459 | 19 € 459 | 20 € 459 | 21 € 459 | 22 € 459 |
| 23 € 459 | 24 € 459 | 25 € 459 | 26 € 459 | 27 € 459 | 28 € 459 | 29 € 459 |
| 30 € 459 |
||||||



