БУДВА НОВА 2027 ГОДИНА
Listing Description
БУДВА
НОВА 2027 ГОДИНА
сместување во хотел MB 3* во центар на Будва
Термин: 30 декември 2026 | 4 дена / 2 ноќи
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 30.12 (среда) МАКЕДОНИЈА – БУДВА
Поаѓање од Македонија од повеќе Градови: Штип (Нова Пошта) 22:00 | Св.Николе (Овче Поле) 22:20 | Велес (Бензинска Макпетрол-кружен тек на влез) 23:00 и Скопје (Автобуска постројка спроти хотел Континентал) 23:45 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден / 31.12 (четврток) БУДВА – ДОЧЕК НА НОВА *2027* ГОДИНА со ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ
Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во хотел MB кој се наоѓа на одлична локација во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва (Кејот на познатата Словенска плажа, посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии). Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови (индивидуално). Во најлудата ноќ ќе настапат познати музички звезди, и популатната звезда – Жељко Јоксимовиќ.
(Факултативно, Дочек на Нова Година во Тиват со познатата музичка звезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Доплата за трансфер 10€). Ноќевање.
3ден / 01.01 (петок) БУДВА –ДУБРОВНИК – БУДВА
Заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник, кој представува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Се патува преку Тиват со траект. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Потоа следи враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. На првиот ден на 2027 посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на познати музички звезди.. Ноќевање.
4ден / 02.01 (сабота) БУДВА – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО – МАКЕДОНИЈА
Денот го започнуваме со факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 145€ / 8.990мкд
ПРОМО цена: 125€ / 7.750мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на дадената релација;
– 2 ноќевања во > MB Hotel 3* одлична локација на 20м од Булеварот Јадранска Магистрала во Будва;
– Организација, реализација на програмата;
– Пратител на групата.
Цената на аранжманот не вклучува:
– Целодневна посета и разглед на Дубровник 35€;
– Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро 25€;
– Организиран трансфер: Будва – Тиват – Будва на 31.12 за настапот на Цеца – 10€ (минимум 25 патници);
– Задолжителна туристичка такса 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција);
– Патничко и здравствено осигурување;
– Доплата за избор на седиште во автобус 20€ во два правци;
– Доплата за еднокреветна соба +90€;
– Дете од 2 до 12 години плаќа 105€ (добива редовно легло и седиште во автобус).
– Влезници за музеите и културно историските споменици;
* ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ОД: СТРУМИЦА И РАДОВИШ 10€ по лице во два правци.
– Струмица (Бензинска Макпетрол на влез 21:00ч) | Радовиш (Бензинска Лукоил 21:30ч).
Напомена:
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, доплата нај касно 14 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето (можност за патување со лична карта).
– Важноста на патната исправа е лична обврска.
– Избор на мин. една од наведените факултативи.
– За влез во Хрватска потребен е пасош.
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата.
Музичка програма вo БУДВА:
31.12 – ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ
Музичка програма во ТИВАТ:
31.12 – Светлана Ражнатовиќ – Цеца
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 125 | 2 € 125 | 3 € 125 | 4 € 125 |
|||
| 5 € 125 | 6 € 125 | 7 € 125 | 8 € 125 | 9 € 125 | 10 € 125 | 11 € 125 |
| 12 € 125 | 13 € 125 | 14 € 125 | 15 € 125 | 16 € 125 | 17 € 125 | 18 € 125 |
| 19 € 125 | 20 € 125 | 21 € 125 | 22 € 125 | 23 € 125 | 24 € 125 | 25 € 125 |
| 26 € 125 | 27 € 125 | 28 € 125 | 29 € 125 | 30 € 125 | 31 € 125 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 125 |
||||||
| 2 € 125 | 3 € 125 | 4 € 125 | 5 € 125 | 6 € 125 | 7 € 125 | 8 € 125 |
| 9 € 125 | 10 € 125 | 11 € 125 | 12 € 125 | 13 € 125 | 14 € 125 | 15 € 125 |
| 16 € 125 | 17 € 125 | 18 € 125 | 19 € 125 | 20 € 125 | 21 € 125 | 22 € 125 |
| 23 € 125 | 24 € 125 | 25 € 125 | 26 € 125 | 27 € 125 | 28 € 125 | 29 € 125 |
| 30 € 125 |
||||||




