Reset Password

НОВО
Your search results

БУДВА-ТРЕБИЊЕ-ТИВАТ-КОТОР-БАР НОВА ГОДИНА 2027

Нова Година - Автобус, Со автобус
Будва, Црна Гора
| 0 Bedrooms|

Listing Description

ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА

БУДВА-ТРЕБИЊЕ-ТИВАТ-КОТОР-БАР

НОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ

СО ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ И ДИНО МЕРЛИН

Доживејте незаборавно патување низ најубавите делови на Балканот со носталгичен ритам, аранжман што ги комбинира богатата историја, културното наследство и волшебната природа. Посетете градови и места кои раскажуваат приказни со векови:

 

БУДВА – бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус.

ТРЕБИЊЕ – првиот ден од Новата година поминете го во градот на сонцето, виното и херцеговачкото гостопримство. Камените улици на Стариот град, шармантните плоштади и опуштената празнична атмосфера го прават Требиње идеално место за бегство од секојдневниот живот. Започнете ја Новата година во град кој плени со својата топлина, автентичност и медитерански дух.

ТИВАТ – Познат по својата живописна крајбрежна линија, историскиот шарм и растечкиот луксузен туризам. Овој волшебен крајбрежен град им нуди на посетителите совршена мешавина од традиционалното наследство и модерната софистицираност.

КОТОР – Прошетајте низ тврдината и нејзините камени улички, фотографирајте палати и средновековни цркви, запознајте се со животот на морнарите, ѕирнете во морскиот свет на Јадранското Море, вдишете го секојдневниот живот на топлите луѓе и впијте ги вкусовите на црногорската кујна.

Програма на патување:

1 ден: 30.12.2026 год.

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања вклучени во цената од Битола 19.00ч; Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч ). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2026 год.

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Улиците и плоштадите на Стариот град Будва се сеќаваат на човечките стапки од пред повеќе од 2000 години. Многу култури се вкрстиле на овој мал карпест полуостров и секоја од нив оставила свој запис како свој белег, опкружен со ѕидини од венецијанската ера. Оваа област е идеална за прошетка низ тесните, камени улички кои зрачат со шарм на некои минати времиња, а што се однесува до знаменитостите, не заборавајте да ја посетите Цитаделата – најважната градба на Стариот град која датира од средниот век. Внатре во Цитаделата можете да посетите мал музеј со експонати поврзани со историјата на градот и да уживате во спектакуларен поглед на Будва и Јадранското Море од врвот на тврдината. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и новогодишен концерт на Жељко Јоксимовиќ. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2027 год.

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Требиње преку Тиват со траект. “Градот на сонцето и платаните”, сместен под планината Леотар во долината на реката Требишњица, која тече низ самиот град. Посета на туристичкиот комплекс Херцеговачка Грачаница, од каде што можете да уживате во незаборавен поглед на целиот град. Црквата посветена спрема Пресвета Богородица е реплика на црквата Грачаница во Косово и е едно од најубавите места за фотографирање. Место поврзано со желбата на познатиот поет Јован Дучиќ да почива во неговиот роден крај. А Требиње, бајковитиот град бил културен и духовен центар на Источна Херцеговина низ историјата. Стариот историски центар ни раскажува за богатото и бурно минато од времето на Илирите, Римјаните, Словените, Турците и Австроунгарците каде сите овие народи оставиле свој белег во архитектурата, обичаите и начинот на живот кој ги воодушевува посетителите. Покрај реката Требишњица и нејзините мостови ( мостот Арсланагиќ, мостот Иво Андриќ и Камениот мост ) каде можете да направите сопствена разгледница, музејот на Херцеговина, прошетка правиме и низ тесните улички на стариот град со посета на Саат кулата, градските ѕидини, плоштадите, градската порта (тунел) што го поврзува Стариот град со остатокот од градот. Плоштадот на поетите каде што можеме да се фотографираме со дрвја-јавори постари од 120 години, кои претставуваат симбол на градот, и да се освежиме на една од камените фонтани. На плоштадот има можност да се видат и подароците на поетот Јован Дучиќ за неговиот град (Јелена Анжујска, бистата на Његош и лавовите на влезот во паркот). Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта можност за факултативна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2027 год.

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари) за приватно сместување

145 евра (8.950 денари) за сместување во хотел 3*

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • (Поаѓања вклучени во цената од Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес, Куманово )
  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • – Факултативен излет до Требиње -20 евра
  • ( минимум 30 лица пријавени за реализација );
  • – Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро -20 евра
  • ( минимум 30 лица пријавени за реализација );
  • – Факултативна вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -15 евра
  • ( минимум 30 лица пријавени за реализација );
  • – Пакет цена за излети до Требиње, Котор, Тиват-Порто Монтенегро и вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -50 евра
  • ( минимум 30 лица пријавени за реализација );
  • – Туристичка такса за сместување во Будва -3 евра ( се плаќа во агенцијата )
  • – Влезници за посети;
  • – патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребно е важечка бометриска лична карта или биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. ВИАЏО ТРАВЕЛ.

Price Info
Price per night: € 109
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 49845
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 109
2
€ 109
3
€ 109
4
€ 109
5
€ 109
6
€ 109
7
€ 109
8
€ 109
9
€ 109
10
€ 109
11
€ 109
12
€ 109
13
€ 109
14
€ 109
15
€ 109
16
€ 109
17
€ 109
18
€ 109
19
€ 109
20
€ 109
21
€ 109
22
€ 109
23
€ 109
24
€ 109
25
€ 109
26
€ 109
27
€ 109
28
€ 109
29
€ 109
30
€ 109
31
€ 109
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 109
2
€ 109
3
€ 109
4
€ 109
5
€ 109
6
€ 109
7
€ 109
8
€ 109
9
€ 109
10
€ 109
11
€ 109
12
€ 109
13
€ 109
14
€ 109
15
€ 109
16
€ 109
17
€ 109
18
€ 109
19
€ 109
20
€ 109
21
€ 109
22
€ 109
23
€ 109
24
€ 109
25
€ 109
26
€ 109
27
€ 109
28
€ 109
29
€ 109
30
€ 109
 
past
today
booked
€ 109 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 109 per night