Reset Password

Your search results

ИСТАНБУЛ 2 НОЌИ НОВА ГОДИНА

Нова Година - Автобус, Со автобус, Хотел
Турција
| 0 Bedrooms|

Listing Description

🌉 Истанбул – 2 ноќевања – Светлата на Босфор, магични улици, шопинг и прослава во градот на два континенти.

Истанбул е една од највозбудливите дестинации за незаборавно викенд патување, град каде што Истокот и Западот се спојуваат во уникатна атмосфера. Замисли го совршениот зимски викенд во градот каде што Истокот и Западот се спојуваат – истражување на најпознатите знаменитости, вкусна турска храна, шопинг, празнични базари и незаборавни новогодишни моменти.
Со нас те очекува празнична авантура исполнета со добра енергија, супер екипа и атмосфера што ќе те внесе директно во новогодишниот дух. Остави ги секојдневните обврски зад себе и дочекај ја Новата година со нови места, нови пријателства и спомени што ќе ги паметиш долго!

Период: 30/12/2026 – 03/01/2027

1 ДЕН 30.12.2026 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 14:00 до 15:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Истанбул преку Грција (г.п Дојран или г.п Богородица). Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН 31.12.2026 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. По пристигнувањето следува посета на едни од најшармантните и најфотогенични населби во градот – Ортакој и Балат. Ортакој, сместен покрај Босфор, е познат по својата препознатлива џамија, живописните улички и прекрасниот поглед кон мостот над Босфор, додека Балат плени со своите шарени фасади, тесни улички, автентични кафулиња и уникатна атмосфера. Следува слободно време за индивидуална прошетка, фотографирање, кафе и уживање во локалната атмосфера, како и можност за откривање на скриените улички и интересните места кои ги нудат овие две препознатливи населби. По завршувањето со излетите, групата се упатува кон хотелот, каде што е предвидено сместување по 14:00 часот. Во вечерните часови следува највозбудливиот дел од вечерта – дочек на Новата 2027 година на брод на Босфор! Ве очекува уникатно новогодишно искуство со панорамски поглед кон осветлениот Истанбул, магичната атмосфера на Босфор и спектакуларен поглед кон двата континенти кои ги спојува градот. Новогодишната ноќ ќе ја дочекате пловејќи помеѓу Европа и Азија, со музика, забава, добро расположение и незаборавна атмосфера, додека огнометот и светлата на Истанбул ја создаваат совршената сценографија за влегување во Новата 2027 година. По дочекот следува враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ДЕН 01.01.2027 ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот се запознаваме со азискиот дел на Истанбул. Односно со Крстерење по Босфор – едно од најубавите искуства што може да ги доживеете во Истанбул. Пловејќи меѓу Европа и Азија, ќе имате можност да го видите градот од една сосема поинаква перспектива. Пред вас ќе се нижат величествени палати, историски тврдини, раскошни вили и препознатливите мостови на Босфор, додека панорамата на Истанбул се протега од двете страни на брегот. Уживајте во незаборавната атмосфера, направете уникатни фотографии и почувствувајте ја магијата на градот кој се протега на два континенти. Потоа следува посета на Чамлиџа џамија – една од најголемите и најимпресивни џамии во Турција, сместена на ридот Чамлиџа, од каде се протега прекрасен панорамски поглед кон Истанбул и Босфорот. Потоа се упатуваме кон Ускудар, една од најстарите населби на азискиот брег, позната по своето крајбрежје, историските знаменитости и прекрасните погледи кон европскиот дел од градот. Каде ќе имаме можност од блиску да ја видиме Моминската кула. Потоа продолжуваме кон Кадиќој – едно од најживописните маала на азиската страна, препознатливо по раздвижените улици, локалните маркети, кафулињата, рестораните и младешката атмосфера. Следува слободно време за индивидуална прошетка, уживање во локалната гастрономија и откривање на уникатниот дух на азискиот Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 02.01.2027 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот во периодот помеѓу 08:00 и 09:00 часот. По одјавувањето, упатување кон познатата продавница за благи работи ‘’Коска’’, каде што ќе имате можност да ги набавите омилените турски благи и специјалитети за дома. Слободно време за пазарење во времетраење од околу 45 минути. По завршувањето на посетата, следува упатување кон 212 Outlet, еден од познатите аутлет шопинг центри во Истанбул. Следува слободно време во траење од околу 2 часа за шопинг, разгледување на продавниците и уживање во последните моменти во Истанбул. Во договореното време, предвидено помеѓу 13:00 и 14:00 часот, поаѓање кон Македонија. Следува дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје после полноќ на 03.01.2026

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 ЕВРА

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
 Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација,
Две ноќевања со појадок во хотел со 3*** во населбата Аксарај/Лалели, на 15-20 мин. пешачење од Капали Чаршија (името на хотелот се дознава 3 дена пред поаѓањето),
Пратител на групата и организација на патуавњето,
Посета на турската продавница за благи работи – ‘’Коска’’,
Шопинг во Outlet 212,
Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко и здравствено осигурување – 5 еур (може да се изготви во агенција)
Факултативни излети
(Посета на Балат и Ортаќој со локален водич – задолжителен излет – 25 еур.)
Индивидуални трошоци

Оваа факултатива е пакет каде што се посетуваат населбата Балат и населбата Ортаќој. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, населба преполна со дрвени куќички кои фасадите им се обоени во шарени бои, населба позната по турските серии и населба која важи за една од најфотографираните места во Истанбул. Ортаќој е населба која е една од најпосетените во Истанбул. Се наоѓа под Босфорскиот мост во Европскиот дел. Ортаќој е срцето на Истанбул и како таков не е воопшто здодевен, овде традиционално се јаде специјалиетот Kumpur – компир полнет со различни додатоци кои си го полните по Ваш вкус.

Крстарење по Босфор – факултатива што го покажува ИСТАНБУЛ сродно – грандиозен, жив и бескрајно инспиративен. Ова е факултатива која буквално ги спојува најважните точки на градот. За едно попладне ќе го видиме Истанбул од сите агли, баш како што треба да го доживее секој патнил. Чамлиџа џамија – највеличенствената и најголемата џамија во Турција, кога ке застанете пред неа чувството е како да сте дел од нешто огромно и возвишено. Кадиќој – Живописен кварт на азиската страна, познат по уличната атмосфера. Ускудар – Историски крајбрежен кварт со прекрасен поглед кон Босфорот и европската страна на Истанбул.

Со цел навремена резервација и соодветна организација на посетите и излетите, секој патник е должен при уплата да се изјасни за кои е заинтересиран. Накнадно пријавување ќе биде возможно само во зависност од достапноста на слободни места и влезници. Агенцијата не сноси одговорност доколку при дополнително пријавување нема можност за обезбедување на истите.

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А ВИАЏО ТРАВЕЛ и СКТМ

Price Info
Price per night: € 139
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property ID: 48884
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 139
2
€ 139
3
€ 139
4
€ 139
5
€ 139
6
€ 139
7
€ 139
8
€ 139
9
€ 139
10
€ 139
11
€ 139
12
€ 139
13
€ 139
14
€ 139
15
€ 139
16
€ 139
17
€ 139
18
€ 139
19
€ 139
20
€ 139
21
€ 139
22
€ 139
23
€ 139
24
€ 139
25
€ 139
26
€ 139
27
€ 139
28
€ 139
29
€ 139
30
€ 139
31
€ 139
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 139
2
€ 139
3
€ 139
4
€ 139
5
€ 139
6
€ 139
7
€ 139
8
€ 139
9
€ 139
10
€ 139
11
€ 139
12
€ 139
13
€ 139
14
€ 139
15
€ 139
16
€ 139
17
€ 139
18
€ 139
19
€ 139
20
€ 139
21
€ 139
22
€ 139
23
€ 139
24
€ 139
25
€ 139
26
€ 139
27
€ 139
28
€ 139
29
€ 139
30
€ 139
 
past
today
booked
€ 139 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 139 per night