Reset Password

Your search results

ИСТАНБУЛ 3 НОЌИ НОВА ГОДИНА 2027

Нова Година - Автобус, Со автобус, Хотел
Турција
| 0 Bedrooms|

Listing Description

✨Истанбул – 3 ноќевања – Уште една ноќ, уште повеќе доживувања! Истражувај, уживај и дочекај ја Новата година во голем стил.

Оваа Нова година не ја дочекуваш само во друг град – ја дочекуваш во Истанбул! Градот каде Европа и Азија се спојуваат, каде Босфорот ги раздвојува двата континенти, а ноќта никогаш не завршува. Истанбул за Нова година е комбинација од светла, музика, rooftop атмосфера, луда забава, улична енергија и моменти кои се паметат долго.
Со нас те очекува новогодишна авантура на брод по Босфор, со поглед кон осветлениот Истанбул и спектакуларна атмосфера додека влегуваме во Новата 2027 година. Замисли го моментот – пловиш помеѓу Европа и Азија, градот блеска околу тебе, музиката е на максимум, а одбројувањето започнува. Ова не е обичен дочек. Ова е дочек што се раскажува!
А покрај новогодишната ноќ, те очекуваат шарените улици на Балат, магичниот Босфор, азискиот Истанбул, Кадиќој, Ускудар, Таксим, Галата и безброј места за добра храна, шопинг и забава.
Собери ја екипата, спреми го куферот и дочекај ја 2027 година онаму каде што два континенти се среќаваат – во Истанбул со нас!

Период: 30/12/2026 – 04/01/2027

1 ДЕН 30.12.2026 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 14:00 до 15:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Истанбул преку Грција (г.п Дојран или г.п Богородица). Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН 31.12.2026 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. По пристигнувањето следува посета на едни од најшармантните и најфотогенични населби во градот – Ортакој и Балат. Ортакој, сместен покрај Босфор, е познат по својата препознатлива џамија, живописните улички и прекрасниот поглед кон мостот над Босфор, додека Балат плени со своите шарени фасади, тесни улички, автентични кафулиња и уникатна атмосфера. Следува слободно време за индивидуална прошетка, фотографирање, кафе и уживање во локалната атмосфера, како и можност за откривање на скриените улички и интересните места кои ги нудат овие две препознатливи населби. По завршувањето со излетите, групата се упатува кон хотелот, каде што е предвидено сместување по 14:00 часот. Во вечерните часови следува највозбудливиот дел од вечерта – дочек на Новата 2027 година на брод на Босфор! Ве очекува уникатно новогодишно искуство со панорамски поглед кон осветлениот Истанбул, магичната атмосфера на Босфор и спектакуларен поглед кон двата континенти кои ги спојува градот. Новогодишната ноќ ќе ја дочекате пловејќи помеѓу Европа и Азија, со музика, забава, добро расположение и незаборавна атмосфера, додека огнометот и светлата на Истанбул ја создаваат совршената сценографија за влегување во Новата 2027 година. По дочекот следува враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ДЕН 01.01.2027 ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот се запознаваме со азискиот дел на Истанбул. Започнуваме со посета е на Чамлиџа џамија – една од најголемите и најимпресивни џамии во Турција, сместена на ридот Чамлиџа, од каде се протега прекрасен панорамски поглед кон Истанбул и Босфорот. Потоа се упатуваме кон Ускудар, една од најстарите населби на азискиот брег, позната по своето крајбрежје, историските знаменитости и прекрасните погледи кон европскиот дел од градот. Каде ќе имаме можност од блиску да ја видиме Моминската кула. Потоа продолжуваме кон Кадиќој – едно од најживописните маала на азиската страна, препознатливо по раздвижените улици, локалните маркети, кафулињата, рестораните и младешката атмосфера. Следува слободно време за индивидуална прошетка, уживање во локалната гастрономија и откривање на уникатниот дух на азискиот Истанбул. По слободното време следува враќање во хотелот и слободно време за одмор и подготовка за вечерната програма. Во вечерните часови следува упатување во некој од познатите клубови на Таским – локација која е меѓу омилените места за ноќна забава во Истанбул. Ве очекува вечер исполнета со добра музика, одлична атмосфера и забава. Под светлата на Таским и во ритамот на истанбулската ноќ, уживајте во журка која е совршен завршеток на денот и уште една причина зошто Истанбул никогаш не спие. По завршувањето на забавата, враќање во хотелот. Ноќевање

4 ДЕН 02.01.2027 ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот следува посета на Venezia Mega Outlet – еден од најпопуларните шопинг центри во Истанбул, познат по својата уникатна атмосфера инспирирана од Венеција. Слободно време за шопинг, прошетка и уживање во бројните продавници, ресторани и кафулиња. Потоа следува крстарење со брод по Босфор – едно од најубавите искуства што може да ги доживеете во Истанбул. Пловејќи меѓу Европа и Азија, ќе имате можност да го видите градот од една сосема поинаква перспектива. Пред вас ќе се нижат величествени палати, историски тврдини, раскошни вили и препознатливите мостови на Босфор, додека панорамата на Истанбул се протега од двете страни на брегот. Уживајте во незаборавната атмосфера, направете уникатни фотографии и почувствувајте ја магијата на градот кој се протега на два континенти. По крстарењето следува посета на плоштадот Таксим и улицата Истиклал – едно од најживите и најпознати места во Истанбул, со бројни продавници, кафулиња, ресторани и улични изведувачи. Следува прошетка низ раздвижената атмосфера на центарот на градот и слободно време за индивидуални активности. Исто така ја посетуваме и Галата кулата – една од најпрепознатливите знаменитости на Истанбул и место од кое се протега спектакуларен поглед кон Златниот Рог, Босфорот и историскиот дел на градот. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и уживање во последната вечер во Истанбул. Ноќевање.

5 ДЕН 03.01.2027 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот во периодот помеѓу 08:00 и 09:00 часот. По одјавувањето, упатување кон познатата продавница за благи работи ‘’Коска’’, каде што ќе имате можност да ги набавите омилените турски благи и специјалитети за дома. Слободно време за пазарење во времетраење од околу 45 минути. По завршувањето на посетата, следува упатување кон 212 Outlet, еден од познатите аутлет шопинг центри во Истанбул. Следува слободно време во траење од околу 2 часа за шопинг, разгледување на продавниците и уживање во последните моменти во Истанбул. Во договореното време, предвидено помеѓу 13:00 и 14:00 часот, поаѓање кон Македонија. Следува дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје после полноќ на 04.01.2026

ПРОМО ЦЕНА: 159 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:
Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација,
Три ноќевања со појадок во хотел со 3*** во населбата Аксарај/Лалели, на 15-20 мин. пешачење од Капали Чаршија (името на хотелот се дознава 3 дена пред поаѓањето),
Пратител на групата и организација на патуавњето,
Посета на турската продавница за благи работи – ‘’Коска’’,
Шопинг во Outlet 212,
Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко и здравствено осигурување – 6 еур (може да се изготви во агенција)
Факултативни излети
(Посета на Балат и Таксим со локален водич – задолжителен излет – 25 еур.)
Индивидуални трошоци

Оваа факултатива е пакет каде што се посетуваат населбата Балат и населбата Ортаќој. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, населба преполна со дрвени куќички кои фасадите им се обоени во шарени бои, населба позната по турските серии и населба која важи за една од најфотографираните места во Истанбул. Ортаќој е населба која е една од најпосетените во Истанбул. Се наоѓа под Босфорскиот мост во Европскиот дел. Ортаќој е срцето на Истанбул и како таков не е воопшто здодевен, овде традиционално се јаде специјалиетот Kumpur – компир полнет со различни додатоци кои си го полните по Ваш вкус.

 

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А ВИАЏО ТРАВЕЛ и СКТМ

Price Info
Price per night: € 159
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property ID: 48893
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 159
2
€ 159
3
€ 159
4
€ 159
5
€ 159
6
€ 159
7
€ 159
8
€ 159
9
€ 159
10
€ 159
11
€ 159
12
€ 159
13
€ 159
14
€ 159
15
€ 159
16
€ 159
17
€ 159
18
€ 159
19
€ 159
20
€ 159
21
€ 159
22
€ 159
23
€ 159
24
€ 159
25
€ 159
26
€ 159
27
€ 159
28
€ 159
29
€ 159
30
€ 159
31
€ 159
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 159
2
€ 159
3
€ 159
4
€ 159
5
€ 159
6
€ 159
7
€ 159
8
€ 159
9
€ 159
10
€ 159
11
€ 159
12
€ 159
13
€ 159
14
€ 159
15
€ 159
16
€ 159
17
€ 159
18
€ 159
19
€ 159
20
€ 159
21
€ 159
22
€ 159
23
€ 159
24
€ 159
25
€ 159
26
€ 159
27
€ 159
28
€ 159
29
€ 159
30
€ 159
 
past
today
booked
€ 159 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 159 per night