Reset Password

2027
НОВО
Your search results

Истанбул од 1001 ноќ 3НП 05.03-10.03.2027

Со автобус, Хотел
Турција
| 0 Bedrooms|

Listing Description

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

ТЕРМИН: 05 Март 2027

1 ден 05.03.2027  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:00 ч.Тргнување во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица  и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 06.03.2027 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ:

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар…

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

Попладне продолжуваме со магијата на Истанбул.

СУЛЕЈМАНИЈА  и ГАЛАТА ПОРТ Истанбул

СУЛЕЈМАНИЈА џамија – Сулејмановата џамија  заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.

Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на

Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како “вториот Соломон.” Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I,  кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав”

ГАЛАТА ПОРТ Истанбул, живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден  07.03.2027  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.

Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!

Ноќевање.

4 ден 08.03.2027  ИСТАНБУЛ

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети

Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани.АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Кадиќој –  Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби,  колоритни улички  полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, ,  меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.

Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници  и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.Ноќевање.

5 ден 09.03.2027  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

ПЈЕР ЛОТИ и заливот  ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА:

Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.

6 ден 10.03.2027  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје , на псркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во раните утрински часови.

 

ПРОМО цена за рана резервација до 15.12.2026: 159€ / 9.860 ден

Цена на аранжманот: 179 €/11.100 ден.

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на релација,
  • Сместување во хотел Grand Halic 4*, на Таксим, на база 3 ноќевањасо појадок,
  • Посета на Форум, Декатлон, Икеа,
  • Професионален туристички пратител на групата,
  • Професионален локален туристички водич,

Не е вклучено

  • Факултативни излети,
  • Туристичка такса 6€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција ),
  • Патничко осигурување 300 мкд.,
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд,
  • Доплата за седиште по избор 20€,
  • Доплата за дополнително седиште 150€,
  • Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€ (се плаќа во агенција),
  • Факултативни излети и посети:
  • Крстарење по Босфор – 20€,
  • Балат +Пјер Лоти и Златен Рог: – 35€,
  • Сулејманија + ГАЛАТА ПОРТ Истанбул – 30€,
  • Крстарење кон Принцеските острови со посета на Азиски Истанбул – 70€,
  • Вечера на брод на Босфор со шоу програма – 60€,
  • Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел со вклучена влезница) – 60€,
  • Отомански и Византиски Истанбул Капали чаршија, – 20€
  • ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Сулејманија + Галата Порт+ Балат+ Пјер Лоти : 60€,
  • ИСТАНБУЛ КОМБО ПАКЕТ: Европски пакет +Принцески острови и Азија + Крстарење по Босфор: 140 €
  • ИСТАНБУЛ FULL ПАКЕТ: Истанбул Комбо Пакет + Долма Бахче палата + вечера со шоу програма на брод на Босфор со ноќно крстарење: 270 €

Hotel Grand Halic 4*

Grand Halic 4* е сместен во живиот кварт Бејоглу, во близина на познатата улица Истиклал и на околу 15–20 минути пешачење од плоштадот Таксим. Хотелот располага со комфорни двокреветни, трокреветни и семејни соби, опремени со клима уред, бесплатен Wi-Fi, ТВ, мини бар и сопствена бања. На располагање на гостите им се затворен базен, спа центар со турска бања и сауна, како и панорамски ресторан со прекрасен поглед кон Златниот Рог.

Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат бројни можности за прошетка и уживање: познатата пешачка улица Истиклал со продавници, кафулиња и ресторани, историската Галата кула и плоштадот Таксим. Метро станицата Шишхане е на само неколку чекори од хотелот, овозможувајќи лесен пристап до останатите знаменитости на Истанбул. Од хотелот пеш може да се стигне до Галата кулата за околу 5 минути, до улицата Истиклал за 3–4 минути, а до плоштадот Таксим за околу 15–20 минути.

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ВИАЏО ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.
Price Info
Price per night: € 159
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: 2027,НОВО
Property ID: 50111
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

November 2026
M T W T F S S
 1
€ 159
2
€ 159
3
€ 159
4
€ 159
5
€ 159
6
€ 159
7
€ 159
8
€ 159
9
€ 159
10
€ 159
11
€ 159
12
€ 159
13
€ 159
14
€ 159
15
€ 159
16
€ 159
17
€ 159
18
€ 159
19
€ 159
20
€ 159
21
€ 159
22
€ 159
23
€ 159
24
€ 159
25
€ 159
26
€ 159
27
€ 159
28
€ 159
29
€ 159
30
€ 159
 
December 2026
M T W T F S S
 1
€ 159
2
€ 159
3
€ 159
4
€ 159
5
€ 159
6
€ 159
7
€ 159
8
€ 159
9
€ 159
10
€ 159
11
€ 159
12
€ 159
13
€ 159
14
€ 159
15
€ 159
16
€ 159
17
€ 159
18
€ 159
19
€ 159
20
€ 159
21
€ 159
22
€ 159
23
€ 159
24
€ 159
25
€ 159
26
€ 159
27
€ 159
28
€ 159
29
€ 159
30
€ 159
31
€ 159
 
past
today
booked
€ 159 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 159 per night