Мадрид – 11ти Октомври
Listing Description
МАДРИД
Срцето на Шпанија
09.10.2026 – 12.10.2026
4 дена / 3 ноќевања
Мадрид – срцето на Шпанија
Мадрид е познат по своите музеи, прометни улици исполнети со продавници, ресторани со интернационална кујна и незаборавен ноќен живот.
Во исто време, градот изненадува со своите мирни историски места, архитектура и плоштади кои го задржуваат автентичниот шпански дух.
Кога станува збор за гастрономијата, Мадрид нуди огромен избор – од традиционални барови во кои можете да ја почувствувате вистинската castizo атмосфера, до бројни места каде што можете да уживате во прочуените тапас.
Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Гостопримлив, разновиден, весел и жив во секое време, без сомнение е еден од најинтересните градови во Европа.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 499 €
по лице • за првите 8 пријавени
РЕДОВНА ЦЕНА 549 €
по лице
1 ден (09.10.2026) Скопје – Мадрид
2 ден (10.10.2026) МАДРИД
3 ден (11.10.2026) МАДРИД – ТОЛЕДО
4 ден (12.10.2026) МАДРИД
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Директен лет Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- Сместување во Compostela Suites Madrid 3★
- 3 ноќевања со појадок
- Организирани прошетки според програмата
- Организација на аранжманот
- Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
- Доплата за еднокреветна соба: 148 €
- Патничко осигурување
- Билети за јавен превоз со метро
- Пешачки разглед со локален водич – 35 €
- Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 85 €
- Задолжително пријавување на минимум една факултатива во агенција
ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД НА МАДРИД
Организиран пешачки разглед со локален водич низ историскиот дел на Хабсбуршки Мадрид.
Разгледот опфаќа:
- Puerta del Sol
- Plaza Mayor
- Mercado de San Miguel
- ресторан Botín
- улицата Mayor
- Катедралата Алмудена
- Кралската палата
- споменикот на Филип IV
- Кралската опера
ТОЛЕДО
Факултативната екскурзија вклучува:
- организиран трансфер
- локален водич
Посета на старата шпанска престолнина со панорамски поглед кон градот, прошетка низ историскиот центар и разглед на најпознатите знаменитости.
Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
- минимум 16 пријавени патници
- достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
Патни документи
За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |






