Reset Password

НОВО
Your search results

Мадрид – 11ти Октомври

Со авион, Хотел
Шпанија
| 0 Bedrooms|

Listing Description

МАДРИД

Срцето на Шпанија

09.10.2026 – 12.10.2026

4 дена / 3 ноќевања

Мадрид – срцето на Шпанија

Мадрид е познат по своите музеи, прометни улици исполнети со продавници, ресторани со интернационална кујна и незаборавен ноќен живот.

Во исто време, градот изненадува со своите мирни историски места, архитектура и плоштади кои го задржуваат автентичниот шпански дух.

Кога станува збор за гастрономијата, Мадрид нуди огромен избор – од традиционални барови во кои можете да ја почувствувате вистинската castizo атмосфера, до бројни места каде што можете да уживате во прочуените тапас.

Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Гостопримлив, разновиден, весел и жив во секое време, без сомнение е еден од најинтересните градови во Европа.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА  499 €

по лице • за првите 8 пријавени

РЕДОВНА ЦЕНА  549 €

по лице

1 ден (09.10.2026) Скопје – Мадрид

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Полетување кон Мадрид во 16:50 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:40 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден (10.10.2026) МАДРИД

Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (11.10.2026) МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање

4 ден (12.10.2026) МАДРИД

Појадок.Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата)…. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:50ч.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Директен лет Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во Compostela Suites Madrid 3★
  • 3 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
  • Доплата за еднокреветна соба: 148 €
  • Патничко осигурување
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Пешачки разглед со локален водич – 35 €
  • Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 85 €
  • Задолжително пријавување на минимум една факултатива во агенција

ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД НА МАДРИД

35 €

Организиран пешачки разглед со локален водич низ историскиот дел на Хабсбуршки Мадрид.

Разгледот опфаќа:

  • Puerta del Sol
  • Plaza Mayor
  • Mercado de San Miguel
  • ресторан Botín
  • улицата Mayor
  • Катедралата Алмудена
  • Кралската палата
  • споменикот на Филип IV
  • Кралската опера

ТОЛЕДО

85 €

Факултативната екскурзија вклучува:

  • организиран трансфер
  • локален водич

Посета на старата шпанска престолнина со панорамски поглед кон градот, прошетка низ историскиот центар и разглед на најпознатите знаменитости.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ПРИЈАВУВАЊЕ НА МИНИМУМ ЕДНА ФАКУЛТАТИВА ВО АГЕНЦИЈА!

Важна напомена за екскурзиите

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.

Реализацијата на екскурзиите зависи од:

  • минимум 16 пријавени патници
  • достапност на влезници во моментот на резервација

Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Патни документи

За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање

Резервација

30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна уплата

Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 47545
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

September 2026
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
October 2026
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x