Виена-Нова година 2027
Listing Description
✨Виена – Елеганција, романтика, празнични светилки и една од најубавите новогодишни атмосфери во Европа.
Виена-Нова година 2027
Период: 30/12/2026 – 03/01/2027
1 ДЕН 30.12.2026 СКОПЈЕ-ВИЕНА
Состанок на групата пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во претходно договорено време (во периодот од 12:00 до 14:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Виена преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН 31.12.2026 ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Следува организиран разглед на градот со лиценциран локален водич. За време на разгледот ќе се запознаете со најзначајните знаменитости на австриската престолнина, градот познат по својата империјална историја, раскошна архитектура и богато културно наследство. Разгледот ќе ги опфати најпознатите знаменитости, меѓу кои: Булеварот Рингштрасе, Државната опера, Парламентот, Градската куќа (Rathaus), Универзитетот, Плоштадот Марија Терезија, Катедралата Свети Стефан – симболот на Виена… За време на разгледот ќе имате можност да ја почувствувате атмосферата на еден од најелегантните европски градови, исполнет со историски палати, плоштади и прекрасни градби… По завршувањето на разгледот следува сместување во хотел по 15:00 часот. Во вечерните часови можност за индивидуална прошетка низ празнично украсената Виена и дочек на Новата 2027 година на некој од централните плоштади или во некој од бројните ресторани, кафулиња и локали. Ноќевање.
3 ДЕН 01.01.2027 ВИЕНА
Појадок. По појадокот следува факултативна посета на дворецот Шенбрун, една од најпознатите знаменитости во Австрија и поранешна летна резиденција на династијата Хабсбург. За време на посетата ќе имате можност да ги разгледате раскошните дворски простории, богато украсените сали и да се запознаете со историјата на австриското царско семејство. По разгледот следува слободно време за прошетка низ прекрасните
барокни градини на Шенбрун, каде се наоѓаат Глориетата, Нептуновата фонтана и бројни уредени паркови. Во продолжение, слободно време во центарот на Виена за индивидуални активности, Прошетка… посета на традиционални виенски кафулиња или уживање во празничната атмосфера на градот. По завршувањето на активностите следува враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ДЕН 02.01.2027 ВИЕНА-СКОПЈЕ
Појадок и напуштање на хотелот. Можност за факултативна посета на Дунавската кула (Donauturm), една од најпознатите современи знаменитости на Виена, висока 252 метри. Со брзиот лифт се пристигнува до панорамската платформа од каде се отвора спектакуларен поглед кон целата Виена, реката Дунав и околината. За патниците кои нема да ја посетат кулата е предвидено слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 03.01.2027.
ПРОМО ЦЕНА: 209 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со високо туристички автобус според програмата,
2 ноќевања во хотел со 3* со појадок, (во околина на Виена)
Пратител и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Тутистичка такса – 4 еур/лице (за двете ноќевања)
Задолжително патничко и здравствено осигурување – 6 еур/лице (може да се изготви и во агенцијата)
Индивидуални трошоци
Факултативни излети
(Разглед на Виена со локален водич – задолжителен излет – 25 еур.)
Разглед на Виена – Задолжителен излет
Виена е еден од најпосетуваните градови во Европа, сосема заслужено. Лоциран на истокот, овој град може да се пофали со многу туристички атракции, архитектура и природни убавини. Спојот на софистицираност и природа го прави овој град идеален за туристи од секоја возраст. Панорамската тура ќе ја почнеме со посета на Рингштрасе а ќе ги видиме и Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере(индивидуална посета внатре во дворецот), Катедралата Св. Стефан и Зимскиот дворец Хофбург.
Со цел навремена резервација и соодветна организација на посетите и излетите, секој патник е должен при уплата да се изјасни за кои е заинтересиран. Накнадно пријавување ќе биде возможно само во зависност од достапноста на слободни места и влезници. Агенцијата не сноси одговорност доколку при дополнително пријавување нема можност за обезбедување на истите.
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А ВИАЏО ТРАВЕЛ и СКТМ
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 209 | 2 € 209 | 3 € 209 | 4 € 209 |
|||
| 5 € 209 | 6 € 209 | 7 € 209 | 8 € 209 | 9 € 209 | 10 € 209 | 11 € 209 |
| 12 € 209 | 13 € 209 | 14 € 209 | 15 € 209 | 16 € 209 | 17 € 209 | 18 € 209 |
| 19 € 209 | 20 € 209 | 21 € 209 | 22 € 209 | 23 € 209 | 24 € 209 | 25 € 209 |
| 26 € 209 | 27 € 209 | 28 € 209 | 29 € 209 | 30 € 209 | 31 € 209 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 209 |
||||||
| 2 € 209 | 3 € 209 | 4 € 209 | 5 € 209 | 6 € 209 | 7 € 209 | 8 € 209 |
| 9 € 209 | 10 € 209 | 11 € 209 | 12 € 209 | 13 € 209 | 14 € 209 | 15 € 209 |
| 16 € 209 | 17 € 209 | 18 € 209 | 19 € 209 | 20 € 209 | 21 € 209 | 22 € 209 |
| 23 € 209 | 24 € 209 | 25 € 209 | 26 € 209 | 27 € 209 | 28 € 209 | 29 € 209 |
| 30 € 209 |
||||||



