Египет Тура + All Inclusive Beach хотел + Рим
Listing Description
Каиро, Александија, Ал Амеин , Рим
КАИРО – срцето на древниот Египет. Прошетајте покрај Нил и доживејте ја величественоста на Пирамидите во Гиза и мистичната Сфинга. Со својата богата историја, ориентална атмосфера и живописни пазари, Каиро е идеална дестинација за незаборавно патување исполнето со култура, авантура и уникатни доживувања.
АЛЕКСАНДРИЈА – бисерот на Средоземното Море, каде историјата и морскиот ветер се спојуваат во совршена хармонија. Прошетајте покрај живописното крајбрежје, откријте древни знаменитости и уживајте во магијата на градот што со векови инспирира патници од целиот свет.
АЛ АМЕИН – мирен бисер на Средоземното Море, познат по своите прекрасни песочни плажи и историско значење. Дестинација која нуди совршен спој на релаксација, кристално чисто море и богато историско наследство.
РИМ – Вечниот град и едно од највеличествените места во светот. Прошетајте низ повеќе од 3.000 години историја и откријте ги Колосеумот, Фонтаната ди Треви, Шпанските скали, Пантеонот и живописниот кварт Трастевере. Рим е град кој плени со својата архитектура, култура и неповторлива атмосфера.
1 ден – 26.09.2026 (сабота)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред летот. Полетување за Рим во 17:10 часот. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
2 ден – 27.09.2026 (недела)
Рано напуштање на хотелот во 05:40 часот и трансфер до аеродромот. Лет за Каиро. Пристигнување во Каиро во 10:15 часот. По пристигнувањето следува разглед на Пирамидите во Гиза и Сфингата.
Во попладневните часови продолжуваме кон Сакара и Мемфис.
Опционално: Влез во пирамидите Кеопс, Кефрен, Микерин.
Опционално: Фотографирање и јавање камила.
Опционално: Влез во Сакара и посета на Пирамидата на Џосер.
Опционално: Влез во Мемфис и разглед на археолошкиот локалитет (статуата на Птах и урнатините).
Опционално: вечера на Нил.
Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден – 28.09.2026 (понеделник)
Појадок. Посета на Големиот египетски музеј или Египетскиот музеј во Тахрир, каде се чуваат непроценливи фараонски богатства, мумии и археолошки експонати од различни периоди на древниот Египет. Продолжуваме кон Каирската цитадела и посета на познатата џамија на Мухамед Али.
Во попладневните часови посета на џамијата Ал-Хусеин или Ал-Азхар, а потоа прошетка низ најпознатиот ориентален базар во Каиро – Кан ел-Калили.
Опционално: Влез во музејот.
Опционално: Влез во цитаделата и џамијата на Мухамед Али.
Враќање во хотел . Hoќевање.
4 ден – 29.09.2026 (вторник)
Појадок. Појадок. Поаѓање кон Александрија во раните утрински часови. Патувањето трае околу 3 часа.
По пристигнувањето следува разглед на Александрија со посета на најзначајните знаменитости на градот.
Опционално: Влез во Библиотеката на Александрија.
Опционално: Влез во тврдината Каитбај.
Опционално: Столбот на Помпеј и катакомбите Ком ел Шокафа.
Слободно време за прошетка покрај познатото крајбрежно шеталиште Корниш и фотографирање.
Околу 15:00 часот поаѓање кон Ел Аламеин. Патувањето трае околу 1 час. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден – 30.09.2026 (среда)
All Inclusive престој и ноќевање во ресорт.
6 ден – 01.10.2026 (четврток))
All Inclusive престој и ноќевање во ресорт.
7 ден – 02.10.2026 (петок)
All Inclusive престој. Попладне трансфер до аеродром во Александрија. Лет за Рим во 23:40 часот.
8 ден – 03.10.2026 (сабота)
Пристигнување во Рим во 02:05 часот. Трансфер до хотел и сместување. Појадок.
Панорамски разглед на Рим со посета на: Вила Боргезе, храмот на Ескулап, Пјаца дел Пополо, Шпанските скали, Пјаца ди Спања, Фонтаната ди Треви, Виа дел Корсо, Алтаре дела Патриа, Пјаца Венеција, Римскиот форум, Палатин и Колосеумот (однадвор).
Во попладневните часови трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 18:35 часот. Пристигнување во Скопје во 20:20 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: €1,499.00
-
Вклучено
- Повратен авионски билет со Wizz Air: Скопје – Рим – Каиро x Александрија – Рим – Скопје.
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40 × 30 × 20 cm
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* Рим, 2 ноќевања со појадок во хотел 4* Каиро
- 3 ноќевања со ALL Inclusive – Rixos Premium Alamein 5
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи според програмата
- Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој.
- Туристичка такса
-
Не е вклучено
- Сè што не е наведено во програмата
- Факултативни излети
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
- Традиција е да се остави бакшиш на лицата кои ви помагаат при сместувањето во хотел и превозниците
- Виза за влез во Еипет, $30, се добива на влез во земјата
-
Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






