Reset Password

НОВО
Your search results

ИСТАНБУЛ 23 ОКТОМВРИ

Со автобус, Хотел
Турција
| 0 Bedrooms|

Listing Description

ИСТАНБУЛ 

ТЕРМИН: 23.10. – 25.10.2026

Добредојдовте во магичниот Истанбул – градот на два континента, каде што историјата, културата и модерниот живот се испреплетуваат на секој чекор!
Ве покануваме на незаборавно патување низ Истанбул, каде ќе ги истражуваме најпознатите знаменитости и скриените бисери на овој фасцинантен град. Ќе прошетаме низ Капали Чаршија – еден од најстарите и најголемите покриени базари во светот, ќе го почувствуваме духот на древниот Хиподром, ќе се восхитуваме на величествената Аја Софија – симболот на византиската и османлиската ера.
Ќе уживаме во панорамско крстарење по Босфорот, каде што ќе ги видиме импресивните палати, џамии и мостови што го спојуваат Истокот и Западот. Ќе го почувствуваме пулсот на градот на познатиот плоштад Таксим, ќе се прошетаме покрај морето во живописниот Ортаќој, како и низ автентичниот азиски дел на градот – Ускудар., Ќе уживате низ Kадикој една од најпознатите и најживописни населби во азискиот дел, ќе дегустирате локуми, баклави и најпознати турски специјалитети!
Оваа програма е совршен спој на историја, култура, вкусна храна и незаборавни погледи. Подгответе се за авантура која ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве натера повторно да се вратите во Истанбул или за прв пат да го посетите!

РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 ден

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.09: 119 € / 7.380 ден

ПРВ ДЕН – 22.10.2026 (ЧЕТВРТОК)

Состанок на групата во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:0часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Се патува преку Грција.

ВТОР ДЕН – 23.10.2026 (ПЕТОК)

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Капали Чаршија со локален водич, па се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија. Слободно време за индивидуални активности. Влезот во хотелите е по 14:00ч.
Во договорено време се упатуваме кон плоштадот 
Таксим кој се смета за еден од најпознатите и најживописните места во Истанбул, лоцирано во модерниот дел од градот. Tаксим претставува симбол на урбаниот живот и е центар на културните, забавните и туристичките случувања. Од плоштадот започнува прочуената Истиклал авенија, пешачка улица долга околу 1,5 километри преполна со продавници, кафулиња, ресторани, уметнички галерии. Најголемата атракција е и ретро трамвајот што ја поврзува улицата со плоштадот. Денот го завршуваме со посета на Ortaköy  едно од најшармантните и најпосетувани соседства во Истанбул. Познат е по својата романтична атмосфера, тесните калдрмисани улички, уметничките галерии и кафулиња со поглед кон море. Најголемиот симбол на Ортакој е џамијата Ортакој (Büyük Mecidiye Camii), изградена во 19-тиот век во барокен стилОвде ќе ги најдете и најпознатите „компири од Ортакој“ (kumpir) – специјалитет со печени компири полнети со различни додатоци, кој е задолжителен за сите посетители. Ортакој е место каде што традицијата и модерниот живот се спојуваат – преку ден е совршено за прошетка и разгледување, а навечер се претвора во живо жариште со ресторани, барови и ноќен живот. По сите овие посети се упатуваме кон хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 24.10.2026 (САБОТА)

Појадок. Денот ќе го започнеме со посета на автентично турско место каде што традицијата и вкусот се спојуваат на највкусен можен начин, место каде ќе имате можност да дегустирате дел од слатките производи.
Ова не е обична продавница – туку рај за љубителите на слатко. Овде има свежо направени локуми во сите вкусови, домашни баклави кои се топат во уста, креми, преливи и уникатни турски деликатеси што не се наоѓаат на секој агол и многу други слатки традиционални производи. Местото мириса на шеќер, ореви и рози – и е совршена можност за дегустација, уживање, и, секако – шопинг! Идеално и за подарок… ако, секако, нешто остане до дома! Најубавиот момент што туку започнува а тоа е крстарење по Босфор кое претставува едно од највеличествените природни богатства на Истанбул и вистинска атракција која го прави градот единствен во светот и го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а воедно ја дели Турција на европски и азиски дел, што му дава неповторлив културен и географски шарм. Ќе имаме можност да го доживееме градот на поинаков начин. Ќе ги видиме величествените мостови, луксузните палати од турските серии кои вредат милиони и историски јали (традиционални куќи покрај море), па сè до модерните марини и рестораните на бреготСе упатуваме кон Џамијата Чамлџа – Симболот на модерниот Истанбул, кој воедно претсавува најголемата џамија во Турција и еден од најновите симболи на Истанбул. Сместена е на ридот Чамлџа, од каде што се отвора спектакуларен панорамски поглед кон целиот град и Босфорот. Изградена е и отворена во 2019 година, со капацитет од над 60.000 верници, што ја прави не само најголема во Турција, туку и една од највеличествените во светот. Архитектурата е комбинација на класичен османлиски стил и модерни елементи. Комплексот околу џамијата вклучува и музеј, библиотека, уметничка галерија и конференциски сали, што ја претвора Чамлџа во вистински културен и духовен центар.Продолжуваме кон Ускудар, едно од најстарите и најавтентични соседства на азиската страна на Истанбул. Познат по својата богата историја, духовна атмосфера и прекрасни погледи кон Босфорот, овој дел од градот нуди вистинско патување низ времето. Главна атракција е Кулата на девојката (Kız Kulesi) – легендарна градба на мало островче, која е симбол на Истанбул и поврзана со бројни митови и легенди. Од брегот на Ускудар се пружа еден од најубавите залези на сонце во градот, со поглед кон европската страна и силуетата на Султанахмет. Кратка пауза за фотографија и последно место за посета е една од најживописните, модерни и културно богати населби на азиската страна на Истанбул, со сосема поинаква енергија од историскиот центар на градот, населбата КADIKOY каде сме уверени дека најдобрите фотографии ќе ги направите токму овде. Слободно време за индивидуален разглед и уживање во населбата. Враќање во хотел. Подгответе се за вечер исполнета со ритам, боја и традиција! Ќе уживаме во вистинско ориентално шоу, трбушен плес со танчерки, вечера, неограничено пиење. Атмосферата е незаборавна – музика, танц и веселба што ќе ве однесе назад низ вековите на Отоманската империја. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 25.10.2026 (НЕДЕЛА)

Појадок. По појадокот следува одјавување од хотелот, по што се упатуваме кон посета на трговски центар каде ќе имаме околу 3 часа слободно време за шопинг, кафе или ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија со ноќно возење и попатни паузи. Се патува преку Грција. Пристигнување во Македонија во утринските часови (26.10.2026-понеделник).

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (Кочани,Штип,Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија)
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Разглед на Капали Чаршија и Хиподромот
– Туристички придружник за време на целото патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Посета на Таксим и Ортаќој- 25 (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
– ИСТАНБУЛ ПАКЕТ- 60
– Посета на продавницата за слатки и локуми
– Крстарење по Босфор
– Посета на Чамлиџа Џамијата
– Посета на Ускудар (кратка пауза за фотографирање)
– Посета на Кadikoy– најпозната населба во Азиската страна
– Традиционална турска вечер- 45 од лице (трбушен танц, неограничен алкохолен и безалкохолен пијалок и вечера)
*НАПОМЕНА:
ПРЕД УПЛАТА НА АРАНЖМАН ПАТНИКОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ИЗЈАСНУВА ДАЛИ ЌЕ КОРИСТИ ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 60 ЕВРА ПОРАДИ НАВРЕМЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА.
– Туристичка такса задолжителна доплата 5 евра од човек за двете ноќевања
– Патничко осигурување


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Деца до 2.99г.  во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
– Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра (за две ноќевања)

НАПОМЕНИ:

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А Виаџо Травел

Price Info
Price per night: € 119
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 47132
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

September 2026
M T W T F S S
 1
€ 119
2
€ 119
3
€ 119
4
€ 119
5
€ 119
6
€ 119
7
€ 119
8
€ 119
9
€ 119
10
€ 119
11
€ 119
12
€ 119
13
€ 119
14
€ 119
15
€ 119
16
€ 119
17
€ 119
18
€ 119
19
€ 119
20
€ 119
21
€ 119
22
€ 119
23
€ 119
24
€ 119
25
€ 119
26
€ 119
27
€ 119
28
€ 119
29
€ 119
30
€ 119
 
October 2026
M T W T F S S
 1
€ 119
2
€ 119
3
€ 119
4
€ 119
5
€ 119
6
€ 119
7
€ 119
8
€ 119
9
€ 119
10
€ 119
11
€ 119
12
€ 119
13
€ 119
14
€ 119
15
€ 119
16
€ 119
17
€ 119
18
€ 119
19
€ 119
20
€ 119
21
€ 119
22
€ 119
23
€ 119
24
€ 119
25
€ 119
26
€ 119
27
€ 119
28
€ 119
29
€ 119
30
€ 119
31
€ 119
 
past
today
booked
€ 119 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 119 per night