КРСТАРЕЊЕ – 4 дена : 08.10 – 12.10.2026
Listing Description
Поаѓање на 08.10.2026 во вечерните часови!
Многу ограничен број на кабини 
Крстарење со брод крузер Celestyal Discovery –
3 ноќевања на бродот, 4 дена !
Цена 599,eur по лице за сместување во двокреветни внатрешни кабини :
Лаврион – (Атина )- МИКОНОС – КУШАДАСИ – ПАТМОС – КРИТ – ( ИРАКЛИОН ) – САНТОРИНИ – ЛАВРИОН – АТИНА
ПЛАН И ПРОГРАМА
Ден 1 – 08.10(четврток) – Состанок на група и поаѓање за Атина.
Состанок на групата во вечерните часови во Битола, попатни трансфери од Скопје, Неготино, и поаѓање за Атина, преку граничен премин Богородица.
Ден 2 – 09.10 (петок) – Качување на крузер и посета на Миконос
Пристигнување во Атина во утринските часови.Качување на крузерот и во 13:00ч испловување од Атина кон Миконос. Пристигнување на Миконос во 18:00ч каде имаме слободно време за разглед до 22:30ч. Испловување кон Кушадаси.
Ден 3 – 10.10 (сабота) – Кушадаси и Патмос
Пристигнување во Кушадаси во околу 07:00 каде имаме слободно време за прошетка. Враќање на бродот во 12:30ч и испловување кон Патмос. Пристигнување на Патмос во 16:30ч каде имаме слободно време за прошетка до 21:00ч. Испловување кон Крит (Ираклион).
Ден 4 – 11.10 (недела) – Крит (Ираклион) и Санторини
Пристигнување на Крит (Ираклион) во раните утрински часови. Прошетка со пратителот . Враќање на крузерот во 11:30ч за ручек и испловување кон Санторини. Пристигнување на Санторини во околу 16:30ч. Прошетка со пратителот. Враќање во крузерот во 21:00ч. Вечера. Испловување кон Атина.
Ден 5 – 12.10 (понеделник) – Атина разглед и поаѓање за Македонија
Крузерот не враќа во пристаништето на Атина, од каде што го започнавме нашето крстарење.Слегуваме од бродот, но нашата приказна сеуште трае, продолжува, во Атина, градот именуван по божицата Атена, славна и безвременска, каде што античките урнатини се среќаваат со просперитетна метропола, од иконскиот Акропол кој величествено гледа на градот до раздвижените таверни кои нудат деликатеси, Атина плете волшебна таписерија од историја, кујна, уметност и ноќен живот што сигурно ќе ги зароби сетилата …
Разглед панорамски на Атина со локален водич.(Разгледот е вклучен во цената). Во 14:30 ч. поаѓање за Македонија, попатни паузи…Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Крстарење со новиот брод крузер Celestyal Discovery
Крузерот има капацитет од 1266 патници, 500 лица посада, 12 ката, на кои има 4 ресторани, 7 барови, базен, џакузи, спа, теретана, дискотека, театар, казино.
Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биде доплатен најдоцна до 31 ден пред поаѓање.
ОТКАЗЕН РОК :
- Од 90 до 60 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 35% од вкупната цена,
- Од 59 до 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 50% од вкупната цена,
- Од 29 дена до почетокот на патувањето се задржува 100% од вкупната цена.
НАПОМЕНА : За ова патување пасошот мора да биде биометриски и да биде валиден уште минимум 6 месеци од денот на враќање !
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 599 | 2 € 599 | 3 € 599 | 4 € 599 | 5 € 599 | 6 € 599 |
|
| 7 € 599 | 8 € 599 | 9 € 599 | 10 € 599 | 11 € 599 | 12 € 599 | 13 € 599 |
| 14 € 599 | 15 € 599 | 16 € 599 | 17 € 599 | 18 € 599 | 19 € 599 | 20 € 599 |
| 21 € 599 | 22 € 599 | 23 € 599 | 24 € 599 | 25 € 599 | 26 € 599 | 27 € 599 |
| 28 € 599 | 29 € 599 | 30 € 599 |
||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 599 | 2 € 599 | 3 € 599 | 4 € 599 |
|||
| 5 € 599 | 6 € 599 | 7 € 599 | 8 € 599 | 9 € 599 | 10 € 599 | 11 € 599 |
| 12 € 599 | 13 € 599 | 14 € 599 | 15 € 599 | 16 € 599 | 17 € 599 | 18 € 599 |
| 19 € 599 | 20 € 599 | 21 € 599 | 22 € 599 | 23 € 599 | 24 € 599 | 25 € 599 |
| 26 € 599 | 27 € 599 | 28 € 599 | 29 € 599 | 30 € 599 | 31 € 599 |
|





