Reset Password

НОВО
Your search results

Крстарење 8 ДЕНА НА 3 МОРИЊА | ИТАЛИЈА – ГРЦИЈА – ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА |

Крстарењa
Грција
| 0 Bedrooms|

Listing Description

АТИНА – КЕФАЛОНИЈА – ДУБРОВНИК – КОТОР – БАРИ – КРФ – КАТАКОЛОН – АТИНА

ПЛАН И ПРОГРАМА

1 Ден – (петок) – Состанок на групата и поаѓање за Атина

Состанок на групата во вечерните часови во Битолаи поаѓање за Атина.

2 Ден – (сабота) – Атина

Пристигнување  во пристаништето на Пиреа – Атина во утринските часови , чекирање на крузерот, сместување, и можете да почните со истражување  и  уживање на  крузерот, храна, забави …Во 13:00ч. крузерот  го напушта пристаништето на Атина ,ја започнува својата пловидба се упатува кон  прекрасниот остров Кефалонија …

3 Ден – (недела) – Кефалонија – Грција

Пристигнување на крузерот : 09:00ч.
Поаѓање на крузерот од Кефалонија : 16:00ч.Пристигнување на крузерот на тиркизната Кефалонија, островот ,на пејсажите, плажите, дивиот  свет, островот наречен според митолошката фигура Кефалус, најголем во архипалогот на кој припаѓа, од Јонските острови… Кефалонија, островот, ,каде неговите жители , го играат националниот “танц на орлите“balos”, живописниот островот на  просперитетна  природа,богата со пештери , геолошки феномени- езерото на нимфата Мелисани,географското чудо кое е тука , за да ја раскажува легендата за невозвратената љубов на Мелисани од богот Пан…Кефалонија, островот на  уникатни морски видови –  морската желка Логерхед, -“ карета “ едно од најфасцинантните суштества на планетата, еден од најстарите видови во светот,чии  огромни глави, бронзени школки и килибарна кожа ги издвојуваат од другите видови желки,долги од 1 до 1,2 метри, тежат до 350 килограми и имаат животен век од 65 или повеќе години,а Кефалонија е  најпознатото место во светот за  нивно  гнездење…  Кефалонија е дом на уште еден загрозен вид, Монах фока (или познат и како Monachus monachus), а во Европа, овој вид се смета за најзагрозен, а може да се најде само во Средоземното Море… Можност за факултативна екскурзија со локален водич (со доплата) и прошетка со претставник.
Во 16:00ч часот , крузерот го напушта пристаништето , и се упатува кон Јадранските води, пристаништето на Дубровник… а за тоа време вие препуштете се и уживајте во храната и забавите на прекрасниот крузер , Celestyal Journey …

4 Ден – (понеделник) – Дубровник- Хрватска

Пристигнување на крузерот : 12:00ч.
Поаѓање на крузерот од Дубровник : 02:30ч.

Вашите  медитерански фантазии  стануваат реалност, крузерот застанува во сафирните води на  пристаништето на древната Рагуза, Дубровник, бисерот на Јадранот и Хрватска…Целиот во камен, стариот град, неговите монументални  ѕидини, долги 1.940  метри и високи 25 метри ,го покажува целиот свој барокен сјај ,со палатите и црквите што го опкружуваат,а вие ќе почувствувате стравопочит, тука во земјата на чудата, во пристаништето на  Кингс Лендинг,во градот на “Game of Thrones”…за оние кои ја гледале серијата ,посетата на Дубровник ќе стане прекрасно дежа ву поради начинот на кој таа беше толку добро интегрирана во сценографијата на серијата,зашто со база, Стариот град Дубровник, не беа потребни посебни мерки за сценографија и специјални ефекти… Тука , во градот на поетот Гундулиќ, во времето на вековната Република Дубровник, чии  кораби пловеле по светските мориња сè до Англија, Индија и Америка,се создадени ,најстариот документ за поморското право во светот и најстариот европски закон за поморско осигурување , а тука е  и најстарата европска аптека која постојано се користи за фармацевтски цели!

Утврдената кула Минчета  е еден од најтрајните симболи на градот и неговата слобода, како и едно од најубавите утврдувања во светот…   изгледа како круна,всушност, таа во минатото навистина била „круна на убава жена“ (La belle femme), односно бронзен топ кој тежел дури 70 тони!

Прошетка со нашиот претставник , а за тоа ,нашиот најдобар „билет“ за да започне оваа магија ,е една од портите на градските sидини, Пиле и Плоче…а пред Пиле , тврдината Ловријенац од десната страна, камен џин чија дебелина на ѕидот во некои делови достигнува дури 12 метри…а потоа плоштадот Плаца, и главната артерија по која е познат Дубровник, Страдун, главната и најстарата улица во градот овде, каде некогаш чекореле историски личности, денес шетаат кралски членови, познати актери, пејачи, спортисти … а ќе чекорите и вие заедно со нашиот претставник,можеби  и вие ќе наполните вода од Големата Онофрониева фонтана , каде пред 600 години започнале да полнат вода  жителите на градот … Во 02.30 часот после полноќ , крузерот ќе замине од пристаништето на овај  хрватски бисер, за да ве однесе во нова авантура, пристаништето на  Котор, а дотогаш вие уживајте во можностите што ви ги пружа вашиот прекрасен брод…

5 Ден – (вторник) –Котор – Црна Гора

Пристигнување на крузерот : 08:00ч.
Поаѓање на крузерот од Котор : 17:00ч.

Крузерот влегува во срцето на најдлабокиот и најдолгиот залив на Јадранското Море,наречен  најјужен фјорд на Европа, Которскиот залив,познат како Бока ,каде карпите на  планината Ловќен ,заедно со карпите на  највисокиот субјадрански, динарски ,медитерански , варовнички планински венец, Орјен ,  исцртале  еден од највеличествените  предели на Медитеранот, а во нивното подножје го скриле  Црногорскиот бисер , градот Котор,чие  старо медитеранско пристаниште , е опкружено со импресивни градски  ѕидини. Котор, тука, како да се гушнале морето и планините, за да го заштитат овај средновековен бисер, а нивната рефлексија во заливот , како во огледало го  отсликува  нивниот совршен спој. Котор, стар древен град кој формира тријаголник,,полн со историја и традиција ,со 3 стилски  капии , од која и да влезите , секоја ќе ве однеси до катедралата на заштитникот на  градот – Свети Трифун. Обвиткан со ѕидини долги 5 километри, високи 20 а широки 10 метри ,тие  се единствен примерок на фортификациската  архитектура  во Европа ,кои го штителе градот со векови, ѕидини кои водат до  брдото и  прекрасната тврдина Свети Иван. Котор, никого не го остава рамнодушен, старото јадро на Котор денес се смета за најдобро зачуваниот средновековен урбан ентитет на Медитеранот,Котор е заштитен од УНЕСКО , како културно наследство.
Прошетка во Котор со претставник, стариот град кој е фасцинантно искуство, мали плоштади,чсовникот на градското собрание, ,тесни улички , православни цркви од 9 и 11 век,, стари куќи и дворови, ресторани, кафетерии,занаетчиски дуќани , галерии … можите и да се искачувате и по ѕидините на градот … Во 17:00ч. часот нашиот крузер ќе го напушти пристаништето , а ние оддалечувајќи се од брегот, ќе се трудиме да ги зачуваме и последните слики од овај бисер…  а крузерот  како одличен домаќин, ќе не угостува и забавува , додека плови , за да не однесе до  наредната дестинација,Италија , пристаништето на Бари .

6 Ден – (среда) –Бари – Италија

Пристигнување на крузерот : 08:00ч.
Поаѓање на крузерот од Бари : 17:00ч. 

Крузерот пристигнува на  “ балконот на Медитеранот “- областа Пулија,, необична и живописна, каде времето застанало , а  архаични јужни италијански градови – богатства ,како „божиќен чорап“, се редат додека се спуштате по петицата на Апенинскиот полуостров на Италија ,долж јадранскиот брег.Еколошки пречист предел, мирисот на маслини,магијата што се наоѓа помеѓу две мориња, автентичните кукички, сигурно се причината на високиот просек на долгиот животен  век  на населението,над 82 години старост,…  Типична сценографија од стари италијански филмови од најдобрите времиња, сè зрачи со топлина,добронамерност,насмевки, Италија во носталгичен, ретро стил,  културното наследство, поезијата, музиката, хедонизмот, убавината на јужна Италија,а тука во близина на Отранската Порта,крузерот се укотвува во пристаништето на Бари,главниот град на Пулија,кој од таа причина бил стратешки важен.Жив медитерански град со турбулентна историја, што веднаш може да се види во архитектурата на градот, како и темпераментот на неговите жители. Стариот дел на градот е најголемата атракција и најважниот дел на Бари. Се карактеризира со високи ѕидови кои го штителе градот од ветровите, тесните калдрмани улици и бели згради со препознатливи железни балкони. Некои од главните атракции на градот се црквата Свети Никола – големо светилиште изградено во 1087 година за да се чуваат моштите на Свети Никола, катедралата Свети Сабино  – Романска црква од 13 век со подземна крипта која содржи антички реликвии, замокот Бари ( Castello Svevo di Bari) од 12 век со прекрасен поглед на градот, плоштадот Меркантил : Piazza Mercantile), театарот Петручели (: Teatro Petruzzelli) – четврти по големина театар во Италија… Само на 60 – тина  километри се наоѓа Арбелобело –  препознатлив по многуте бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век… . на иста оддалеченост ,само кон запад , се наоѓа Матера,  градот познат по својата зачувана автентичност, под заштита е на УНЕСКО и од 2019 година прогласен за престолнина на Европската култура. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност… Можност за факултативна посета на Алберобело со локален водич (со доплата), и прошетка во Бари со претставник од Кри турс. Во 17:00 часот, крузерот го напушта пристаништето на Бари , за да не однесе  на островот Крф, каде не чека прекрасниот град Керкира, за да ни ја раскаже својата приказна, а ние додека стигнеме ќе уживаме во убавините и услугите на нашиот прекрасен крузер…

7 Ден – (четврток) – Керкира – Крф- Грција-

Пристигнување на крузерот : 08:00ч.
Поаѓање на крузерот од Крф : 18:00ч. 

Крузерот се укотвува на пристаништето на најсеверниот од островите на архипелагот на Јонското Море , островот,Крф, шармантниот остров кој носи богато историско минато, со влијанија од венецијанската, француската и англиската култура кои ја обликуваа уникатната архитектура на островот, на пристаништето на градот  Керкира ,неговиот истоимен  главен, живописен град.Крф е еден од најубавите и најромантичните острови на Јонското Море.Од бујни зелени ридови до благородни дворци и од идилични плажи до импресивни музеи, овој остров има сè што е потребно за да го задоволи секој тип на патник. Неверојатно е како различните страни на овој идиличен остров коегзистираат во хармонија! Палатата Ахилион, некогашното повлекување на принцезата Сиси од Австрија, палатата Мон Репос, каде што е роден Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, прекрасната Панагија Влачерна и островот Понтикониси (Глувче). Ќе ве натераат уште подлабоко да се заљубите во Крф!Тешко ќе можите да се одлепите од волшебниот  град Крф,(Керкира),кој под силно влијание на Венецијанците, Французите и Англичаните,  е брилијантна база за истражување. Изгубете се во тесните калдрма, таканаречената „кандунија“, посетете музеи, како што е Музејот на азиска уметност, прошетајте по познатото шеталиште Листон, прошетајте низ огромниот плоштад Спианада… на моменти додека шетате низ градот ќе се почуствувате како да сте низ некои улички низ Венеција, Барселона, Дубровник…  Целиот град на Крф истиснува носталгичен шарм !Ќе го видите славното минато на островот, рефлектирано во неговите импозантни палати, благородни дворци, прекрасни музеи и шармантни плоштади, едноставно градот ќе ве фасцинира, никако неможите да останите рамнодушни… Прошетка во градот Крф со претставник. Во 17.00 часот,крузерот го напушта пристаништето на овај  прекрасен град, но  забавата продолжува на крузерот , Celestyal Journey , секогаш има некој нов специјалитет или мјузикл со кој ке ве воодушеви, додека плови  кон  наредното пристаниште Кaтaколо…

8 Ден – (петок) – Катаколо – Грција

Пристигнување на крузерот : 08:00ч.
Поаѓање на крузерот од Катаколо : 15:00ч.

Пристигнување на крузерот на западниот периметар на полуостровот Пелопонез, во пристаништето на Катаколон , градот кој иако е атракција сам по себе, дефинитивно е град кој е  портал за извонредната Олимпија, домот на античките Олимписки игри. Првите Олимписки игри се одржаа овде, во 776 година п.н.е. и таму се одржа првиот олимписки оган. Почнувајќи од новомодернизираното пристаниште Катаколон во западен Пиргос, на ова природно извонредно длабоко пристаниште, се укотвуваат и најголемите крузери , носејќи илјадници туристи во овој уникатен град. Овој мал град е слабо населен со мала популација каде што можеби бројот на поморски туристи е поголем од жителите. Да се ​​биде оддалечен  само еден час возење  од урнатините на градот Олимпија, оригиналната  олимписка локација беше домаќин на игрите на секои четири години, од 776 година п.н.е. за неверојатни 12 века. Во 776 п.н.е. готвач од блискиот Елис, наречен Кориобос, победил на првата трка на стадионот. Стадион е термин за трка која опфаќа 600 линеарни стапки. Меѓутоа, поновите спротивни археолошки докази покажуваат дека игрите можеби датираат дури од 9 или 10 век п.н.е.

Се разбира, овие игри во никој случај не беа големината на современите Олимписки игри, оригиналните локации се мали. Обичајот на олимпискиот факел е пламенот да се пали во Олимпија на начинот на кој се пали уште од античко време, од рефлектираните зраци на параболичното огледало поставено во преден план на Храмот на Хера. Оттаму го започнува своето патување до најновите Игри, каде и да се тие, носејќи го буквално илјадници на патот. Ова место на светско наследство на УНЕСКО е местото каде што сè започна во 776 п.н.е. и ќе ги воодушеви сите, без разлика дали се следбеници на атлетиката или не.

Во близина, лозјето Mercouri Estate е задолжително за љубителите на виното, не заборавајќи на импозантниот замок Chlemoutsi, сместен на врвот на еден рид. Прошетка во Катаколон со претставник. Во 15:00 часот, крузерот  го напушта пристаништето на  Катаколон  и се упатува кон Атина,а  вие уживајте во последната  ноќ на прекрасниот  крузер…

9 Ден – (сабота) – Атина

Крузерот не враќа во пристаништето на Атина, од каде што го започнавме нашето крстарење.Слегуваме од бродот, но нашата приказна сеуште трае, продолжува, во Атина,градот  именуван по  божицата Атена, славна и безвременска, каде што античките урнатини се среќаваат со просперитетна метропола, од  иконскиот Акропол кој величествено гледа на градот до раздвижените таверни кои нудат  деликатеси, Атина плете волшебна таписерија од историја, кујна, уметност и ноќен живот што сигурно ќе ги зароби сетилата …

Панорамски разглед на Атина со локален водич.(Разгледот е вклучен во цената). Во 14:30 ч. поаѓање за Македонија, попатни паузи…Пристигнување во Македонија во доцните часови.

Брод крузер – CELESTYAL JOURNEY 

Крузерот има капацитет од 1260 патници, 500 лица посада, 12 ката, на кои има 8 ресторани, 8 барови, 2 базени, 2 џакузи, спа, теретана, дискотека, театар, казино, тениско и кошаркарско игралиште.

Сите кабини се опремени со клима уред, туш, WC, ТВ, телефон, сеф и фен за коса.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната сума, остатокот треба да биде доплатен најдоцна до 31 ден пред поаѓање.


ОТКАЗЕН РОК :

  • Од 90 до 60 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 35% од вкупната цена,
  • Од 59 до 30 дена пред патувањето, се задржува од страна на агенцијата 50% од вкупната цена,
  •  Од 29 дена до почетокот на патувањето се задржува 100% од вкупната цена.
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 43927
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

June 2026
M T W T F S S
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
July 2026
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x