САРАЕВО- МОСТАР 11 Октомври
Listing Description
Сараево – главен град и културен центар на Босна и Херцеговина. Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. Наречен „Ерусалим на Европа” или „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.
Прв ден: 09.10.2026 (Петок ) Кавадарци – Сараево
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Втор ден: 10.10.2026 (Сабота)Сараево
Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, катердалата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовитe. Смесување во хотел.
Трет ден: 11.10.2026 (Недела) Сараево – Врело Буна -Јабланица – Мостар – Сараево
Појадок.По појадокот се оди према Мостар (факултатива), имаме околу час и половина за возење. Попатно застанување за фотографирање во Јабланица (мостот кај ‘битката на Неретва’). Па се упатуваме кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, Врело Буне,извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. По разгледите продолжуваме кон МОСТАР. Како град претставува административен центар на кантонот Херцеговина и е изграден покрај реката Неретва. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва. Ќе имате можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар но и на Босна и Херцеговина.Ноќевање.
Четврти ден: 12.10.2026 (Понеделник ) Сараево – Босански Пирамиди – Вишеград – Кавадарци
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри пирамидата на Сонцето е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот ‘‘Равно 1” во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.
***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот. Одјавување од хотелот.
Заминување кон Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот “Мостот на Дрина” на Иво Андриќ. Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град” познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.
Враќање кон Македонија со попатни паузи.
Петти ден: 13.11.2026 (Вторник )
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА – 119 евра (7 380 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ – 135 евра (8.370 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација;
- Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
- Разгледување на Сараево со локален водич;
- Разглед на Андрич град;
- Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патувањето е од туристички катактер затоа задолжително треба да се избери барем една од понудените факултативи :
Бр.1: Полудневен излет до Мостар (разглед + Врело Буна +Јабланица) – 60 евра – минум 35 патници;
Бр.2: Постета на Босански Пирамиди – 30 евра (миниум 30 патници);
Босански пакет ( Мостар + Босански Пирамиди) – 80 евра.
- Туристичка такса 5 евра – се плаќа во агенција;
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
- Крстарење на Дрина 10 евра по лице
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
– Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
– Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;
– Доплата за дополнително седиште 100 евра;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 3 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот за овој аражман може да се патува и со лична карта.
– Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
– За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Виаџо Травел и СКТМ.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 119 | 2 € 119 | 3 € 119 | 4 € 119 | 5 € 119 | 6 € 119 |
|
| 7 € 119 | 8 € 119 | 9 € 119 | 10 € 119 | 11 € 119 | 12 € 119 | 13 € 119 |
| 14 € 119 | 15 € 119 | 16 € 119 | 17 € 119 | 18 € 119 | 19 € 119 | 20 € 119 |
| 21 € 119 | 22 € 119 | 23 € 119 | 24 € 119 | 25 € 119 | 26 € 119 | 27 € 119 |
| 28 € 119 | 29 € 119 | 30 € 119 |
||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 119 | 2 € 119 | 3 € 119 | 4 € 119 |
|||
| 5 € 119 | 6 € 119 | 7 € 119 | 8 € 119 | 9 € 119 | 10 € 119 | 11 € 119 |
| 12 € 119 | 13 € 119 | 14 € 119 | 15 € 119 | 16 € 119 | 17 € 119 | 18 € 119 |
| 19 € 119 | 20 € 119 | 21 € 119 | 22 € 119 | 23 € 119 | 24 € 119 | 25 € 119 |
| 26 € 119 | 27 € 119 | 28 € 119 | 29 € 119 | 30 € 119 | 31 € 119 |
|





