Болоња – Пиза – Џенова – Милано 21.09.2026-24.09.2026 АВИОН
Listing Description
Болоња – Пиза – Џенова – Милано
Милано – модерна метропола на северна Италија, позната по економијата и модната индустрија. Градот нуди динамичен урбан живот и многу можности за културни и деловни активности.
Џенова – приморски град на северозападна Италија со богата историја и тесни, живописни улици. Морската атмосфера и пристаништето ја прават градската средина посебно привлекувачка.
Пиза– е позната по својата светски славна Крива кула, но овој шармантен тоскански град нуди и богата историја, прекрасна архитектура и живописна атмосфера покрај реката Арно. Со своите плоштади, катедрали и автентични италијански улици, Пиза е совршена дестинација за кратко културно и романтично патување.
Болоња – е град познат по својата богата историја, средновековна архитектура и врвна италијанска гастрономија. Со своите препознатливи аркади, живи плоштади и најстариот универзитет во Европа, Болоња нуди уникатен спој на култура, традиција и автентична италијанска атмосфера.
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.Директен лет од Скопје до Болоња со авиокомпанијата WIZZ AIR во 19:05ч. Пристигнување во Болоња во 20:55 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување во хотел и ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана разглед на Болоња со главните знаменитости, плоштадот Maggiore, фонтаната Нептун, базиликата San Petronio, плоштадот Santo Stefano, двете кули Asinelli and Garisenda. Продолжување за Пиза. Разглед на Пиза. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Тргнување за La Spezia во 08:30 до железничката станица. Патувањето продолжува со воз. Заминување со воз за Manarola – застанување и разглед околу 1 час. Заминување со воз за Varnazza – застанување и разглед околу 1 час. Заминување со воз за Monterosso – застанување и разглед околу 1 час. Заминување со воз за Levanto – затсанување и разглед околу 30 минути. Патувањето продолжува Rapallo и трае околу 1 час, панорамски разглед и се продолжува за Портофино и Santa Margherita di Ligure со краток разглед. Се продолжува за Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Панорамски разглед на главните знаменитости на Џенова – театарот, плоштадот, San Lorenzo катедралата, пристаништетот итн. Патувањето продолжува за Милано и трае околу 2,5 часови. Разглед на Милано – главниот плоштад и катедралата Duomo. Vittorio Emanuele II Gallery, театарот La Scala. Попладне трансфер до аеродромот. Поаѓање за Скопје во 21:25. Пристигнување во Скопје во 23:15
Цена по лице: €429.00 / Вкупно за 2 лица €858.00
-
Вклучено
- Авионска карта на релација Скопје – Болоња и Милано – Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
-
Не е вклучено
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
-
Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






