Цирих- Базел – Женева 17.09.2026-20.09.2026 АВИОН
Listing Description
Цирих- Базел – Женева
Цирих – Цирих е атрактивна туристичка дестинација која нуди совршен спој на природна убавина, историски знаменитости и модерен градски живот, со прекрасно езеро, шармантен стар град и богата понуда на музеи, ресторани и шопинг.
Базел – Базел е културен и космополитски град на брегот на Рајна, познат по врвните музеи, историското старо градско јадро и како важен центар за уметност, фармација и меѓународни настани.
Женева – Женева е елегантен град сместен покрај Женевското Езеро, познат по својата космополитска атмосфера, прекрасните паркови, луксузните бутици и значајните меѓународни институции..
Програма
1 ден
Директен лет од Скопје до Базел. Поаѓање во 06:30 часот. два часа пред време за лет состанок на групата на аеродром Скопје. Пристигнување во 08:50 часот.. Панорамски разглед на Базел, мостот Wettsteinbrücke преку реката Рајна што тече низ градот. Застанување во близина на Музејот на уметноста во градот од каде што започнува прошетката која се прави пеш за да се разгледа средновековниот стар град Базел, катедралата од 11 век, која се нарекува Münster и централниот плоштад М каде што се наоѓа и импресивното градско собрание. Сместување во хотел.Ноќевање.
2 ден
Појадок. Тргнување за Цирих, патувањето трае 1,5 часа Разглед на градот, од главниот плоштад кадешто се наоѓа Операта. Пешачка тура со поминување до Rathaus, Grossmünster и Fraumünster и Peterkirche . Поаѓање за Луцерн, патувањето таре околу 1 час. Луцерн е познат уште како градот на Мостовите, и тука се гледаат најпознатите знаменитости – мостот Kappelbrücke, стариот град, црквата St. Leodegar. Попладне заминување за Берн , главниот град на Швајцарија. , патувањето трае околу 1,5 часа. Во Берн се посетува стариот град кој е под заштита на Унеско , градското собрание, градската катедрала, местото каде што била куќата на Алберт Ајнштајн. саат кулата позната како Zytglogge. Поаѓање за Интерлакен, се патува околу 1 час.Сместување и ноќевање во хотел.
3 ден
Појадок. Интерлакен е убав град кој се наоѓа помеѓу две езера. разглед на стариот град, прошетка по главната улица и плоштадот. прошетката завршува во паркот Hohëmatë. Заминување за Лозана. патувањето трае околу 1 час. Овој град е познат како главниот град на Олимписките игри, и разгледот започнува пред Олимпискиот музеј. потоа се посетува стариот град плоштадот. Попладне се тргнува за Женева. Патувањето трае околу 2,5 часа. Џенова познат како главниот град на часовниците. Посета на Англиските градини каде што може да се види Цветниот саат. потоа се посетува стариот град, катедралата St. Peter, Reformers’ Wall, градското собрание, прошетката завршува кадешто се наоѓаат интернационалните организации – Обединетите Нации UNO.Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно предпладне. Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел – Скопje. Поаѓање во 20:50 часот. Пристигнување во 23:00 часот.
Цена по лице: €479.00 / Вкупно за 2 лица €958.00
-
Вклучено
- Авионска карта на релација Скопје- Базел со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Рачен бесплатен багаж 3kg
- 3 ноќевања со појадок во хотел Comfort Life Istanbul или сличен
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани трансфер според програмата
- Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој
-
Не е вклучено
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
-
Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- 4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






