Idyllic Greece од Атина 23.10.2026
Listing Description
Idyllic Greece од Атина
7 дена – 5 ноќи
23.10.2026
Со претставник, вклучени разгледи и автобуски превоз
СКОПЈЕ – АТИНА – КУШАДАСИ – РОДОС – КРИТ –
САНТОРИНИ – МИКОНОС – АТИНА – СКОПЈЕ
Откријте ги убавините на Егејското Море со нашето незаборавно шестдневно
крстарење по грчките острови.
Крстарењето ќе ве одведе до Кушадаси, Родос, Крит, Санторини и Миконос, каде што
ќе имате можност да го почувствувате автентичниот дух на Егејот, да ги истражите
значајните историски знаменитости, да уживате во локалните вкусови и да создадете
незаборавни спомени.
Од античките локалитети и историските градови, преку живописните улички и
традиционалните села, до островски пејзажи и тиркизното море – секоја дестинација
носи свое уникатно искуство и приказна.
1 ДЕН | Атина | Поаѓање за Атина
Состанок на групата и поаѓање за Атина со автобус.
2 ДЕН | Атина | Испловување во 17:00 часот
Од 12 до 16:00 часот чекирање – Бродот испловува во 17:00 часот и
започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на
светлината – Атина. Вечера на брод,
Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.
3 ДЕН | Кушадаси | Испловување во 18:00 часот
Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 08:00 часот. Ручек.
Слободното време може да го искористите за прошетка по убавото
крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и
дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за
факултативна екскурзија посета на Ефес или некои други. Враќање на
бродот и вечера на брод.
Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Родос.
4 ДЕН | Родос | Испловување во 18:00 часот
Пристигнување во Родос во 08:00.
Појадок. Импресивниот пејзаж на Родос, беспрекорно ги спојува
драматичните антички и историски локалитети со шармантните
модерни ридски села. Тука ќе ја посетите величествената
средновековна тврдина на Акрополот во Линдос, сместена на врвот на
карпа над кристално чистото Егејско Море, и ќе ги истражите
калдрмите и тесните премини во Стариот град, каде што ќе откриете
раскошна архитектура со османлиско и италијанско влијание. Ручек.
Поаѓање од Родос во 18:00. Вечера на брод.
Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит (Агиос
Николаос).
5 ДЕН | Крит (Агиос Николаос) | Испловување во 20:00
часот
Пристигнување во Крит во 08:00.
Појадок. Во Крит ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини
од 16ти век на тврдината Кулес.
Слободно време за посета на малите критски села или палатата на
Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии.
Ручек. Поаѓање од Крит во 20:00. Вечера на брод.
Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.
6 ДЕН | Санторини и Миконос | Испловување во 23:59
часот
Пристигнување во Санторини во 07:00 часот.
Појадок. Слободно време за уживање во убавините на овој магичен
вулкански остров.
По желба, можете да се пријавите за некоја од факултативните
екскурзии и да ги откриете најпознатите места на Санторини –
живописната Оја и Фира, препознатливите бели куќи со небесно
сини куполи, спектакуларните погледи кон калдерата и уникатниот
вулкански пејзаж на островот.
Во 13:00 часот испловување од Санторини кон Миконос. Ручек
на крузерот. Пристигнување во Миконос околу 18:00 часот.
Време за прошетка низ шармантните тесни улички на Хора, откривање
на познатите ветерници и уживање во прекрасното зајдисонце над
островот. Вечерта продолжува со можност да ја почувствувате
препознатливата космополитска атмосфера на Миконос, со бројните
кафулиња, барови и ресторани, како и познатиот динамичен ноќен
живот.
Испловување од Миконос во 23:59 часот.
Ноќевање и ноќно крстарење до Атина.
7 ДЕН | Атина | Поаѓање за Скопје
Пристигнување во Атина во 07:00 часот каде завршува ова преубаво
крстарење. Појадок.
Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот
личен багаж. По појдокот одјавување од бродот и панорамски разглед
на Атина а по разгледот во попладневните часови поаѓање за Скопје.
Цени по лице за сместување:
23.10.2026 :
819 еур за внатрешна кабина
979 еур. за надворешна кабина
1.499 еур за кабина со балкон
Дете до 2 години плаќа 289 еур, а од 02-11 години за сместување во било која кабина, цената е 629 еур
Цена за сместување соло патник во било која од кабините е иста
Цени за сместување во трокреветна или четворокреветни кабини на барање.
Во цената се вклучени следниве услуги:
5 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
Автобуски превоз на релација Скопје – Атина – Скопје
Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур
Забава на брод со безброј разни активности и анимации
Полн пансион со вклучени безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина
Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време
Основен WI-FI интернет
Туристички пратител
Во цената не е вклучено:
Медицински услуги
Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
Услуги во спа центарот и услуги за убавина
Патничко осигурување
Факултативни излети
Препорачуваме 1 еур. на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот.
Туристичка такса на островите
Важна напомена:
Чекирањето на бродот е од 12:00 – 16:00 по локално време
За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
Индивидуални излети/посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
За резервација задолжителна е уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
За овој аранжман важат општите услови на патување на ВИАЏО ТРАВЕЛ и Целестијал
За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
Цените важат за резервации до 30.09.2026!
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 819 | 2 € 819 | 3 € 819 | 4 € 819 | 5 € 819 | 6 € 819 |
|
| 7 € 819 | 8 € 819 | 9 € 819 | 10 € 819 | 11 € 819 | 12 € 819 | 13 € 819 |
| 14 € 819 | 15 € 819 | 16 € 819 | 17 € 819 | 18 € 819 | 19 € 819 | 20 € 819 |
| 21 € 819 | 22 € 819 | 23 € 819 | 24 € 819 | 25 € 819 | 26 € 819 | 27 € 819 |
| 28 € 819 | 29 € 819 | 30 € 819 |
||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 819 | 2 € 819 | 3 € 819 | 4 € 819 |
|||
| 5 € 819 | 6 € 819 | 7 € 819 | 8 € 819 | 9 € 819 | 10 € 819 | 11 € 819 |
| 12 € 819 | 13 € 819 | 14 € 819 | 15 € 819 | 16 € 819 | 17 € 819 | 18 € 819 |
| 19 € 819 | 20 € 819 | 21 € 819 | 22 € 819 | 23 € 819 | 24 € 819 | 25 € 819 |
| 26 € 819 | 27 € 819 | 28 € 819 | 29 € 819 | 30 € 819 | 31 € 819 |
|





