Reset Password

Your search results

Karidi Beach Apartments – Vourvouru

Вила
Вурвуру, Грција, Ситонија, Халкидики
| 0 Bedrooms|

Listing Description

Вурвуру – Karidi beach apartments

Вурвуру е мал град на источниот брег на Ситонија на околу 120 км од Солун Местото се протега по автопатот крај брегот,изобилува со рајски плажи, зеленило и тиркизна вода, а во исто време има и многу борови дрвја и маслинови градини кои даваат особена свежина во летните денови.Областа помеѓу Вурвуру и Сарти се смета за област со најубавите плажи во Ситонија. Плажата кај Вурвуру е долга, со убав бел песок, што се протега од тесниот полуостров Ксифар,сè до Заливот Кариди, каде се наоѓа најпопуларната плажа Karidi beach.Убедливо е најатрактивна локација на вториот крак.Истата преставува вистински егзотичен бисер со својата фантастична тиркизна боја на водата и ситен бел песок.Сместена е на 2км од Вурвуру,односно на самиот крај на местото,оваа плажа е лесно достапна,а дополнителен плус е тоа што може да го сместите вашиот автомобил во сенка бидејки во внатрешноста има борова шума коja се простира речиси до самата плажа што само дополнително го зголемува впечатокот бидејќи нуди природен штит од жешкото сонце.Истата не е организирана,па затоа е потребно да понесете свои чадори и лежалки и да пристигнете порано за да си обезбедите соодветно место.Има кантина која нуди освежителни пијалоци и брза храна по многу пристојни цени,додека за прав ручек препорачуваме да го посетите ресторанот Мелиа во кој се служи традиционална грчка кујна,лоциран на самиот влез на плажата.Покрај оваа плажа исто така препорачуваме да ги посетите и овие прекрасни плажи кои се во близина: Fava Beach,TalgoPortokali Beach,Lagonisi, Kalogria, Mango, Koviou,Trani Ammouda,Armenistis beach,Bahia beach,Banana beach,Kriaritsi beach и упте многу други.

Вурвуру има неколку мали заливи кои можат да бидат мирни дури и во текот на високата сезона. Поради својата голема, плитка и топла вода, песочните плажи се погодни за мали деца. Околу крајбрежјето има природни марини и пристаништа,многу корали и карпи, што е идеално за нуркање.Во негова близина има 9 островчиња кои се идеални за екскурзии и му даваат посебен шарм на местото. Најголем е Диапорос со прекрасни песочни плажи и до него може да се стигне со изнајмување на чамец од Вурвуру.Чамците се доста распространети во понуда бидејќи ги користат многу туристи. Исто така е популарна и лагуната Ливари, која е одвоена од морето со долга песочна плажа Ливари и се наоѓа веднаш зад главната плажа Вурвуру. Местото е добро поврзано со западниот брег, бидејќи главната патека го пресекува полуостровот и брзо доаѓате на запад до Никити (12 км).Во Никити е единствениот супермаркет Лидл во Ситонија со многу разумни цени, како и супермаркетите Галакси и Масутис. Исто така на околу 10км оддалеченост се наоѓа селцето Агиос Николаос каде има полициска станица,болница,аптека и АТМ.

Вила Кaridi Beach apartments се наоѓа во мирен дел, речиси на крајот од селцето Вурвуру,на само 350 метри оддалеченост од најбараната плажа Кaridi Beach. Вилата располага со 1/2+2 апартман и 2/5 дуплекси,кои се направени пред 2 години.Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со кујнски прибор, апарат за кафе, микробранова,електричен бокал за вода, фрижидери и шпорет.Клима (вклучена во цена), тоалет,фен за коса, пешкири,пегла со даска за пеглање, тераса,сопствен паркинг и голем маслинов двор пред самата вила.Наша препорака е да се патува со сопствено возило бидејќи во близина на вилата нема ресторани,маркети и продавници.Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на местото,изолиран од гужви.

Локација: 40°11’18.2″N 23°48’32.2″E

1/2+2 апартман – бр.3 – се наоѓа на трет кат. Апартманот располага со две големи простории. Има голем брачен кревет во спалната соба и голема дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓаат 2 каучи кои не се спуштаат.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години.

1/5 дуплекс – бр.2 – се наоѓа на втор спрат. Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)

1/5 дуплекс – бр.1 – се наоѓа на прв спрат.Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така располага со тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)

Термин

Ноќевања

1/2+2 апп

1/5 дуплекс

03.05

7 ноќи

200 €

250 €

10.05

7 ноќи

230 €

300 €

17.05

7 ноќи

250 €

350 €

24.05

7 ноќи

350 €

400 €

31.05

7 ноќи

199 € last minute

299 € last minute

07.06

7 ноќи

590 €

790 €

14.06

7 ноќи

690 €

890 €

21.06

7 ноќи

790 €

990 €

28.06

7 ноќи

890 €

1090 €

05.07

7 ноќи

990 €

1290 €

12.07

7 ноќи

1190 €

1390 €

19.07

7 ноќи

1290 €

1490 €

26.07

7 ноќи

1290 €

1490 €

02.08

ноќи

1290 €

1490 €

09.08

7 ноќи

1290 €

1490 €

16.08

7 ноќи

1290 €

1490 €

23.08

7 ноќи

1290 €

1490 €

30.08

7 ноќи

1090 €

1290 €

06.09

7 ноќи

790 €

1090 €

13.09

7 ноќи

590 €

890 €

20.09

7 ноќи

490 €

590 €

28.09

7 ноќи

350 €

450 €

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа на лице место.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property ID: 45575
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

June 2026
M T W T F S S
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
July 2026
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x