КЕФАЛОНИЈА Вила ARETI – СКАЛА
Listing Description
КЕФАЛОНИЈА лето 2026: Кефалонија е најголемиот остров на Јонското море и се наоѓа јужно од Лефкада а северно од Закинтос. Островот е претежно планински на запад а со прекрасни плажи на исток. Кефалонија е најелитното Јонско летувалиште со модерни хотели и луксузни вили. Комплетното летно уживање го овозможуваат традиционалните грчки села, винските подруми, таверните и кристалното бистро Јонско море. СКАЛА Најубавиот украс на Скала е истоимената 6 километри долгата плажа со златна боја на песокот. Островјаните ја нарекле плажата “добро чувана тајна“, поради што нејзиното опкружување и уреденост ги остава гостите без здив. Вечерното дружење на плоштадот со фонтани е збогатено со голем број на таверни и кафулиња кои нудат одлична забава.
Вила ARETI – СКАЛА
Атрактивна вила која се наоѓа во мирна улица, споредно од главната, која е поврзана со центарот и плажата. Оддалечена е околу 400 метри од преубавата песочна плажа Скала. Студио 02, 03: просторни, комфорни соби со два стандардни кревети или француски кревет со трет кревет, издвоена кујна ( фрижидер, вграден шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), клима ( со доплата ), купатило-туш/тоалет. Тераса со гарнитура за седење. Апартман 04 го сочинуваат две спални соби со еден француски кревет и два одвоени кревети и има простор за дневен престој со кујнски дел и купатило како во студијата.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ
| Услуга | МАЈ 27 | ЈУН 06 | ЈУН 16 | ЈУН 27 | ЈУЛ 07 | ЈУЛ 18 | ЈУЛ 28 | АВГ 08 | АВГ 18 | АВГ 29 | СЕП 08 | СЕП 19 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на ноќевања | 10 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 |
| Студио 02 приземје по лице | 79 | 159 | 189 | 239 | 249 | 289 | 309 | 289 | 309 | 249 | 189 | 149 |
| Студио 02 по лице | 89 | 159 | 199 | 259 | 269 | 309 | 329 | 309 | 329 | 269 | 199 | 169 |
| Студио 03 по лице | 69 | 119 | 159 | 199 | 209 | 249 | 259 | 249 | 259 | 179 | 159 | 119 |
| Апп 04 по лице | 59 | 99 | 159 | 179 | 189 | 219 | 239 | 219 | 239 | 169 | 149 | 99 |
| Family club* дете од 2-14 год. | 49 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 |
- Прво и второ дете од 2-14 год. плаќаат цена по табелата во придружба со 2 возрасни лица по цена од СТД 02 и користат кревет во Апп 04 или заеднички кревет ( дете до 6 год ) со возрасните лица.
- климата се доплаќа на ден по студио;
ТУРИСТИЧКА ТАКСА
Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2026 године е 2 евра по студио / апартман на ден.
НАПОМЕНА за КЕФАЛОНИЈА лето 2026 Грција
Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
– Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
– Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






