Reset Password

НОВО
Your search results

Лисабон и Порто 23 октомври2026

Со авион, Хотел
Португалија, Шпанија
| 0 Bedrooms|

Listing Description

ПОРТУГАЛИЈА

Земја каде што секоја улица, бран и град носат мирис на историја, морепловство и вечна меланхолија 

Авион – 6 дена / 5 ноќевања

Ден 1 – 21Октомври         СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН

Состанок на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување за Истанбул во 08:45 часот, а слетување во 11:20 часот (локално време). Лет за Лисабон  во 12.25 часот, а слетување во 15.30 часот (локално време). По завршување на царинските формалности, организиран трансфер до хотел. Сместувањe и кратка пауза. Вечерна прошетка на централниот дел на  Лисабон по Авенијата Либердаде. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

Ден 2 – 22Октомври         ЛИСАБОН

Појадок. Ден посветен на Лисабон, еден од најшармантните градови во Европа, познат по својата историја, ридеста архитектура и погледи кон реката Тежу. Градот традиционално е поделен на неколку главни области (квартови), од кои најпознати се Алфама, Баиша, Баиро Алто, Шиаду и Белем – секој со свој уникатен карактер и атмосфера. Алфама е најстариот дел од градот, со тесни улички и автентичен дух, додека Баиша е централниот и најурбан дел со широки булевари и плоштади. Баиро Алто е познат по ноќниот живот, а Шиаду по културата и уметноста, Белем, пак, е историски кварт поврзан со големите португалски откритија. Пешачки разглед: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот плоштад Росио или срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, симболот на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,  Плоштадот Комерцио…. Слободо попладне, препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

Ден 3 – 23 Октомври         Белем – Синтра – Кабо да Рока

Појадок. Целодневен организиран излет, поаѓање од хотел во 09.00 часот. Панорамски разглед на квартот Белем, минувајќи покрај кулата Белем, споменикот на Откритија и манастирот Јеронимос. Посета на најстарата пекара каде се прават оргиналните и на далеку познатите Pastéis de Belém (паштел де белем – традиционални лиснати пити со крем).Патување до Синтра, симпатичен град кој поради пријатната клима во минатото бил летната резиденција на кралското семејство, а истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Пауза за прошетка, кафе, ручек во сопствена режија. Посета на палатата Пена. Историјата на палатата започнала во средниот век кога на врвот на ридот над Синтра била изградена капела посветена на Пресвета Богородица од Пена, земјотресот во Лисабон од 1755 година манастирот го претвора во урнатини, а кралот Фердинанд ги трансформира остатоците од манастирот во палата што ќе служи како летна резиденција на португалското кралско семејство. Палатата е национален споменик и претставува еден од главните изрази на романтизмот од 19 век во светот, дел е од светското наследство на УНЕСКО и едно од седумте чуда на Португалија.  Патувањето продолжува со фото стоп во Кабо де Рока, најзападната точка на континентална Европа, неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Враќање во Лисабон. Слободно попладне, препорачуваме посета на квартот Парк на нациитеНоќевање.

Ден 4 – 24 Октомври         ЛИСАБОН – НАЗАРЕ – АВЕИРО И КОСТА НОВА – ПОРТО

Појадок. Одјвување од хотел  и заминување за Порто со организиран трансфер. Попатна посета и прошетка на две локации. Посета на светки познатото Назаре, крајбрежен град и дестинација за сурфање, сместен во округот Леирија во централна Португалија. Познат по своите масивни атлантски бранови, традиционалното рибарско село, еволуирло во една од водечките светски локации за сурфање на големи бранови.  Посета на Авеиро честопати нарекуван “Португалска Венеција”  поради своите живописни канали низ кои минуваат шарени бродови „молисеиро“. Значаен е по својата мешавина од архитектура во стилот на арт нуво, поморско наследство и солници кои одразуваат векови локална трговија и индустрија. Посета на Коста Нова, крајбрежно село на брегот на Авеиро во централна Португалија, познато по своите шарени пругасти куќи на плажа наречени палеирос. Местото е популарна летна дестинација која ги комбинира традиционалното рибарско наследство со модерниот туризам и привлекува посетители поради своите плажи, морска храна и фотогенична архитектура. Пристигнување во Порто. Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 5 – 25 Октомври         ПОРТО

Појадок. Пешачки разглед на вториот по големина град во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, со поглед кон реката Дуро, црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готски стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос,  Палатата Бурзе е всушност берзата, прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)… Слободно попладне, препорачуваме посета на некој локал покрај океан или пак во вечерните часови посета на винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.

Ден 6 – 26 Октомври       ПОРТО  – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време во Порто за индивидуални пршетки, препорачуваме уживање покрај реката Дуро, полно со кафулиња и ресторани. Трансфер од хотел до аеродромот во Порто, полетување во 16:00 часот, слетување во Скопје на 27.10 во 08.25 часот.

Рана уплата – цена по лице    1099   ( 68.140 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:       1199   ( 74.340 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје – Лисабон х Порто – Скопје со Туркиш, инфо за летот:
TK1004 21OCT  SKPIST  0845 1120
TK1759 21OCT  ISTLIS  1240 1540
TK1452 26OCT  OPOIST  1610 2355
TK1003 27OCT  ISTSKP 0855 0825
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см) и чекиран куфер до 20кг.
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
Трансфер со автобус од Лисабон до Порто
Трансфер со автобус Белем, Синтра, Кабо де Рока
Сместување во хотел FLORIDA 4* во Лисабон  на база 3 ноќевања со појадок
Сместување во хотел Legendary Porto Hotel 3* во Порто  на база 2 ноќевања со појадок
Организиран разглед и посета на сите градови и места по програмата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1860 ден.
Влезница и трансфер за палатата Пена – 35 евра
Карти за јавен превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 18.900 мкд

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 23 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ВИАЏО ТРАВЕЛ.

Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 46366
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

September 2026
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
October 2026
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x