Вила Нидри Порт – Нидри, Лефкада
Listing Description
Лефкада светски прочуен прекрасен остров со едни од напознатите плажи. Начинот на кој овој остров е тесно поврзан со копното преку насип и пловечки мост и дава огромна предност на Лефкада во однос на останатите острови во Јонското море како Кефалонија и Закинтос кога станува збор за патување на овие острови. Оваа тесна поврзаност имала огромно влијание врз животот, историјата и културата во Лефкада, а резултат на тоа е целокупниот спој на култури од соседните острови и регионалното копно. Постојат многу причини кои сигурно ќе го исполнат и разубават вашиот престој во овој прекрасен остров на Јонското Море, и ќе ве натераат да се вљубите во Лефкада. За да го увидите тоа мора задолжително да ја посетите.
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.
Вила Нидри Порт Б кат -Нидри, се наоѓа на самиот брег, во поширокиот центар на одморалиштето Нидри. Вилата се состои од две згради со двор каде што има базен со детски дел, како и лежалки и чадори за сонце на располагање (бесплатно). Нашиот капацитет се наоѓа во блок Б кој што се наоѓа веднаш позади блок А. Вилата се наоѓа покрај море, недалеку од пристаништето и пешачката зона со продавници и таверни. Градската плажа е оддалечена 450 метри. Во непосредна близина на објектот за нашите гости со сопствен превоз има обезбеден паркинг со плаќање (5 еур/ден), како и повеќе супермаркети и ресторани. Објектот е на иделана локација за оние кои сакаат да го имаат живописното Нидри како база за истражување на островот и место од каде започнуваат сите крстарења со брод, а воедно има богата понуда за ноќен живот.
https://maps.app.goo.gl/wYdCmhVzsmkd6T8z5
GPS координати: 38.70387095037614, 20.70841816054002
Вила Нидри Порт Б кат -Нидри
| Лефкада- островот со најубави бои | ||||||
| Нидри-најживописното туристичко место на островот | ||||||
| Продолжен попуст за рана уплата: -10% до 31/03/2026 | ||||||
| За запазување на рана уплата потребно е уплата 30%, | ||||||
| а остатокот спрема табелата за попусти. | ||||||
| Вила Нидри Порт Б кат – Нидри | 1/2 студио | 1/2 + софа | 1/3 студио | 1/2+1 апартман | ||
| Термин/Услуга | 7 ноќи наем | 7 ноќи наем | 7 ноќи наем | 7 ноќи наем | ||
| 27.05-03.06.2026 | 99 | 119 | 129 | 139 | ||
| 03.06-10.06.2026 | 129 | 149 | 169 | 179 | ||
| 10.06.-17.06.2026 | 169 | 189 | 209 | 219 | ||
| 17.06.-24.06.2026 | 249 | 269 | 289 | 299 | ||
| 24.06.-01.07.2026 | 299 | 319 | 329 | 339 | ||
| 01.07.-08.07.2026 | 379 | 399 | 419 | 429 | ||
| 08.07.-15.07.2026 | 399 | 419 | 439 | 449 | ||
| 15.07.-22.07.2026 | 459 | 479 | 509 | 519 | ||
| 22.07-29.07.2026 | 499 | 519 | 559 | 569 | ||
| 29.07-05.08.2026 | 519 | 549 | 589 | 599 | ||
| 05.08.-12.08.2026 | 519 | 549 | 589 | 599 | ||
| 12.08-19.08.2026 | 519 | 549 | 589 | 599 | ||
| 19.08-26.08.2026 | 479 | 499 | 439 | 449 | ||
| 26.08.-02.09.2026 | 399 | 419 | 449 | 459 | ||
| 02.09.-09.09.2026 | 319 | 339 | 359 | 369 | ||
| 09.09.-16.09.2026 | 279 | 299 | 329 | 339 | ||
| 16.09-23.09.2026 | 199 | 229 | 249 | 259 | ||
| 23.09.-30.09.2026 | 169 | 199 | 219 | 229 | ||
| Цените се дадени за наем на студио во Еур за уплата во МКД по курс 62 ден/Еур. | ||||||
| Дозволено е сместување спрема капацитетот на соба (број на кревети) | ||||||
| освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. | ||||||
| Користење на базенот е бесплатно. Климата е со доплата од 7 еур/ден. | ||||||
| Студијата 1/2+софа се опремени со дупли кревет и софа за дете до 12 години. | ||||||
| Студијата 1/2+1 се опремени со дупли кревет и додатен лежај за возрасен. | ||||||
| Апартманите се опремени со спална соба и кујна во која има уште еден кревет на отворање. | ||||||
| За патниците со кола имаат организиран паркинг со доплата во близина (5 еур/ден). | ||||||
| Автобуски превоз возрасни 60 Еур Битола. | ||||||
| Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп. | ||||||
| Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. | ||||||
| За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. | ||||||
| Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. | ||||||
| Попустите не може да се комбинирааат. | ||||||
| Туристичката такса се плаќа на лице место. | ||||||
| Важат Општите услови за патување на СКТМ. | ||||||
Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
02:20 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол Дреново)
03:10 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
Време на заминување од Грција:
(времињата се по GR време)
Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Канали 15.00 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот
Напомена: Заради зголемен обем на сообраќај во сезона, некогаш не е можно да се запазат предвидените времиња на пристигање и поаѓање.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






