Reset Password

Your search results

НОРВЕШКА И ФЈОРДОВИТЕ

Со авион, Хотел
Норвешка и Фјордовите
| 0 Bedrooms|

Listing Description

НОРВЕШКА И ФЈОРДОВИТЕ

  Летото може да биде и море и планина. Доколку досега вака не сте го замислиле вашиот летен одмор, сега е вистинското време да го наполните вашето срце, очи и алмбум со незаборавни спомени… 
Постојат места што не се само дестинации, туку доживување, а Норвешка е токму едно од нив!
Секој регион во Норвешка ви нуди збир на знаменитости и атракции, од Атлантскиот пат на северозапад до Берген на југозапад, а за фјордовите може да се каже дека се авантура зад секој агол.
Во летниот период природа се буди во својата најубава форма, денови се долги и мирни, исполнети со светлина што трае речиси цела ноќ…
Приказната за уникатното искуство во земја на недопрена природа и фјордови кои се протегаат како огледала меѓу високите планини ја продолжуваме во наредните седум дена, почнуваќи од Осло…

03.09             Скопје – Осло

Состанок на група на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување за Осло во 17.20 часот. Слетување во Осло во 20.15часот. Организиран трансфер од аеродром до Осло, сместување во хотел. Ноќевање.

04.09             Осло – Геило

Појадок. Разглед на Осло со локалниот водич (комбинација од пешачење и панорамско разгледување) 2часа: обиколка на норвешката престолнина која минува низ централното подрачје со катедралата, Парламентот, главната улица Карл Јохан, Универзитетот и Кралската палата со прошетка во импресивниот парк Вигеланд со повеќе од 200 неверојатни скулптури. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Геило. Град познат по скијачките центри, панинарски патеки и два прекрасни национални паркови познати по артичките лисици и диви ирваси, како и повеќе езерца и реки. Сместување во хотел. Слободна вечер. Вечера-изборно. Ноќевање.

05.09             Геило – Берген

Појадок. Патување кон Берген со попатни паузи и две локации за посета. Посета на водопадите Ворингфосен. Овие импресивни водопади имат слободен пад од 145 метри и се една од најпосетуваните туристички атракции во Норвешка и веројатно најпознатиот водопад во земјата. Вториот водопад е Стеинсдалсфосен, интересен е бидејќи можеш да поминеш зад водопадот без да се намокриш. Пристигнување во Берген. Прошетка низ централното грдтско подрачје. Уживајте во тесните калдрмести улички, посетеа на отворен рибен пазар (Fisketorget), кратка пауза за ужина (морска храна или локални специјалитети), уживање во атмосферата и поглед кон морето, можност за возење со фуникулар (5–8 мин) за панорамски поглед на градот. Сместување во хотел. Вечера-изборно. Ноќевање.

06.09 Берген – Согнефјорд (Леикангер)

Појадок. Разгледување на Берген со водичградот уште наречен и срцето на фјордовите. Иако е втор по големина град во Норвешка, има атмосфера на мал град, преполн со шарм и урбан карактер. Прошетка низ шарените дрвени куќи, симбол на Берген “The Hanseatic Wharf”, дел од светското наследство на UNESCO и одраз на трговската моќ на градот во минатото, кога Берген бил центар на трговијата меѓу Норвешка и останатите градови во Европа, Bergenhus Fortress, надворешен разглед на една од најстарите тврдини во Норвешка… Поаѓање за Ликингер со стоп во Флам.  Крстарење по Nærøyfjord: започнува од Flåm, бродот ќе го започне своето патување пловејќи низ идиличниот Аурландс фјорд, кој исто така е впишан на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Понатаму, бродот продолжува низ тесниот Nærøyfjord пред да пристигне Гудванген, највнатрешниот фјорд од целиот Нордфјорд. Крстарењето е околу два часа во еден правец, од Флам до Гудванген од каде групата ќе биде превземена со автобус. Патување кон Леикангер, сместување во хотел. Вечера-изборно. Ноќевање.

07.09             Согнефјорд (Леикангер) – Нордфјорд

Појадок. Патување кон Нордфјорд, со попатна посета на глечерот Бриксдал. Опција да пешачите или пак да се изнајми „Тролкар“  (мали електрчини коли, налик на голф количка) во случај да не сакате да пешачите. Патеката е долга 2,5 километри, пешачењето трае околу 30 минути, релативно лесно совладливо со мали наклони. Глечерот Бриксдал е една од најпосетуваните туристички атракции во Норвешка, опкружен со величествени планини и прекрасни водопади. Уживате во спектакуларните пејзажни на планинските водопади, кристално чистите езера и традиционалната архитектура. Патување кон Нортфјорд, сместување во хотел. Вечера. Ноќевање

08.09 Нордфјорд – Молде – Кристијансунд

Појадок. Патување кон портот Геирангерод каде што започнува крстарење по фјордовите од Гејрангер до Хелсилт. Гејрангер фјорд, еден од најпознатите во светот, вистински скапоцен камен, со својата карактеристична форма S. Високите водопади и напуштените планински форми и целиот овој пејзаж на фјордот е вклучен на листата на светското наследство на УНЕСКОПатувањето продолжува кон Кристијансунд преку Молде и автопатот Атлантик. Крајбрежниот Атлантски пат е еден од најсценските за возење во светот, уникатен дел од патот ве води веднаш до работ на океанот, а во 2005 година е прогласен за „Инженерски подвиг на векот“ на Норвешка. Отворете ги сите ваши сетила бидејќи искуството на Atlantic Road ќе ви остави спомени за цел живот. Пристигнување во Кристијансунд, шарениот град, има живописната крајбрежна архитектура,  познат по малиот „воден автобус“ (фери) кој е дел од јавниот превоз и те носи меѓу островите како и по традиционална подготовка на сушена солена риба „ Bacalao“. Сместување во хотел. Вечера-изборно. Ноќевање.

09.09 Кристијансунд – Лилехамер

Појадок. Патување кон Лилехамер со попатни паузи и застанувања (предвидени се две до три паузи во текот на патувањето Dombas, Dovrefjell park, Oppdal). Опдали,  познат како едно од најголемите алпски одморалишта во Норвешка, поминувајќи низ Домбас, главната раскрсница на Норвешка,  каде што се среќаваат патишта, железница и неколку национални паркови. Паркот Доврфел, националниот парк со диви ирваси, планински лисици и елени, еден од најбајковитите планински области во Норвешка. Пристигнување во  Лилехамер, градот домаќин на Зимските олимписки игри 1994 и познатата скокалница Лисгордсбакен. За оние кои се физички спремни предизвикот да се качите до врвот на скокалницата е точно 900 скалила, а видикот е прекрасен. Сместување во хотел. Вечера-изборно. Ноќевање.

10.09 Осло – Скопје

Појадок. Слободно време за истражување на Осло или пак можност за посета на музеитКон-ти-Ки и Фрам. Трансфер до аеродромот во Сандерфјорд. Лет за Скопје во 20.50 часот. Слетување во 23.55часот.

Цена на аранжманот – рана уплата   – 1555 евра  ( 96.410,00 денари)

Редовна цена на аранжманот –  1790 евра  ( 110.980,00 денари )

Во цената е вклучено

Авиобилет на релација Скопје – Осло – Скопје со Визер
Информација за лет
03.09 Skopje – Oslo Sandefjord Torp 17:00 – 20:15 (W6 4705 )
10.09 Oslo Sandefjord Torp – Skopje20:50 – 23:55 (W6 4706 )
10кг. Чекиран багаж по соба (за 2 или 3 лица)
7 ноќевања со појадок во хотели 3/4*
1 ноќевања со појадок во Осло
1 ноќевање со појадок  во Геило ,
1 ноќевање со појадок  во Берген,
1 ноќевање со појадок  во Согнефјорд (Леикангер)
1 ноќевање со појадок во Нордфјорд,
1 ноќевање со појадок  во Кристијансунд ,
1 ноќевање со појадок  во Лилехамер
Две крстарења по фјорд од Флам до Гудванген  и од Гејрангер до Хелсилт
Вклучен превоз и трансфери за цело време на програмата
Разглед на Осло и Берген со локални водичи
Премин со траекти според програмата
Организација на аранжманот, лиценциран водич / пратител за целото патување

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
Доплата за еднокреветна соба – 23.600 денари
6 Вечери во хотел или во локален ресторан 18.600 денари
Влезница за музејот Фрам  – 15 евра по лице
Влезница за музејот КОН ТИКИ  – 10 евра по лице
Трол автомобили Бриксдал  – 35 евра
Патничко – здравствено осигурување

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 22 патници.
Усни и телефонски резервации се невалидни. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 15 дена пред поаѓање.
Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Сите наведени факултативи се остварливи, резервација е задолжителна во агенција За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
За услугата вечера потребно е минимум 10 лица.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ВИАЏО ТРАВЕЛ.

Price Info
Price per night: € 1,555 / 7 Ноќевања
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property ID: 45035
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

June 2026
M T W T F S S
1
€ 1,555
2
€ 1,555
3
€ 1,555
4
€ 1,555
5
€ 1,555
6
€ 1,555
7
€ 1,555
8
€ 1,555
9
€ 1,555
10
€ 1,555
11
€ 1,555
12
€ 1,555
13
€ 1,555
14
€ 1,555
15
€ 1,555
16
€ 1,555
17
€ 1,555
18
€ 1,555
19
€ 1,555
20
€ 1,555
21
€ 1,555
22
€ 1,555
23
€ 1,555
24
€ 1,555
25
€ 1,555
26
€ 1,555
27
€ 1,555
28
€ 1,555
29
€ 1,555
30
€ 1,555
 
July 2026
M T W T F S S
 1
€ 1,555
2
€ 1,555
3
€ 1,555
4
€ 1,555
5
€ 1,555
6
€ 1,555
7
€ 1,555
8
€ 1,555
9
€ 1,555
10
€ 1,555
11
€ 1,555
12
€ 1,555
13
€ 1,555
14
€ 1,555
15
€ 1,555
16
€ 1,555
17
€ 1,555
18
€ 1,555
19
€ 1,555
20
€ 1,555
21
€ 1,555
22
€ 1,555
23
€ 1,555
24
€ 1,555
25
€ 1,555
26
€ 1,555
27
€ 1,555
28
€ 1,555
29
€ 1,555
30
€ 1,555
31
€ 1,555
 
past
today
booked
€ 1,555 / 7 Ноќевања per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 1,555 / 7 Ноќевања per night