Прага за 23-ти Октомври 2026
Listing Description
Прага е главен град и најголем град на Чешката Република сместен во средината на Бохемија на реката Влтава. На градот му беа потребни единаесет века за да го добие изгледот што го знаеме денес. Денес зафаќа површина од 496 квадратни километри и има околу 1 386 000 жители.Чешката престолнина Прага е добитна комбинација на боемската историја, уметничкиот шарм и некои од најдобите пива во светот. Град зрел за урбана авантура, преку мостовите на реката Влтава, најголемиот замок во светот, до меандерот низ калдрмните улици и средновековните плоштади.
Прв ден 23.10.2026 Петок
Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот.Летот е во 10:40 часот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот,слободно време. Враќање во хотел.Ноќевање.
Втор ден 24.10.2026 Сабота
Појадок.После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.
Трет ден 25.10.2026 Недела
Појадок.По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.
Четврти ден 26.10.2026 Понеделник
Појадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром… Полетување кон Скопје во 21:20 часот.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 359 EUR
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 409 EUR
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 359 | 2 € 359 | 3 € 359 | 4 € 359 | 5 € 359 | 6 € 359 |
|
| 7 € 359 | 8 € 359 | 9 € 359 | 10 € 359 | 11 € 359 | 12 € 359 | 13 € 359 |
| 14 € 359 | 15 € 359 | 16 € 359 | 17 € 359 | 18 € 359 | 19 € 359 | 20 € 359 |
| 21 € 359 | 22 € 359 | 23 € 359 | 24 € 359 | 25 € 359 | 26 € 359 | 27 € 359 |
| 28 € 359 | 29 € 359 | 30 € 359 |
||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 359 | 2 € 359 | 3 € 359 | 4 € 359 |
|||
| 5 € 359 | 6 € 359 | 7 € 359 | 8 € 359 | 9 € 359 | 10 € 359 | 11 € 359 |
| 12 € 359 | 13 € 359 | 14 € 359 | 15 € 359 | 16 € 359 | 17 € 359 | 18 € 359 |
| 19 € 359 | 20 € 359 | 21 € 359 | 22 € 359 | 23 € 359 | 24 € 359 | 25 € 359 |
| 26 € 359 | 27 € 359 | 28 € 359 | 29 € 359 | 30 € 359 | 31 € 359 |
|





