Прага во Октомври 09.10.2026 – 12.10.2026 АВИОН
Listing Description
Прага и Карлови Вари – Доживејте ја магијата на Чешка
Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера.
Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.
Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети.
Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција.
Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.
Резервирајте го вашето место навреме и подарете си патување исполнето со убавина, елеганција и незаборавни доживувања.
ПРВ ДЕН (09.10.2026) – ПЕТОК
Состанок на водичот заедно со патниците на аеродромот во Скопје, два часа пред полетувањето.
Летот е во 10:40 h наутро.
По пристигнување на аеродромот во Прага, по завршување на царинска формалност, трансфер до хотелот и сместување.Прошетка до центарот,слободно време. Враќање во хотел.Ноќевање.
ВТОР ДЕН (10.10.2026 ) – САБОТА
Појадок.После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка.Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.
Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација.Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна.Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (11.10.2026) – НЕДЕЛА
Појадок.По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута.
Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи.Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договорено време со водичот се упатуваме кон Прага.Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН ( 12.10.2026 ) – ПОНЕДЕЛНИК
Појадок.По појадокот, прошетка до Прага.
Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром.Полетување кон Скопје во 15:45h.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 359 EUR
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 409 EUR
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 359 | 2 € 359 | 3 € 359 | 4 € 359 | 5 € 359 | 6 € 359 |
|
| 7 € 359 | 8 € 359 | 9 € 359 | 10 € 359 | 11 € 359 | 12 € 359 | 13 € 359 |
| 14 € 359 | 15 € 359 | 16 € 359 | 17 € 359 | 18 € 359 | 19 € 359 | 20 € 359 |
| 21 € 359 | 22 € 359 | 23 € 359 | 24 € 359 | 25 € 359 | 26 € 359 | 27 € 359 |
| 28 € 359 | 29 € 359 | 30 € 359 |
||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 359 | 2 € 359 | 3 € 359 | 4 € 359 |
|||
| 5 € 359 | 6 € 359 | 7 € 359 | 8 € 359 | 9 € 359 | 10 € 359 | 11 € 359 |
| 12 € 359 | 13 € 359 | 14 € 359 | 15 € 359 | 16 € 359 | 17 € 359 | 18 € 359 |
| 19 € 359 | 20 € 359 | 21 € 359 | 22 € 359 | 23 € 359 | 24 € 359 | 25 € 359 |
| 26 € 359 | 27 € 359 | 28 € 359 | 29 € 359 | 30 € 359 | 31 € 359 |
|





