Венеција, Верона и Римини 27.09.2026 – 30.09.2026 АВИОН
Listing Description
Венеција, Верона и Римини
ВЕНЕЦИЈА – Венеција е уникатен и романтичен град изграден врз повеќе од 100 островчиња поврзани со мостови и канали. Тука се наоѓаат величествениот плоштад Свети Марко, базиликата Свети Марко и Дуждевата палата – сведоштва за богатата историја на моќната венецијанска република. Прошетајте по мостот Риалто, уживајте во возење со гондола по Големиот Канал и запознајте го градот на маски, уметност и незаборавна атмосфера.
ВЕРОНА – Верона е еден од најубавите градови во северна Италија, познат по романтичната приказна за Ромео и Јулија. Стариот дел на градот изобилува со античка и ренесансна архитектура, меѓу кои најпозната е Арената во Верона – импресивен римски амфитеатар што и денес се користи за концерти и опери. Прошетајте до Куќата на Јулија, погледнете го познатиот балкон, уживајте на плоштадот Piazza delle Erbe и откријте ја топлината и шармот на овој романтичен град.
РИМИНИ – познато крајбрежно одморалиште на Јадранското Море, омилено по своите долги песочни плажи и живописна атмосфера. Градот има богата историја уште од римско време – тука се наоѓаат Арката на Август, Мостот на Тибериј и живописниот плоштад Cavour. Денес Римини нуди одличен спој на море, забава, гастрономија и култура, што го прави идеална дестинација за опуштање и истражување.
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:00 часот. Полетување за Венеција во 10:25 часот, слетување во 12:10 часот. Поаѓање до Верона со автобус (околу 2 часа). Разглед на главните атракции во Верона: Casa di Giulietta – куќата на Јулија, Arena di Verona – антички римски амфитеатар, Piazza delle Erbe – централниот плоштад со пазар и историски згради, Arche Scaligeri – гробници на моќната династија Скалигери, Via Mazzini – главната шопинг улица, и Torre Lamberti – средновековна кула со панорамски поглед на градот.Трансфер до хотел во околината на Венеција. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на Венеција: Ponte di Rialto – Риалто мост, Palazzo Ducale – Дуждевата палата, и Piazza San Marco со Basilica di San Marco – базиликата Сан Марко, главниот плоштад на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирано поаѓање кон Сан Марино. Разглед на градот: замокот Guaita и тесните средновековни улички. Потоа поаѓање кон Римини. Разглед на главните споменици: Ponte di Tiberio – мостот Тибериј, Arco di Augusto – најстариот римски триумфален лак, Piazza Tre Martiri, Piazza Cavour и стариот пазар. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за шопинг или уживање со италијанско еспресо во центарот на градот. Трансфер до аеродромот Treviso во Венеција. Полетување во 15:20 часот, пристигнување во Скопје во 17:00 часот.
Цена по лице: €419.00 / Вкупно за 2 лица €838.00
-
Вклучено
- Авио билет на релација Скопје – Венеција – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
-
Не е вклучено
- Сè што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Фери брод до Венеција
- Такса за влез во Венеција – се плаќа онлајн на https://cda.ve.it/it . Цената изнесува 6-10 еур. Секој патник мора задолжително да ја плати таксата, по што добива посебен QR код за влез во Венеција
- Предлагаме по 1€ од возрасен на ден за пратителот на групата
-
Напомена
- . Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






