Закинтос – Лето за млади 2026
Listing Description
Закинтос – Лето за млади 2026
Закинтос е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.
1.ДЕН / СКОПЈЕ – ГРЦИЈА:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови (околу 17:00 часот) пред С.Ц Борис Трајковски. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности. Се патува преку ГП Богородица.
(ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОАЃАЊЕ СЕ ДОБИВА 1-2 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕТО)
2 – 7.ДЕН / ЗАКИНТОС:
Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи…. Сместувањето е после 14 часот. Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.
8.ДЕН / ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:
Во утринските часови следува напуштање на сместувањата (во период помеѓу 08:00 и 09:00 часот) и пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на царински формалности… Предвидено пристигнување во Скопје е после полноќ.

Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






