БАРИ 10.10.2026 – 13.10.2026
Listing Description
БАРИ
Бисерот на јужна Италија
10.10.2026 – 13.10.2026
4 дена / 3 ноќевања
Бари – бисерот на јужна Италија
Бари е шармантен медитерански град сместен на брегот на Јадранското Море, познат по својата автентична италијанска атмосфера, тесните улички, прекрасното старо градско јадро и одличната гастрономија.
Градот претставува совршена комбинација од историја, море, култура и јужњачки италијански дух.
Регионот Апулија нуди и неверојатни места како бајковитото Алберобело со уникатните „трули“ куќички, романтичното Полињано а Маре сместено на карпи над морето и магичната Матера – еден од најстарите населени градови во светот и дел од светското наследство на UNESCO.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 399 €
по лице • за првите 8 пријавени
РЕДОВНА ЦЕНА 449 €
по лице
Ден 1 – 10.10. (сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ
Ден 2 – 11.10. (недела) | БАРИ – ПОЛИЊАНО а МАРЕ – АЛБЕРОБЕЛО
Ден 3 – 12.10 (понеделник) | БАРИ – МАТЕРА
Ден 4 – 13.10 (вторник) | БАРИ – СКОПЈЕ
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Авионски билет Скопје – Бари – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Рачен багаж до 10 kg
- Организиран превоз аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3★ во Бари
- Разглед на Бари со локален водич
- Организација на аранжманот
- Претставник од агенцијата
Во цената не е вклучено
- Предлог / дополнителни екскурзии
- Алберобело + Полињано а Маре – 55 € по лице
- Матера – 60 € по лице
- Туристичка такса – 5 € по лице / ноќ
- Патничко осигурување
- Влезници за локалитети
- Задолжително пријавување на една дополнителна екскурзија
Предлог екскурзии
АЛБЕРОБЕЛО + ПОЛИЊАНО А МАРЕ
Во цената на екскурзијата се вклучени:
- организиран превоз
- локален водич
- претставник од агенцијата
Посета на уникатното Алберобело со неговите познати „трули“ куќички и романтичното Полињано а Маре, сместено на карпи над морето.
МАТЕРА
Во цената на екскурзијата се вклучени:
- организиран превоз
- локален водич
- претставник од агенцијата
Посета на еден од најстарите и најнеобичните градови во Италија, познат по својата древна архитектура и статусот на UNESCO светско наследство.
Важна напомена за екскурзиите
Клиентите треба да се изјаснат за дополнителните екскурзии при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од бројот на пријавени патници.
- Минимум 16 пријавени патници за реализација
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 16 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
- За време на панорамскиот разглед не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 399 | 2 € 399 | 3 € 399 | 4 € 399 | 5 € 399 | 6 € 399 |
|
| 7 € 399 | 8 € 399 | 9 € 399 | 10 € 399 | 11 € 399 | 12 € 399 | 13 € 399 |
| 14 € 399 | 15 € 399 | 16 € 399 | 17 € 399 | 18 € 399 | 19 € 399 | 20 € 399 |
| 21 € 399 | 22 € 399 | 23 € 399 | 24 € 399 | 25 € 399 | 26 € 399 | 27 € 399 |
| 28 € 399 | 29 € 399 | 30 € 399 |
||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 399 | 2 € 399 | 3 € 399 | 4 € 399 |
|||
| 5 € 399 | 6 € 399 | 7 € 399 | 8 € 399 | 9 € 399 | 10 € 399 | 11 € 399 |
| 12 € 399 | 13 € 399 | 14 € 399 | 15 € 399 | 16 € 399 | 17 € 399 | 18 € 399 |
| 19 € 399 | 20 € 399 | 21 € 399 | 22 € 399 | 23 € 399 | 24 € 399 | 25 € 399 |
| 26 € 399 | 27 € 399 | 28 € 399 | 29 € 399 | 30 € 399 | 31 € 399 |
|





