Богутовачка Бања НОВА ГОДИНА
Listing Description
Поминете ја Новата година во прекрасната природна околина на Богутовачка Бања, сместена на падините на планината Троглав, на неполни 25 километри од Краљево. Позната по својата лековита минерална вода, чистиот планински воздух и долгогодишната бањска традиција, Богутовачка Бања е идеално место за празничен одмор, релаксација и дружење. Новогодишни празници, добра атмосфера и незаборавно дружење со нас!
ПРЕВОЗ | ПОЛУПАНСИОН | 2 СВЕЧЕНИ ВЕЧЕРИ СО НЕОГРАНИЧЕНИ ПИЈАЛАЦИ | БАЗЕН | ЛЕКОВИТА МИНЕРАЛНА ВОДА
ПРВ ДЕН – 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК)
БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата во Битола во 2:45 мин. Поаѓање кон Скопје во 03:00ч. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот (Користење на базен со лековита минерална вода , рекреативни базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило. Во 20.00 часот почеток на свечената вечера-прослава за Дочек на Новата 2027 Година со музика и неограничени домашни пијалоци! Ноќевање
ВТОР ДЕН – 01.01.2027 (ПЕТОК)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Во 20.00 часот свечена вечера реприза со музика и неограничен домашни пијалоци! Ноќевање
ТРЕТ ДЕН – 02.01.2027 (САБОТА)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО
Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црква Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 03.01.2027 (НЕДЕЛА) – БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА ДО 01.11.2026 – 349€
ПРОМО ЦЕНА ДО 01.12.2026 – 359€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел Минерал 3*, со 3 ноќевања и на располагање базен со лековита минерална вода, рекреативен базен со температура на водата до 28 степени, тепидариум и парно купатило
- 2 ноќевања со појадок и вечера но не регуларна туку новогодишна вечера и реприза на 01.01.2026 со неограничени домашни пијалоци и музика & 1 регуларен полупансион на 02.01
- Сместување во двокреветни соби,
- Посета на Манастирот Жича
- Туристички придружник за време на целото патување
- Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп ,Штип и Охрид
- Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна посета на градот Краљево -10€(доплата на лице место)
- Патничко и здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
- За single соба се доплаќа 45 евра
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање согласно Општите услови за патување.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
- Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување
За овој аранжман важат Општите услови за патување на НАТА и ВИАЏО ТРАВЕЛ
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 349 | 2 € 349 | 3 € 349 | 4 € 349 |
|||
| 5 € 349 | 6 € 349 | 7 € 349 | 8 € 349 | 9 € 349 | 10 € 349 | 11 € 349 |
| 12 € 349 | 13 € 349 | 14 € 349 | 15 € 349 | 16 € 349 | 17 € 349 | 18 € 349 |
| 19 € 349 | 20 € 349 | 21 € 349 | 22 € 349 | 23 € 349 | 24 € 349 | 25 € 349 |
| 26 € 349 | 27 € 349 | 28 € 349 | 29 € 349 | 30 € 349 | 31 € 349 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 349 |
||||||
| 2 € 349 | 3 € 349 | 4 € 349 | 5 € 349 | 6 € 349 | 7 € 349 | 8 € 349 |
| 9 € 349 | 10 € 349 | 11 € 349 | 12 € 349 | 13 € 349 | 14 € 349 | 15 € 349 |
| 16 € 349 | 17 € 349 | 18 € 349 | 19 € 349 | 20 € 349 | 21 € 349 | 22 € 349 |
| 23 € 349 | 24 € 349 | 25 € 349 | 26 € 349 | 27 € 349 | 28 € 349 | 29 € 349 |
| 30 € 349 |
||||||



