ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА СО БЕЛГРАД ЗА 8МИ ДЕКЕМВРИ – БОЖИЌЕН МАРКЕТ 2026
Listing Description
Загреб е град израснат од две населби, на два соседни рида, кои што го сочинуваат јадрото на денешен Загреб и неговиот стар град. Денес, Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќајен и научен центар на Хрватска. Стариот и новиот град се сметаат за споменицина културата, кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век.
Ви нудиме незаборавна прошетка низ прекрасниот Загреб за време на божиќниот пазар.
Термин: 04.12 – 07.12.2026
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ВИНИЦА,КОЧАНИ,ШТИП,ОВЧЕ ПОЛЕ,ВЕЛЕС,СКОПЈЕ,КУМАНОВО.
ПРОМО ЦЕНА: 165евра ( 10 230 ден)
04.12.2026 (петок) Поаѓање во 19.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.
05.12.2026 (сабота) Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно индивидуално време во Загреб. Ноќевање.
06.12.2025. (недела) Појадок. Поаѓање (факултативен излет) за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во Божикниот базар во Загреб индивидуално, празничната магија на градот, голем број на тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање..
07.12.2026. (понеделник) Појадок во раните утрински часови околу 07 часот. После појадокот се одјавуваме. И попатно застануваме Белград- посета на Београд на Води. Слободно време за прошетка покрај Сава и шопинг во ТЦ Galerija. После завршениот разглед се упатуваме во Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Вклучено во цената
- ✓автобуски превоз на дадената релација
- ✓сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Загреб
- ✓придружник на групата
- ✓слободно време Белград на води и ТЦ ГАЛЕРИЈА.
Не е вклучено
- ✕здравствено патничко осигурување (320 ден)
- ✕посета на Љубљана со водич-40 евра
- ✕разглед на Загреб со водич – 20евра ( задолжителна факултатива)
- ✕туристичка такса за сместување во Загреб 5е за двете ноќевања -задолжително
- ✕влезници за културно историските споменици
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Со ова туристичката агенција нема ништо.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.
Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А ВИАЏО ТРАВЕЛ.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 165 | 2 € 165 | 3 € 165 | 4 € 165 |
|||
| 5 € 165 | 6 € 165 | 7 € 165 | 8 € 165 | 9 € 165 | 10 € 165 | 11 € 165 |
| 12 € 165 | 13 € 165 | 14 € 165 | 15 € 165 | 16 € 165 | 17 € 165 | 18 € 165 |
| 19 € 165 | 20 € 165 | 21 € 165 | 22 € 165 | 23 € 165 | 24 € 165 | 25 € 165 |
| 26 € 165 | 27 € 165 | 28 € 165 | 29 € 165 | 30 € 165 | 31 € 165 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 165 |
||||||
| 2 € 165 | 3 € 165 | 4 € 165 | 5 € 165 | 6 € 165 | 7 € 165 | 8 € 165 |
| 9 € 165 | 10 € 165 | 11 € 165 | 12 € 165 | 13 € 165 | 14 € 165 | 15 € 165 |
| 16 € 165 | 17 € 165 | 18 € 165 | 19 € 165 | 20 € 165 | 21 € 165 | 22 € 165 |
| 23 € 165 | 24 € 165 | 25 € 165 | 26 € 165 | 27 € 165 | 28 € 165 | 29 € 165 |
| 30 € 165 |
||||||



