ИСТАНБУЛ 22.10- 26.10.2026
Listing Description
Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 22 октомври 2026 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
Термин: 22 октомври 2026 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 22.10 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип – Велес – Неготино – Скопје – Гевгелија во попладневните часови во однапред договорено место и време. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните два дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција. Се патува преку Грција.
2ден / 23.10 (петок) ИСТАНБУЛ (Европски разглед | Балат | Капали Чаршија| Плоштад Султан Ахмед)
Пристигнување во Истанбул. Со локален водич го започнуваме со задолжителниот разглед на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксарај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ”Златниот Рог” кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела. Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба. Исто така овде се наоѓа и Вселенската Патријаршија, старата Грчка гимназија и Железната црква која е градена од македонски мајстори и овде е закопан Партеније Зоографски. Вселенската Патријаршија: Највисоката духовна власт на Православната црква во светот. Основана уште во 4 век, Патријаршијата е седиште на Вселенскиот патријарх – духовниот лидер на над 300 милиони православни христијани. Во нејзиниот комплекс се наоѓа црквата „Св. Георгиј“, каде се чуваат свети мошти и древни икони. По завршување со разгледот се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е попладне. По добивање на собите во договореното време групата има можност за пешачка тура со локален водич до Капали чаршија, а потоа се продолжува и до Хиподромот каде се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија, Топкапи и многу други културно историски споменици. По завршување на пешачкиот разглед со локалниот водич се остава групата за слободни активности и индивидуален разглед. Хиподромот. Во вид на потковица, кој некогаш служел за коњски трки, а денес е познат како плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа истоимената Џамија денес позната како Сината Џамија. Сината Џамија. Можност за индивидуална посета (чија карактеристика е тоа што е единствената џамија со 6 минариња на сино-зелените кристали и мермерни камчиња по кои што го добила и името Сината). Аја Софија. Можност за индивидуална посета (најпрво изградена како црква на Светата мудрост во време на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвора во џамија за покасно да биде прогласена за музеј, а денес повторно е активна џамија). Ноќевање.
3ден / 24.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Азиски Истанбул | Чамлиџа | Кадиќој)
Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативата – Крстарење по Босфорот + Азиски дел на Истанбул. Крстарење по Босфорот. Прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфор каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортаќој, куќите на познати турски глумци, политичари и бизнисмени (многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии…). Бејлербеи. Минијатурна Долмабахче која служела како летна резиденција на султанот каде се одржувале забави за гостите. Исто така е место на многу рибни ресторани и локација каде се снимени голем број од турските филмови. Џамијата Чамлиџа – Симболот на современ Истанбул: Највисоката точка на градот со поглед што одзема здив! Најголемата џамија во Турција (собира до 63.000 верници), комбинација од османлиска традиција и модерен стил спроведена од архитектката Мерием Уста. Во комплексот има музеј, библиотека, изложби и огромен паркинг. Од нејзините дворови се гледа целиот Истанбул – од Златниот Рог до Принцевските острови! Кадиќој. Кадиќој е прекрасна облас во азискиот дел на Истанбул на анадолската страна кое е посебно омилено на локалното население затоа што тука може да вкусите прекрасна храна најдобрата пица во Истанбул. Областа изобилува со мали кафиќи, продавници раздвижен дел на Истанбул каде се наоѓаат големи станбени објекти посебно популарна е да се посети улицата Bahriye. Враќање кон хотелот. Слободни активности. Ноќно крстарење на Босфорот – факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот од каде се гледа прекрасната палата Долма Бахче и Џамијата Ортакуј, придружено со традиционални турски танци, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохол, три вида мени по избор. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4ден / 25.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Таксим | Улица Истаклал | Шопинг центар Форум) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Таксим – плоштадот до кој се пристигнува поминувајќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај. Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време групата се упатува кон шопинг центарот ”ФОРУМ” во чија близина се наоѓа и Декатлон. Слободно време за шопинг и ручек. Попладнето поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден / 26.10 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во утрински часови (во зависност од гужвите на границите).
Промо цена: 119€ / 7.380мкд
Еднокреветна соба: 3.000мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- – 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул (областа Лалели или Аксарај);
- – Вклучен пешачки разглед со локален водич до Капали чаршија и Хиподромот (Аја Софија, Сината Џамија…);
- – Посета на шопинг центар ФОРУМ;
- – лиценциран туристички придружник;
- – организација и реализација на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса за целиот престој: 5€ по лице (задолжително, се плаќа во агенцијата).
- Здравствено патничко осигурување (задолжително)
- Доплата за еднокреветна соба: 3.000 денари.
- Доплата за дополнително седиште: 100€.
- Доплата за избор на конкретно седиште во двата правци: 15€.
- Задолжителен пакет „Европски Истанбул“ и дополнителни факултативни излети.
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ – ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ: 25€ (СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ)
– Панорамски разглед на Европскиот дел;
– Балат – прв ден;
– Вселенска Патријаршија – прв ден.
– Плоштадот Таксим – трет ден.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: 60€ (СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ)
– крстарење со брод по Босфор (90 мин. дневно крстарење по Босфор;
– посета на Бејлербеи;
– посета на Кадиќој;
– посета на Џамлича Џамија.
НОЌНО КРСТАРЕЊЕ НА БОСФОРОТ: 50€
Три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, три вида мени по избор, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохолен пијалок по избор.
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 5 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.
– Патувањето е од туристички карактер, задолжително треба да се избере еден од понудените пакети!
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 119 | 2 € 119 | 3 € 119 | 4 € 119 |
|||
| 5 € 119 | 6 € 119 | 7 € 119 | 8 € 119 | 9 € 119 | 10 € 119 | 11 € 119 |
| 12 € 119 | 13 € 119 | 14 € 119 | 15 € 119 | 16 € 119 | 17 € 119 | 18 € 119 |
| 19 € 119 | 20 € 119 | 21 € 119 | 22 € 119 | 23 € 119 | 24 € 119 | 25 € 119 |
| 26 € 119 | 27 € 119 | 28 € 119 | 29 € 119 | 30 € 119 | 31 € 119 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 119 |
||||||
| 2 € 119 | 3 € 119 | 4 € 119 | 5 € 119 | 6 € 119 | 7 € 119 | 8 € 119 |
| 9 € 119 | 10 € 119 | 11 € 119 | 12 € 119 | 13 € 119 | 14 € 119 | 15 € 119 |
| 16 € 119 | 17 € 119 | 18 € 119 | 19 € 119 | 20 € 119 | 21 € 119 | 22 € 119 |
| 23 € 119 | 24 € 119 | 25 € 119 | 26 € 119 | 27 € 119 | 28 € 119 | 29 € 119 |
| 30 € 119 |
||||||




