Трст и Љубљана 08.10.2026 – 11.10.2026 АВИОН
Listing Description
Трст, Љубљана, Блед, Ријека, Пула
ТРСТ – Елегантен јадрански град со Piazza Unità d’Italia и замокот Мирамаре. Уникатна мешавина од италијанска и австриска култура, познат и по своето кафе. Град кој плени со романтика и погледи кон морето.
ЉУБЉАНА – Главниот град на Словенија плени со Змејовиот мост, шармантните улици и средновековната тврдина над реката Љубљаница. Град со космополитски дух и богата историја.
РИЈЕКА – Најголемото пристаниште во Хрватска, познато по Корзо и старите театри. Впечатлив град со културна традиција и жива атмосфера на Јадранот.
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Љубљана во 11:50 часот, слетување во 13:20 часот. Организиран трансфер со автобус и панорамски разглед на градот: Ljubljana Castle – средновековен замок со панорамски поглед, Dragon Bridge – симболичен мост со змејеви скулптури, Prešeren Square – главниот плоштад, пешачката зона и историските улици. Факултативно: влез во замокот Љубљана. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Блед (околу 1 час), познато алпско одморалиште со живописно езеро. Слободно време за прошетки покрај езерото или факултативна пловидба со традиционално бродче до островчето. Во попладневните часови поаѓање кон Ријека (околу 2,5 часа). Панорамски разглед на градот: Korzo – главната пешачка улица, Gradski Toranj – препознатлив симбол на градот, и Teatro Fenice – историски културен објект. Слободно време за вечера (факултативно). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирано поаѓање кон Пула (околу 1 час и 30 минути). Панорамски разглед на градот: Arena di Pola – еден од најдобро зачуваните римски амфитеатри, Forum – централниот плоштад од римско време, Tempio di Augusto – храм посветен на императорот Август, и Porto antico – старото градско пристаниште. Факултативно: влез во Arena di Pola и Tempio di Augusto. Во попладневните часови поаѓање кон Трст (околу 2 часа). Разглед на градот: Piazza Unità d’Italia – главниот плоштад на градот, Teatro Romano – остатоци од римски театар, Castello di Miramare – романтична палата покрај морето, и Canal Grande – живописен канал во центарот на градот. Факултативно: влез во Castello di Miramare или Teatro Romano. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок.. Трансфер до аеродромот во Љубљана. Полетување во 08:20 часот, пристигнување во Скопје во 09:50 часот.
Цена по лице: €399.00 / Вкупно за 2 лица : €798.00
-
Вклучено
- Авио билет на релација Скопје – Љубљана – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
Не е вклучено
-
- Сè што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
-
Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | |||||
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||






