Reset Password

НОВО
Your search results

БУДИМПЕШТА-БОЖИЌЕН МАРКЕТ АВИОН

Со авион, Хотел
Унгарија
| 0 Bedrooms|

Listing Description

Убавицата на Дунав – БУДИМПЕШТА

 

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

Будимпешта, главниот град на Унгарија, сместен на бреговите на реката Дунав, е еден од најубавите и најелегантни градови во Европа. Познат по својата импресивна архитектура, историските мостови и богатата културна сцена, таа со право ја носи титулата „Бисер на Дунав“.

Градот е прочуен и по своите термални бањи, пријатни кафулиња и живописни улици, каде што минатото хармонично се спојува со современиот начин на живот. Будимпешта нуди совршена комбинација од култура, историја, забава и релаксација, поради што се вбројува меѓу најпосакуваните туристички дестинации во Европа.

04 декември (петок)                               СКОПЈЕ – СЕНТ АНДРЕА – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:45 часот. Полетување за Будимпешта со авиокомпанијата Wizz Air во 07:55 и слетување во 09:20 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер и комбинирано панорамско и пешачко разгледување на Будимпешта со локален туристички водич. Ќе се видат: Плоштадот на хероите и Милениумскиот споменик, Операта, авенијата Андраши, улиците Ваци и Ракочи, Парламентот, базиликата „Свети Стефан“, мостовите на Дунав што ги поврзуваат Будим и Пешта, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Свети Матијас“ и Рибарската тврдина. Потоа следува посета на живописното гратче Сент Андреа, сместено на брегот на Дунав и познато како „градот на уметниците“. Ќе може да се ужива во шармантната барокна архитектура, тесните калдрмисани улички, бројните галерии, музеи и занаетчиски продавници. Предвидено е слободно време за прошетка низ старото градско јадро, разгледување на локалните уметнички дела и запознавање со автентичната унгарска атмосфера.

Враќање во Будимпешта и сместување во хотел. Во вечерните часови ќе може да се прошета низ празнично украсениот град и да се посетат божиќните базари. Илјадниците светилки, мирисот на цимет и варено вино, традиционалните унгарски специјалитети и празничната музика создаваат вистинска зимска бајка. Ноќевање.

05 декември (сабота)                              БУДИМПЕШТА

Појадок. Предвидено е слободно време за шопинг по познатата улица Ваци, прошетка низ центарот на градот и уживање во празничната атмосфера. Ќе може да се дегустираат традиционални унгарски специјалитети, како солен или сладок лангош, гулаш и унгарска штрудла. Како дополнителна можност се препорачува посета на трговскиот центар Campona и на познатиот Тропикариум и Океанариум. На површина од околу 3.000 квадратни метри ќе може да се видат многубројни видови водни животни, егзотични птици и други тропски видови. Посебна атракција е стаклениот тунел долг 12 метри, низ кој одблизу ќе може да се набљудуваат ајкулите што пливаат околу посетителите. Во текот на денот ќе може да се посетат волшебните божиќни базари во срцето на Будимпешта и да се почувствува нивната празнична магија. Ќе се прошета меѓу шарените дрвени куќички, ќе се ужива во мирисот на варено вино и цимет и ќе може да се пробаат традиционални специјалитети и да се изберат уникатни рачно изработени подароци. Илјадниците светилки, прекрасните декорации и празничната музика ќе создадат незаборавни празнични спомени. Ноќевање.

06 декемврии (недела)                           БУДИМПЕШТА

Појадок. Можност за посета на Зоолошката и ботаничката градина во Будимпешта, една од најстарите зоолошки градини во светот. Ќе може да се види богата збирка од повеќе од илјада животински видови, вклучувајќи ретки и егзотични животни, како и разновиден растителен свет.

Се препорачува и посета на термалната бања „ Szechenyi “, една од најголемите и најпознатите бањи во Европа. Во внатрешните и надворешните базени, термалните води, сауните и парните простории ќе може да се ужива во одмор и релаксација. Во вечерните часови е предвидена можност за факултативно крстарење по Дунав. Пловејќи под прекрасните мостови и покрај осветлените градски знаменитости, Будимпешта ќе може да се доживее во нејзиното најромантично издание.

Ноќевање.

07 декември (понеделник)                   БУДИМПЕШТА –СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Будимпешта. Полетување за Скопје во 10:10 и слетување во 11:35 часот.

 

Цена за уплати до 31.10:                 399 евра (24.740 мкд)

Цена на аранжманот:                                          449 евра  (27.840 мкд)

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Авионски превоз на релација Скопје – Будимпешта – Скопје;

·         Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром;

·         Сместување во хотел Expo Tower 4* во Будимпешта, на база три ноќевања со појадок;

·         Рачен багаж – една торба до 10 kg, со димензии 40 × 30 × 20 cm;

·         Организиран комбиниран панорамски и пешачки разглед на Будимпешта со локален туристички водич;

·         Посета на гратчето Сент Андреа;

·         Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Туристичка такса – 620 денари – се плаќа во агенцијата;

·         -Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање);

·         Крстарење со брод по Дунав – 25 евра – се плаќа во агенцијата;

·         Целодневна влезница за термалната бања „ Szechenyi “ – 40 евра. Влезницата овозможува користење на базените, сауните и парните бањи и се купува на лице место;

·         Влезница за Тропикариумот – околу 15 евра – се купува на лице место;

·         Влезница за Зоолошката градина – околу 15 евра – се купува на лице место;

·         Патничко-здравствено осигурување;

·         Доплата за еднокреветна соба – 7.500 денари.

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Та ВИАЏО ТРАВЕЛ.

Price Info
Price per night: € 379
Address
Country: Macedonia, The Former Yugoslav Republic of
Details
Property Status: НОВО
Property ID: 48211
Features
Amenities
Air Conditioner
Fax
Internet
Kitchen
Phone (booth/lines)
Satellite channels
Smoke Detectors
Washer
Wireless Internet
Bed and bath
Essentials
Hair dryer
Hangers
Facilities
Breakfast
Elevator in Building
Family/Kid Friendly
Free Parking on Premises
Hot Tub
Non Smoking
Paddle Board
Pets Allowed
Snorkeling
Suitable for Events
Wheelchair Accessible
Interior Details
Equipped Kitchen
Gym
Laundry
Media Room
Outdoor Details
Back yard
balcony
Basketball court
Front yard
Garage Attached
Garden
Hot Bath
Pool
Utilities
Central Air
Electricity
Heating
Natural Gas
Ventilation
Water
Other Features
Chair Accessible
Dishwasher
Garden or backyard
Smoke detector
Smoking Allowed
TV
WiFi
Terms and Conditions
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

October 2026
M T W T F S S
 1
€ 379
2
€ 379
3
€ 379
4
€ 379
5
€ 379
6
€ 379
7
€ 379
8
€ 379
9
€ 379
10
€ 379
11
€ 379
12
€ 379
13
€ 379
14
€ 379
15
€ 379
16
€ 379
17
€ 379
18
€ 379
19
€ 379
20
€ 379
21
€ 379
22
€ 379
23
€ 379
24
€ 379
25
€ 379
26
€ 379
27
€ 379
28
€ 379
29
€ 379
30
€ 379
31
€ 379
 
November 2026
M T W T F S S
 1
€ 379
2
€ 379
3
€ 379
4
€ 379
5
€ 379
6
€ 379
7
€ 379
8
€ 379
9
€ 379
10
€ 379
11
€ 379
12
€ 379
13
€ 379
14
€ 379
15
€ 379
16
€ 379
17
€ 379
18
€ 379
19
€ 379
20
€ 379
21
€ 379
22
€ 379
23
€ 379
24
€ 379
25
€ 379
26
€ 379
27
€ 379
28
€ 379
29
€ 379
30
€ 379
 
past
today
booked
€ 379 per night
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • За нас

    Ви стоиме на располагање за разни автобуски и авионски патувања, летувања, зимувања и индивидуални аранжмани, креирани според вашите желби и потреби.

    Дозволете за вас да се погрижи вашиот личен туристички консултант.

    ВИАЏО ТРАВЕЛ – ШТИП
    Далиборка Прошева

Далиборка Прошева

Далиборка има повеќе од 20 години искуство во туризмот, работејќи со европски и светски дестинации и градејќи препознатлив пристап кон клиентите и организацијата на патувања. Нејзината комуникативност, професионалност и посветеност кон секој клиент ја издвојуваат како вистински експерт во областа на туризмот.

Во текот на својата кариера соработувала со различни типови на клиенти – домашни и странски туристи, компании, групни патувања, како и индивидуални патници кои бараат уникатно и квалитетно искуство.

Без разлика дали станува збор за викенд патување, летен одмор, егзотична дестинација или луксузен аранжман, Далиборка е секогаш тука да помогне со професионален совет и целосна организација. Благодарение на долгогодишното искуство во туризмот и угостителството, таа точно знае што значи врвна услуга и задоволен клиент.

See Owner Profile
Contact Owner
x
€ 379 per night