КАВАЛА 8 ДЕКЕМВРИ
Listing Description
Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови на Егејското Море. Сместен покрај брегот, градот плени со својата автентична атмосфера, прекрасните морски пејзажи и богатата историја. За време на божиќните празници, Кавала добива посебна празнична магија. Секоја година, во централното пристаниште се поставува и украсува традиционален мал брод, кој претставува еден од препознатливите симболи на празничната атмосфера во градот.
Ден 1: 05.12.2026 (сабота)
- Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Краток разглед на градот. Се посетува стариот град, аквадуктите, тврдината… Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна вечера во ресторан во Кавала. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 2: 06.12.2026 (недела)
- По појадокот се упатуваме на факултативна посета на градот Драма каде групата ќе има можност да го посети едно од најпознатите Божиќни села во Грција. Слободно време за индивидуални активности и можност да се пробаат божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп). Во договорено време враќање назад во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 3: 07.12.2026 (понеделник)
- Појадок, по појадокот се упатуваме во центарот на Солун. Слободно време (2 часа) за индивидуални активности. Во попладневните часови и во договореното време тргнуваме назад кон Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 4* (https://www.vassilicoshospitality.com/galaxy-hotel )
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер од Битола, Прилеп Дреново – 10 евра по лице
- Посета на Драма и Божиќниот маркет – 20 евра
- Задолжителна туристичка такса 10 евра по лице се плаќа во автобус кај водичот
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето со С. Македонија.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Виаџо Травел
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 139 | 2 € 139 | 3 € 139 | 4 € 139 |
|||
| 5 € 139 | 6 € 139 | 7 € 139 | 8 € 139 | 9 € 139 | 10 € 139 | 11 € 139 |
| 12 € 139 | 13 € 139 | 14 € 139 | 15 € 139 | 16 € 139 | 17 € 139 | 18 € 139 |
| 19 € 139 | 20 € 139 | 21 € 139 | 22 € 139 | 23 € 139 | 24 € 139 | 25 € 139 |
| 26 € 139 | 27 € 139 | 28 € 139 | 29 € 139 | 30 € 139 | 31 € 139 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 139 |
||||||
| 2 € 139 | 3 € 139 | 4 € 139 | 5 € 139 | 6 € 139 | 7 € 139 | 8 € 139 |
| 9 € 139 | 10 € 139 | 11 € 139 | 12 € 139 | 13 € 139 | 14 € 139 | 15 € 139 |
| 16 € 139 | 17 € 139 | 18 € 139 | 19 € 139 | 20 € 139 | 21 € 139 | 22 € 139 |
| 23 € 139 | 24 € 139 | 25 € 139 | 26 € 139 | 27 € 139 | 28 € 139 | 29 € 139 |
| 30 € 139 |
||||||



