Прага 11.12 – 14.12.2026
Listing Description
Прага – градот на стоте кули
Прага е еден од најубавите и најромантичните европски градови, познат по својата богата историја, прекрасна архитектура и магична атмосфера.
Градот плени со калдрмисаните улици, готските катедрали, старите мостови, живописните плоштади и прекрасните градби кои создаваат уникатна атмосфера.
Меѓу најпознатите знаменитости се Карловиот мост, Прашкиот замок, Астрономскиот часовник – Орлој и Стариот град.
Прага е идеална дестинација за прошетки, историја, традиционална чешка гастрономија и незаборавно европско патување.
Ден 1
1 ден (11.12.2026 петок ) Скопје- Прага
Ден 2
2 ден (12.12.2026 сабота) Прага
Ден 3
3 ден (13.12.2026 недела ) Прага – Карлови Вари
Ден 4
4 ден (14.12.2026 понеделник ) Прага – Скопје
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Лет Скопје – Прага – Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба до 8 kg
- Димензии на торба: 40 × 30 × 20 cm
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- Сместување во Hotel Ilf 3★
- 3 ноќевања на услуга BB – појадок
- Разглед на Прага со локален водич
- Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
- Организација на аранжманот
- Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса: 4 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
- Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 50 €
- Крстарење по Влтава – 20 €
- Патничко осигурување
- Билети за јавен превоз
- Задолжително пријавување на една дополнителна екскурзија
Дополнителни екскурзии
КАРЛОВИ ВАРИ 50 €
Факултативна посета на најпознатиот бањски центар во Чешка.
Во цената е вклучен организиран трансфер.
Можност за прошетка низ градот, посета на познатите топли извори и слободно време за индивидуални активности.
КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА 20 €
Вечерно крстарење по реката Влтава со можност да ја доживеете Прага од поинаква перспектива и да уживате во вечерната панорама на градот.
Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
- минимум 16 пријавени патници
- достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
Патни документи
За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Општи напомени
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
- За време на панорамскиот разглед на градот не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
Availability
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 379 | 2 € 379 | 3 € 379 | 4 € 379 |
|||
| 5 € 379 | 6 € 379 | 7 € 379 | 8 € 379 | 9 € 379 | 10 € 379 | 11 € 379 |
| 12 € 379 | 13 € 379 | 14 € 379 | 15 € 379 | 16 € 379 | 17 € 379 | 18 € 379 |
| 19 € 379 | 20 € 379 | 21 € 379 | 22 € 379 | 23 € 379 | 24 € 379 | 25 € 379 |
| 26 € 379 | 27 € 379 | 28 € 379 | 29 € 379 | 30 € 379 | 31 € 379 |
|
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 € 379 |
||||||
| 2 € 379 | 3 € 379 | 4 € 379 | 5 € 379 | 6 € 379 | 7 € 379 | 8 € 379 |
| 9 € 379 | 10 € 379 | 11 € 379 | 12 € 379 | 13 € 379 | 14 € 379 | 15 € 379 |
| 16 € 379 | 17 € 379 | 18 € 379 | 19 € 379 | 20 € 379 | 21 € 379 | 22 € 379 |
| 23 € 379 | 24 € 379 | 25 € 379 | 26 € 379 | 27 € 379 | 28 € 379 | 29 € 379 |
| 30 € 379 |
||||||




